А да не има некој онака хуман да ми ја прати маската на алверде по пошта ... Уште малку имам а ако одам за Скопје тоа ќе биде само за нејзиното височество - фамозната маска .. I can't live without her .. Не озбилно, ја користам веќе 3 месеци а ставам на секое миење иако знам дека не треба да се става на секое, а со оглед на тоа дека ја мијам косата на секој втори ден , па и добро издржа, кога го видов пакувањето си реков, па тука ќе имам само за 10 миења .. Туку, имаат ли алверде, балеа некој коректор ? Да ми препорачате.. ако одам успат да си земам и такво нешто
^Имаат Алверде само коректори, Балеа немаат декоративна козметика, ама пробав и да ти кажам како и пудрите така и коректорите како кремче се, не се воопшто приметни. Иначе има попуст на сите шампони и маски што се во Дм, дал биле Балеа, дал Лореал, дал Алверде, дал Нивеа, се е со 20% попуст. Си се опремив со шампони и маски. Си купив пред 2 месеци Балеа лабело, првично мислев супер е исто ко росал, ама ист е сјајот првите 3 минути, после ништо не останува, не го препорачувам. Си се вратив на Росал убаво 10 години тоа си го користам и тие се на попуст во ДМ. И цела колекција на SHE е на попуст и си земав коректор. Ми изгледаше ок, и вака дома го пробав и првиот впечаток ми е супер. Арно ама малку нијансата сум ја утнала, не е страшно. Јас стварно немам поима каква е таа колекција She, али имаат убави и лакови и карминчиња, моливчињата исто фино ми се видоа, ќе видам сеа и со коректорот. А цените се ептен проступачни.
Итно ми треба помош, дали некоја од вас го има видено Balea Best Age Elixier за коса во ДМ? тој е како во розевка туба со златно капаче со кофеин и кератин, 30мл, и е против опаѓање на коса? поззззззз
Jaс пред малце со сторив со првиот шопинг од продавницава иако на секое поминување низ град влагам во нејзе. Си го купив коректоров на Аура за 135ден и сум задоволна сега за сега.Убаво легнува на подочњак,го покрива а и има повеке нијанси да си одбереш која ти е најпогодена. Спојлер Исто си купив на Балеа гел за лице 3во 1 ,као пилинг,гел за чистење шминка а и можело да се користи како маска.Се нашљапав одма и ми се допадна како ми го освежи лицето а и многу убаво мириса.Иначе е со некаква си овошна киселина и е 165ден Спојлер Ваква е тубата само на нејзе пишува 3во1 Си земав и кармин еден од Еssence 155ден како и на сите други места. На крај си земав и маска за коса Лореал бидејки само таа ја користам и мислам дека беше 228ден што за разлика од Веро е поефтина.
Би требало да е околу 100 ден. , а за мирисот да премногу трае,само има малце јак,тежок мирис некако. Го има во варијанта и како мало дезодорансче од 50мл за во ташна е супер компактно.
вчера се подновив со овој лосион за тело за сува кожа со арагоново масло и шеа путер преубаво мириса и многу добро упива...500мл 175денари...
Ми ги поклонија. Преубаво мирисаат Сега сакам да ја купам и фамозната маска и плус некој шампон и онака со секоја сметка добиваш 20% попуст
Маскава ја земав случајно, додека барав други тракатанци низ ДМ. Како што бев измрзната и кожава ми делуваше како да сум остарела 10 години, морав да се подновам со нешто да ми ја ревитализира. Содржи екстракт од смоква, масло од кајсија и шеа путер и главно е наменета за нега на кожа во зимски денови. Поделена е на две, ама мене многу ми се виде количината од едната половина, па вториот пат ќе ја поделам со мајка ми. На Афродита маските мене искрено повеќе ми одговараат, но и оваа не е воопшто лоша, одлично си ја заврши работата. Лицето си го осеќав освежено, хидрирано и меко. Сигурно со наредниод третман ќе даде и подобри резултати. Наредна на листа ми е таа од бела глина.
А како 20 % попуст на секоја сметка? Има нешто како распродажба или со некоја картичка или ... Дај појасни ми. Не ми е успат па дали да одам
Cо секоја сметка даваат купон за 20 % попуст. Kупоните важат од утре до 31 март. Dенес е последен ден на давање купони.
Јас пред некоја недела купив сјај кој се вика level up-volumizing gloss и навистина сум презадоволна!Ги има црвени,розеникави,бордо, но јас си купив со неутрална боја која влече малце на розе.
Гледам дека сите ги фалите овие производи па ме интересира за каква кожа се , јас имам мрсна кожа па дали мене би ми одговарале ? Ова на сликата е крема за тело и купка?
Убави се и преубаво мирисаат, башка и мирисот им трае долго. Тиодговараат на твојата кожа. Кремава не е за тие со сува кожа што се
На Аура имаш многу убави, околу 500че се, за руменила и 2 за шминкање, преубави се сестра ми ги има и ги користи веќе 3-4 години, во торбиче се и се заштитени од упропастување, јас се канам да си ги купам истите.