99 денари, исто е и регенераторот, одлични се Овој е за фарбани и природни плавуши, ама баш она плавуши а другиот е за сите нијанси на природни плавуши.
Ејнџл, каков е шампонот - проѕирен, погуст ? И да не ја мрси дополнително косата, мојата и онака станува троа мрсничка за кратко време. И да ве прашам, кој е подобар - овој погоре постираниот или овој другиов ? Спојлер Да не ми е многу јак, во смисол да има многу хемикалии за третирана коса овој за фарбани ? Тоа ме секира мене.
Епа ако ти е фарбана тешко дека ќе ти се мрси, ама не, не се мрси лесно ни од првиот ни од вториот косата. Последен пат знам дека ја оставив косата една недела, не ми се измрси и дури и кога ја миев уште ми мирисаше на шампонот. Сега сум во фаза да ги дотрошам сите кои ги имам па да купам Алпецин против првут, нема друго чаре
Aj бе пратете ми по Дедо Санта еден ваков шампон, ќе си плачам што немам од кај да го купам ДМ бе, читате или не, ајде заангажирајте се малце повеќе и по внатрешноста
Ејнџл, ако ти е за првут, земи си Реконазол - 120 денари е во ЕуроФарм и веднаш се осеќаат резултати. Јас се миев со него месец дена (на секое второ миење ставав) и сега престанав да го користам, а првут немам. Одличен е. :up: Да се вратам на темата. Не сум фарбана, природна плавушка сум и си порачав да ми го земат тој другиот за нефарбани русокоси, па да видиме.
Jaс го земав на Алверде против првут и супер е, презадоволна сум. Како што ми беше косата уништена од Лореал Елсеве мене Алверде ме спаси од чешање и првут. Читав на интернет споредби и Алверде е за класа подобра и поквалитетна колекција од Белеа. Плус е природна. Пробајте ги шампоните, јас сум презадоволна. Али реално поскапи се и помали паковања се. А зошто да се враќаш да ја измиеш? Ако сакаш чувај 5 минути ако сакаш 1 минута нека ти стои на косата. Маската е појака и поубава за косата. Јас искрено не знам зошто се произведуваат регенераторите кога маската е 100 пати подобра опција. Јас искрено си мијам прво коса со шампонче, ставам маска и таа стои додека си ставам гел на телото. Потоа се мијам. Некогаш тоа се 2 минути (ако ми студи нали ), некогаш 5 па и повеќе. Така да ако те мрзи да чекаш нека ти стои маската и 1 минута пак е подобра од регенераторот.
Јас од тој во златно тубиче сум презадоволна. А за првутот мене не ми помага Реконазолот, имам себореа, се миев со катранот и сега ми помина тоа ама имам многу првут кој никако не ми излегува. Не знам што да правам веќе, никогаш не сум имала волку проблеми со коса
^ малку офф... Чим се работи за себореја треба мног да внимаваш на шампоните и на нивните состојки,поготово овие што содржат се и сешто! И секако на исхраната,ако имаш некој во Хрватска нека ти донесе Sensibio DS медицински шампон кој е наменет за себореа.И да не должам себореата не се лекува само се третира. Се надевам малку ти помогнав
Па, не знам дали само јас си замислувам, ама поубава ми е косава кога ќе ја оставам маската подолго од 5 минути, а толку време немам за чекање под туш, плус ладно е Затоа си мислев да земам регенератор, сигурно ќе биде скратено времето за отстојување. Ќе пробам со регенераторов, кога веќе никој не пишува искуство ајде јас ќе се жртвувам ќе пробам
СЕ сложувам дека е преубав,баш сега го пишав во друга тема.Поубаво нешто досега немам мириснато и да трае така,дури и алиштата ми мирисаа после на него Ако можам ќе си купам уште А ич не се скапи иначе :up:
Морам да споделам дека воопшто не сум задоволна од средството за отстранување шминка околу очите на Балеа. Не је ја отстранува шминката како што треба и ми дава некое непријатно чувство околу очите, можеби и не ми одговара. Поради средствово последниов период избегнувам да се шминкам. Морам да се вратам на Нивеа, нема споредба.
јас си купив спрејче за обликување на локни и брановита коса се мислев пола саат што да одберам за да не ми се двои влакното, како був да изгледам на секое излегување од дома гледав било што дали да е шампон или спреј и си го одбрав спрејчето што не се одмива и да ви кажам дека е перфектно за косата да ви стои на место без да ви изгледа раштркана и разлетана BRAVO кој има таков проблем со косата слободно нека си го купи спрејчево нема да зажали ,јас се извинувам што не успеав да најдам слика
Го купив црниот камен за отстранување на задебелена кожа што го препорачавте и сум презадоволна, си го најдов решението конечно Купив и од S.HE карминчињава, земав едно светкаво за преку ден го ставам врз лабело и многу убаво излегува и еден виолетов, не ми се допаѓа што не е многу пигментиран, како сјај да сум ставила а не кармин, но за тие пари (105 ден, на попуст) ќе си заврши работа Спојлер не можев слика да најдам од тие што ги купив, но еве чисто да видите какви се
Епа вака, јас сега ќе ти кажам како да не чекаш. Треба значи малку порационално да си го распределиш времето и активностите при туширање Спојлер Прво кога ќе влезеш под туш ќе ја измиеш косата со шампон, па ќе ја исплакниш, па ќе ставиш маска. И додека ти стои маската на коса, си го триеш телото, отстрануваш несакани влакненца и слично. На крај следи одмивање на маската и телото. И готово. А ако ја миеш само косата без туширање, и 1 минута ќе заврши работа Инаку во ДМ е на попуст Буржоа хелти миксот 635 ден, акцијата трае до 20ти.