Јас сум ептен природна плавуша Мишелке, значи на мене делува многу убаво, јас ја имам баш она беби плава боја, иако на слика баш и не изгледа така, но на сонце од него многу убаво ми свети косата, зборам за Блонд во златно тубиче, не за овој во жолто, мислам дека оној во златно е повеќе за природни плавуши додека овој во жолто е за фарбани повеќе.
Јас ја имав кремата за миење, и некако не ми се погоди.Нит ми се намалија акните, нит црнките, иако ги немам многу.Пишува дека го чисти лицето, и е за нечисто лице ама пак...чим моево не го среди баш, нема ни нечистото.
Шампонот го користам месец - два, а пред некој ден ги купив регенераторот и спрејот. Малку е рано за впечатоци бидејќи само еднаш ги имам употребено сите 3, ама како за прв пат беше супер
Тогаш да ги набавам Не се скапи воопшто.. Тоа ми се допаѓа кај овие производи што за цената што ја имаат, нудат одличен квалитет!
Ја имате ли пробано сината колекција за акни и митесери ? Има гел,пилинг,дневна и ноќна крема,влажни марамчиња..(со салицилна киселина и цинк) .Баш сакам да ја пробам па ако има некој искуство со некој од овие производи нека предложи нешто
Мал шопинг во ДМ,пред една недела.Еве збор,два за производите што ги купив. Маска за лице со цинк и бела глина.За чистење на лицето,со матирачки ефект.Јас сум многу задоволна,од маската.Без мириси е,многу е нежна и лицето после нејзиното користење е многу меко,чисто и нежно.Ми се допадна. Крем за миење лице,ол Алверде со кал.Лицето малку ми се исфрли,а причината сеуште не ми е јасна,најверојатно климатски промени,прашина Од овој крем за миење на лице кој е и против бубулички сум презадоволна.Многу убаво го чисти лицето,го прави меко,не го суши,не се појавуваат нови бубулички.Купив мало пакување,а ќе си купам и големо.Презадоволна! После кремот од Алверде за миење,лицето го дочистував со овој тоник за лице исто против бубулички.Има пријатен мирис,убаво чисти,ги суши бубуличките и спречува појава на нови. Презадоволна сум од производите на Алверде и Балеа за лице.Јас имав одлични резултати и си го доведов во нормала лицето за една недела. Последен производ е маска за коса за сјај и исправување на косата. Сеуште ја немам пробано,за да кажам како сум задоволна.Кога ќе ја пробам ќе пишам импресии
Јас бев пред некој ден во ДМ во Сити Мол и неможев да не купам нешто, па еве ке го споделам моето искуство со производите Сакав да прашам дали некој го видел гелот за туширање од смоква и макаронс? јас не видов Шампонов е преубав, дефинитивно, а и не е скап Го купив и део спрејот со смоква и макаронс, леле мирисот е ммммммммм да го изедам, А исто земав и гел за туширање од Berries ме привлече амбалажата и само позитивни коментари до сеа....
[ Последен производ е маска за коса за сјај и исправување на косата. Сеуште ја немам пробано,за да кажам како сум задоволна.Кога ќе ја пробам ќе пишам импресии [/quote] Јас имам вакво за исправување ,само на оваа пишива горе место SOS ,3x Glanz и е триминутно пакување за интензивна нега .Одлично си ја врши работата прекрасно е и има некој нежен прекрасеен мирис
Аххх...колку ми е криво што не влегов денеска во ДМ маркет но тоа е кога си со ограничено време... ДМ маркет те молам дојди побрзо и во Прилеп ))):
Вчера бев во ДМ во ГТЦ и си зедов Балеа липбалм Perlglanz и дезодоранс-антиперспирант, исто од Балеа. Првово го зедов 80 денари, а дезодорансов 175 денари. И пријатно сум изненадена баш од дезодорансот, многу трае и убаво мириса. Браво.
Јас пред две недели си ги купив овие... И мирисот ми е преубав, абе не можам да му се изнамирисам! Толку благо, свежичко, абе милина. И го мириснав и тој што го фалите со чоколада и смоква, и во истиот момент ми се споврати. Толку одвратен и силен мирис во животов немам осетено.
дали се хидратантни лосиониве од балеа? сакам да си купам ама не само поради мирисот,него и за нега на кожата. Инаку сум пре пре пре задоловолна од балсамот за усни (балеа) со уреа што е...90 денари-одличен производ.
Јас денес бев во ДМ и си го купив серумот за коса ( конечно ) и мноогу убаво ми мириса, ќе видиме за ефект, и си купив маска за лице од Балеа, баш сега само што ја извадив и лицето ми е многу убаво мекичкио
Ги имам овие 2 гела за туширање, кои се ПРЕКРАСНИ, преубаво мирисаат. :up: Го земав и дезадорансот од кокос, ама многу тежок мирис ми има, ми се лоши од него. own: Кремата за тело од кокос исто, нема баш некој убав мирис на кокос, ама ја прави кожата многу мека. Лосионот за тело од чоколадо и смоква.Убаво мириса, ама за брзо време ми станува одвратен.Кожата не ја прави нешто посебно, ама ајт, за 99 денари супер е. Исто и маслен лосион за тело од црна рибизла.За оние со сува и многу сува кожа би бил ОДЛИЧЕН, меѓутоа за оние со нормална не баш.Се мачкам, и му треба повеќе време да упие, а бидејќи е маслен кожата ми е помрсна дур упие, нормално, а јас не се чувствувам пријатно така.Преубаво мириса.125 денари. Крема за миење лице од кал мислам беше.Пишува дека е за нечиста кожа и кожа со акни, ама мене не ми помогна скоро ич. own:
Дали некој можи да ми каже колку нијанси има од таа минералната пудра во прав од Алверде? 2 или 3 се?
Не сум била одамна во ДМ ,па да прашам тие што биле скоро да ли ги има уште лосионите и дезодорансот од смоква и чоколадо?! Молам за одговор, ми требаат уште залихи