Да ми препорачате некој лосион или тоник за чистење на сува кожа сакам некој таков појак да ја извади сета нечистотија
Јас го користам витамискиот, оној во зелено тубиче. Извесен период поинтензивно се шминкам, тоа интензивно мене секој ден ми, не дека повеќе шминка ставам нешто, нема врска. Паралелно некако почнав редовно да ги користам следниве производи: Балеа овошниот пилинг/гел за миење, Балеа крема за заштита од ладно, Гарние ББ кремот и Арт Деко коректорот, лицето буквално ми свети на една недела пред добивање, за чудо Многу сум задоволна!
Јас купив пред извесно време Balea Young и покрај тоа што не сум веќе толку young Имам комбинирана кожа и долги години користев Нивеа за конечно сега да сменам малку. Ми се допаѓа мирисот на гелов, кожата ја прави нежна после миење и не ми го суши лицето. Генерално сум задоволна и наредно пак би земала исто. Практично пакување, добар производ и уште подобра цена.
Да си кажам јас дека купив лосион/тоник на Биотен за сува кожа, 165 денари Го исчистив лицето и сега ми е меко, чисто и миризливо
Ова е гелот, фантазија, кога се туширам цела се мијам со него, деколте, рамена, гради, се Ова е кремата, за навечер е измислена, насабајле лицето не ми е ко на старица суво, па супер ми доаѓа, не ни ставам под ББ кремот пошто е прилично мрсничко и тоа Ова е ББ кремот, веќе го знаете ама кога почнав да продолжам И на крај коректорот на кој му нема рамен ниеден, се покрива и помага во повлекување на лузни ми се чини откако почнав да го користам многу побргу ми се повлекуваат лузните од стискани црнки
Шампон на Балеа за волумен Одличен. За тие 100-тина денари, навистина ја прави косата убава, ја подигнува, полесно се обликува при фенирање, но не ја спласнува, како што ми прават другите шампони. Проѕирен е, без силикон и има неверојатно свеж мирис. Би го купила пак. И пакување е ептен практично, мераци. Крем за стапала на Балеа По правило, бидејќи има екстракт од црвена винова лоза, би требало да ги негува и загрева студените стапала, кои ми се вечен проблем. За нега потврдувам, убава структура има кремата, нежен мирис, веднаш се впива, остава пријатно чувство. За загревање не баш, можеби дека претходно имам користено една на Зиаја од Бјути Шоп за истата намена од диви костени и таа беше ненормално добра, мислиш ќе ти експлодираат стапалата од топлина. Ова е послабо, но сепак пријатно. Онака, за парите арно. Каменот за пети на Балеа со сулфур е неверојатен. За 65 ден. добивате одличен пилинг и нежни и меки стапалца. Кремот за раце на Балеа од камилица За овој немам замерки. Лесен, веднаш се впива, не остава мрсно и негува. Има мирис на камилица, ама нежен, на нешто одамна заборавено и чисто. Има мирис на детство.
Дечки имате инфо дали утре ќе работи ДМ, поточно не тој во Сити Мол, туку ГТЦ? Бидејќи Водици се води за неработен ден. А мене итно ми е потребна залиха од маската на Алверде
Јас денес земав производ на Балеа, од невен, прв пат земам од овие производи, па ќе видам како ќе биде.Гледам тука, скоро сите сте задоволни од производиве.Ова што го земав, убаво мириса се надевам нема да се разочарам од Балеава
Маскава е многу добра, ако имаш расцветани врвови е екстра, како да се изразам ги маскира да не игледа косата како метла и прави да не се познаваат. Ја прави многу мазна косата и лесна за расчешлување.
Презадоволна сум од геловите всушност се и најдобри гелови кои сум ги користела. Кој и да го земеш нема да погрешиш.
Колекцијава премногу ми одговара, и многу добро го чисти лицето Иначе имам комбинирана кожа (Т зона стандард), после миење ми е сува, а после некое време мрсна. Е сега, со овој крем и овој лосион - ептен ми е изедначена кожата, и многу долго време ми држи мат изглед. Мислам и дека црнките од носот ми ги исчисти Ептен препорачувам!
И јас планирам да си ја купам колекцијава деновиве, ама никако да најдам време да отидам до ДМ. Те молам кажи ми од што се се состои целата колекција - има гел за миење на лице, лосион и крема? Или има уште нешто?
Мене козметиката на Alverde ми е откритие. Дефинитивно најдоброто нешто што сум го користела за моето лице. Почнувајќи од пилингот со бисер, лосионот од морски алги и кремот од сончоглед и маслинки - кожата ми е сјајна, чиста и мазна. Кратко време ги користам, ама дефинитивно ќе се дружам со нив подолг период. Само ќе треба за лето да најдам соодветен крем, оти овој со сончоглед и маслинки е помрсен и не е за високи температури. Колекцијата што ја спомна Моира погоре - не ми одговара, зедов мало лосионче само за проба, на почетокот ми беше супер, после лицето ми се нафрли. Не знам дали беше од лосионот или од нешто друго, ама прекинав да го користам. Сега сум на овие три погоре спомнати и не планирам да ги менувам.
Гледам на нет дека има крема, гел за миење, тоник и Пилинг крема, ама јас последнава не ја имам во мојата колекција, така да не сум сигурна дали ја имаме ние во МК Следниот пат, ако ја начекам - обавезно и неа ја земам. п.с. Така е Анатх, секоја кожа е приказна за себе, во основа затоа и напишав каква имам јас, за ако некој приближно се најде во мојот опис и сака да ја проба, да знае дали да очекува нешто. Мада, и тоа не е гаранција, така да само проба ќе ги реши дилемите, како кај тебе А дефинитивно и мене Алверде ми е откритие, и тоа не само за препаративната, туку и за декоративната козметика, која ептен, ама ептен ми одговара, и мислам дека прв пат лицето ми „дише“ иако нашминкано. Кога влегувам во ДМ, Алверде делот ми е рајот