Имаа Баш прееска бев до ДМ кај Малага, имаше и од лосионите, геловите за туширање и дезодорансите од таа линија (така полни им беа полиците)
И јас да не останам покусо, си го земав (или ми го земаа ) долгоспоменуваниот лосион за тело, од смокви и чоколадо, мјами. Не бев седната на гз од мирисот од прва, ама кога ќе подиспари е тамански, дури на мед и млеко кремата за тело што ја имам, ми мава. Тоа со бадем и цреша ми беше грозно, ептен на нос ми мавна. Имате за залихи во ДМ во Сити Мол, во ГТЦ никако не можев да ги начекам, дали јас се погодував во такво време, не знам.
Е денес богами се погрижив за моите пети - стапала. Прво купив камен-сунгер за пети на Балеа... ама тој за интензивен педикир-необично е што е црна боја околу 65,00 денари е.И навистина е многу ефикасен се натопува прво со вода и се поминуваат петите..јас поефикасно нешто за отстранување на здебелената кожа на петите не сум користела. Како крема за нега на стапалата ја земав оваа со шеа путер и витамини и супер е..сега откако ја нанесов .. чувстувам некоја леснотија во нозете. И како за крај на паметниот шопингот ја купив кремава за нега на лице ..која е баш за сега за овој студ 5-ка. Двапати ставив од неа , и навистина кожата на лицето не ми е како вчера собрана и истрауматизирана..иако шетав попладнево по ладново
Мене овие смоква,чоколадо,цреши Спојлер ми се толку одвратни,што ми се слоши кога ги мириснав.И јас едвај чекав да излезат,баш прашував и на темава пред околу месец дали ги има,но многу ме разочара мирисот,тежок,чуден,тужен никаков own: Инаку пак јас со маските за лице на Балеа,овој пат со оваа.Убава е,за хидратација и еластичност на лицето е.Како и предходните маски така и оваа,мене ми се допадна НО мирисот и е многу лош,јак.Тоа ми е единствена замерка. И имам едно прашање,дали ја имате пробано маскава за коса убава ли е?
Крема за раце со маслионово масло и пантенол, околу 90 денари беше. Мене ми е повеќе од супер. Не ми пукаат рацете од ладното, хидрира убаво, ептен ми ги прави меки и нежни рацете и плус има убав нежен мирис.
Јас го купив каменот за пети на Балеа, црниот, 65 денари, што го препорачала Мадона. Ау! Многу добар! Само што се избањав, петите ги триев, и моиве пети се прилично деликатни, ама ова чудо некое е, веднаш ми се измазнија и не ми беа суви по употребата... Читав нешто отпозади на кутичето, нешто со катран или јаглен било внатре, не дочитав баш, го фрлив. Првпат да видам парчиња кожа на каменот и лупевчиња, а не само да верглам на празно и во круг и да нема резултат. Сега се намачкав со крем и си облеков чарапчиња, ми изгледа дека утре ќе можам да галам луѓе со петите. Ама за 65 денари каменчево вреди, многу вреди. И мислам дека ова најмалку една година може да се користи.
Иако си ја имам погодено кремата за лице, ме јадеше црвот да пробам некоја од Балеа или Алверде. Имам комбинирана кожа и некако оваа најмногу ми привлече внимание, особено цитрусниот мирис што секогаш додава плус поени кога бирам некој производ. Искрено не ме воодушеви, ама не е ни тотална утка. Најверојатно ќе ја користам уште некое време,додека да набавам друга. На изглед лицето не светнува цел ден, ама на допир приметувам дека не ми одговара баш, како да осеќам некоја минимална маснотија. Во секој случај убаво мириса и добро се покажа како подлога за пудра. Цената и е смешна во однос на некои други креми за лице, некаде околу 140-150 денари. Сепак нареден пат ќе ја пробам кремата на Алверде со кал, како козметика за нијанса ми делува поквалитетно, особено кога станува збор за препарати за лице.
Јас го имав купено летово и го користев, ама дали бре без осет триев и тоа секој ден .. па после тоа друг проблем.. многу ми станаа рапави петите, мислиш на нива работела оваа и така сега е во мирување каменов за пети.. затоа мој совет немојте секој ден, секое бањање.. инаку многу е ефикасен и мислам беше со јаглен...
јас денеска си го земав шампонов па ќе видиме резултати само не знам која е разликата со другиот шампон
Абе да можев, со 20 производи ќе излезев од ДМ, ама добро е што си купив барем едно Подочњациве секогаш ме нервирале, па си реков ајде да го пробам ова можеби ќе има ефект (вечер ќе го пробам). Некој случајно да не го зел па има мислење?
Кога плаќав кај касата забележав едни мали тубички пишуваше прва помош за оштетена коса, на Балеа беа кафени исти како силиконските капки. Ги има некој користено да пише искуство?
Имам пишувано наназад во темава за производов Мене ми се допаѓа, го користам некаде околу месец и половина и сосема ми е ок. Убаво ја освежува областа околу очите и забележувам дека темните кругови не ми се веќе темни Најсериозно, како да ми ги осветли (значи зборувам за редовно користење секое утро пред да се нашминкам и секоја вечер откако ќе ја извадам шминката). И плус не се троши брзо, зошто по малку се става. Убаво се размачкува, па мала количина е сосема доволна за целата област околу очите. Е сега, кога не сум наспана, ништо не помага против подочниците, да не се лажеме, па ни ова. Ама од досегашното користење задоволна сум и би си го купила пак
иако секој производ од првото миење нема некои драстични промени ама шампонов пријатно ме изненади преубав сјај дава на косата на светло и сонце свети како свила мека нежна шампонов сеа за сеа е одличен за плавуши
Го има ли некој пробано Алверде регенераторот од истата линија како фамозната маска? Треба да си купам козметики за коса па не знам дали да го земам, ме мрзи да ја чекам маскава 5 минути сакам да имам се завршено кога ќе излезам од капење без да се враќам да ја мијам маската За овој зборувам