Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. biolog1982

    biolog1982 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Шампоните се по 250 мл, 99 денари.
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Денес бев до Дм, се изнакупив козметика за малку пари. Си купив од Алверде маската и Балеа маска/млеко за коса,две моливчиња за очи ,бело и тиркизно од She,гел за туширање од лимон,лосион од бадем и крема за стапала од нане. Ептен се израдував што најдов миризлива свеќа за помалку пари од обично. Ептен е убава со мирис на манго ,многу свежо мириса.
     
  3. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    121
    Денес и јас бев во ДМ маркетот и си го купив фамозниот лосион за тело од смоква и чоколадо и навистина многу убаво мириса :))))
     
  4. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Го има ли некоја користено шампонот за суво миење на Балеа да ми каже свое искуство од него??? :) Јас не сум задоволна ич, нема никаков ефект од тоа што го пишува како упатство, никакви бели траги на косата не остава ниту пак ја одмрсува :D
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Одвратен, потрчав да го купам одма, ко да е последен на светот. |(
    Без никаков ефект, косата - тестеста, како да си ја потурила со брашно, на изглед комси-комса, на допир - лајно, ефект нула, мирис - издржлив, ама ништо посебно... не би го купила, ниту го препорачувам.
    Не само овој, општо такви глупости за суво миење...каков мит, се знае миена коса како изгледа и каква е на допир. Нема споредба со вакви глупости за замаскирање. :^)
     
    На nice.girl9090 и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  6. s.T.e.F.i

    s.T.e.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Женски
    Да прашам како сте задоволни од овој производ? Ја штити косата од топлина или? :^)
     

    Прикачени фајлови:

  7. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Јас вчера бев во ДМ, си земав некои работи од кои и лосионот за тело што го фалевте од цреша и бадем , Навистина убаво мириса, но мирисот не трае и многу брзо се упива и ја суши кожата, Сакав само да споменам дека не е за некои со сува кожа како јас :)
     
  8. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    јас го купив пред некој ден, за топлина не знам, ама вака добро е убава ми ја праи косата, и не ми се прави како буф од влагата надвор. А и многу убаво мириса на праски ммммм :inlove:
     
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Си го купив фамозниот лосион за тело со мирис на смоква и макарунс.И тоа последниот ! :D

    Ептен,ептен,преубаво мириса :inlove:
     
  10. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Па нормално косата не може да биде како миена, и да ја одмрси (освен миење на истата друг начин не постои за убава и чиста коса). Можеби нашиот превод на средствово е лошо “шампон за суво миење“, јас ја сфаќам неговата намена како за маскирање на масната коса во ИТНИ случаи, кога не може да се измие истата.. јас го користам еве 2-3 пати и добро е, не ни очекував дека ќе биде налик на измиена и “лепршава“ коса, можеби затоа не сум разочарана :) можеби зависи и од самата коса, што знам... :?:
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Леле а јас баш на интернет гледав видеа за вакви шампони и сите ги фалат, а и на форумов имам читано дека се задоволни, па во план ми беше да го земам следен пат.

    Ти да не не си знаела како да го користиш? :lol: Ко што сум гледала за некои вакви шампони се шприца, па ти остава бел прав на косата, чекаш минута-две да се впие мрсното, па го дуваш правот со фен.

    Инаку до сега што сум ставала „во прав“ на косата е она едно прашкасто за волумен, ама не сум задоволна ич.
     
  12. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Да ве прашам, овие лосиониве што ги купувате (со смоква и чоколадо, со бадем и цреша итн.) дали ја сушат кожата, дали убаво се впиваат и дали одговараат на сува кожа?

    Гледам ги фалите дека убави се и дека мирисаат убаво, па си реков да земам и јас да пробам. Мене ми е сува кожата, па не сакам да ми ја доисушат, затоа прашувам, да знам дали да си купам :)
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angelina1

    angelina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    26
    За лосионите еден совет,јас имам два од нив,тој што е со бадем и марула орев е за сува кожа,содржи 40% масло,а другиот што го имам е од смоква и чоколадо,тој е за нормална кожа и искрено не ми се допадна,па дури ни мирисот,јас сакам слаткасти мириси,благи ама овој не ми се допаѓа,воопшто не ја хидратира кожата додека другиот да,ама пак не се впива брзо,како останува на кожата,можеби мојата не е многу сува па затоа,совет за многу сува кожа тој со бадем и марула орев.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    :?:
    Ме стави во мисла. Го следев упатството и тоа е тоа, и претходно мајка ми има користено вакви сваштарии, постапката е таа.
    Значи текстурата на овој шампон за суво миење - е како дезодоранс спреј, само со многу пудра (така некако замислете си го).
    Треба доообро да се протресе пред употреба. Косата се расчешлува убаво, се фаќа прамен по прамен (јас фаќав покрупни парчиња, мојата коса и онака не е нешто бујна), и се прска на оддалеченост од 15-20 цм, во коренот и мааалку на прамените, до половина да речеме.
    И така ја напрскав, се угушив од облаче спреј, оставив да се впие едно 10тина минути. Натапкав со пешкир, остатокот го издував со фен, обликував малку со крупна четка, онака нежно, да се замаскира де.

    И нула.
    Можеби и до мојата коса е, не велам не. :(
    Па и на изглед не е ништо екстра, ваквите спрејови го губат сјајот на косата и ви викам - личев како баба од 70 во косата, нефарбана половина век.
    Плус, моето косиче го мијам и обликувам за 8 минути, ова ми одзема дупло повеќе. :D

    Можеби откако ќе се отспие со чудово, подобро ќе изгледа косата... :^) да пробам и така, не ми е ни до половина шишето.
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Е баш истото сакав да го прокоментирам. Нели една од целите е да заштедиш повеќе време? :^)
    Ова мене ми изгледа како многу маткање.
    За помалку време и ќе ја измиеш убаво со вистински шампон и вода, ќе ја исушиш и ќе и направиш невестинска фризура. :D
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Се на се одзема 2 минути :) а и тешко зимава дека ќе може да ја миеш секој ден (и не можеш одма да излезеш од дома со тазе измиена глава пред работа во 7.30 часот) :devil: проклета масна коса... затоа и ми е ок мене чудово, и да напоменам секогаш собрана ја носам косата кога го ставам, само колку да не се приметува толку дека е масна.. и не ни користам фен, само пешкир, ја бришам, собирам и тоа е тоа...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Колку пари се лаковите од S.HE ? Досега немав приметено... :?:

    Благодарам однапред :)
     
  19. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    129 денари мислам, има мнооогу убави нијанси, баш вчера ги гледав :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што не им одговара на сите, мене ми се наоѓа многу спрејчево/шампон, како што кажав не ни очекувам да ми ја направи косата како миена, но за итно излегување ми помага да ја намали мрснотијата... пробајте девојки уште некој пат, може ќе му текне на спрејов да се оправи :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.