1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    7.873
    Ако сте фанови на геловите за туширање со убав мирис, пробајте го, сега го зедов и е прекрасен
    [​IMG]
    Баш ме зачудивте со коментарите, цените и празните полици. Не сум била во продавницата во Скопје, ама се очекуваа повисоки цени исто како што ќе биде и во новиот трговски.
    Мене овде ми е најпријатно и најевтино таму да си пазарам, видов дека и пудрата ми е поевтина таму.
    Плус денес овде имаше распродажба на Alverde и S-he производи, коректори, балзами, пудри, сенки, маскари на кои рокот им беше до септември/октомври.
    Овa e Duo Highlighter Stift го зедов за помалце од 30денари.
    [​IMG]
     
    На LittlePinky и AlanisM им се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Што се однесува до цените и јас сум малку разочарана бидејќи ми се повисоки за разлика од Словенија и Хрватска, искрено повеќе ми се исплати таму да пазарувам отколку во нашиот ДМ, а за празните полици не се секрајте ќе го наполнат и повеќе ќе носат, јас ја прашав продавачката уште на отворањето рече дека тоа е за почеток, во иднина ќе носат многу повеќе, во Хрв и Сло е веќе цели 15 години и нормално е да има повеќе а исто така и во соседството е одамна дојден.
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Doozy ако мислиш на спреј за заштита при фенирање и пеглање, тогаш мислам дека си купила погрешен.
    И јас барав таков и го купив овој. Не е ништо посебно, некако косата ја прави сува и леплива. Ама шта је ту је. Го купив и ќе го трошам.
    [​IMG]
    Потполно се согласувам. Сите ги помириснав и овој ме "освои". Мириса прекрасно, интензивно и трае. Башка после туширање цел стан ми мириса на гуава :D
    Ги купив и овие дезодоранси. Првиот е поубав и посвеж, овошен, а вториот ми мириса на кокос и какао. Убави се.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Абе луѓево се слушнале - недослушнале. |(

    Вчера,при мојата посета на ДМ во трговски,слушнав две госпоѓи како разговараат и при тоа едната и вика на другата - За разлика од ДМ на пример во Германија,тука е многу скапо,ужас!Еве ова спрејчево од Глис и тука е 220 а и во Тинексот кај мене е исто.
    Па нормално бе жено дека е исто,од истиот добавувач ги земаат,цените од Германија можеме само да ги споредуваме на Балеа и Алверде,другото си е стандарт.А и тоа не можеме,бидејки е друго да купуваш во земјата кај што е произведен производот,друго е илјадници километри на југ,во само што отворен маркет.

    Јас прв пат кога влегов,што да видам,мелем за очи..Не знаев каде прво да погледнам.
    Единствено,замерка имам што ги немаат наредено полиците последниве денови кај што стојат производите на Балеа и Алверде.

    Јас си земав само две работи и тоа двете од Балеа и беа со солиден квалитет.
    Особено гелчево за секојдневно миење на лице - Balea young - Soft & Care
    [​IMG]
    Пишува дека е за секаков тип кожа,но би рекла дека е за комбинирана до мрсна,нормалната кожа малце би ја исушило,а за сува да не зборуваме.Убаво го чисти лицето,после него ми е прилично мекичко.Мирисот е тооооолку освежувачки,ептен погоден за лето. :)
    Дефинитивно би го купила пак,заедно со кремчето :)

    И регенератор за коса
    [​IMG]
    Прекрасно мириса,на колачиња,само што не си ја врши основната функција - не ја отплеткува баш косата,ниту пак е помека.Единствено може,малку повеќе сјај дава :)
    Не би го купила пак,можеби сега ќе пробам од линијата Алверде,многу повеќе се фалени него ли Балеа.


    Лосионите и путерите за тело се врв,па уште кога ќе им ја видам цената,фантазија :inlove:

    И,ефтини се производите за сончање,особено ми падна во око еден лосион за после сончање со светки,со мирис на кокос :inlove: Морам да го имам летово :)
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Да се надоврзам за производите за соначење, имено лани го купив ова млеко за сончање со бетакаротен, [​IMG] во Хрв го купив 240 денари, а тука истиот е 160 денари искрено го препорачувам на сите со потемен тен и тен кој не гори, многу бргу се поцрнува, нежно мириса, баш на морковче, а згора на тоа се добива преубава боја.
    Јас сум презадоволна еве гледам уште имам убав тен, значи се задржува подолго време. ;)
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    6.435
    Видов во ДМ спреј за тело од Фрутини заедно со балсам за усни од капини ли беше, незнам, половина беше бел, а половина виолетов. Спрејов беше од Lychee&Vanilla. Е сега, се мислев дал да го земам, дали не и накрај не го земав а цената беше 220 денари така да добар е спрејов, убаво мириса за да не бидат залудно потрошени парите?
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Бев на почетокот, купив 2-3 работи и сум задоволна.
    Очекував дека цените нема да се како во Германија или кај соседите, секогаш е така, нормално дека нема споредба со цените во Германија, таму си е домашен производ и тоа е тоа.
    Оди да те видам купи си Бекутан во Хрватска или смоки Стоби Флипс во Австралија.

    Мислам, ај да не претеруваме.
    Барем тие производи на Балеа беа пристапни.
    Шампоните и регенераторите живо џабе, имаше шампони од 500 мл, за 90 ден. кои сосем коректно си ја вршат работата.
    Остатокот за 100-120 ден, а тука пола форум е навлечен на Нивеа и Лореал, а шише шампон нема под 165 денари.
    :^)
    Имаат навистина убав избор на лосиони и млека за тела и евтини беа, јас сум задоволна, 500 мл за 145 денари молим лепо. Не е неко прцулче од 200 мл, два пати намачкај и го снемало.

    И другите производи... што ми е гајле колку се другите, нив ги има секаде, ќе ги најдеш каде се по најниска цена - Тинекс, Тедико, Рамстор и од таму ќе си ги купиш.

    Конкретно ме интересираше Балеа и дел од Балеа добивме, во иднина можеме да очекуваме и повеќе производи и повеќе акции.

    Мене ме интересира да ми препорачате некој дезодоранс за пазуви?
    :)
     
    На LittlePinky, Gordana10, soncicko и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    [​IMG]
    Јас го земав ова,има пристапна цена,доста е поефтино од Гарниер на пример а,солидно си ја врши работа.
    Не остава бели траги,не ја иритира кожата после бричење,за трајност не приметив нешто посебно..
    Не ми се свиѓа мирисот,ме потсеќа на Nivea Pearl&Beauty,малку посвежо може малце,ама се презаситив од тој мирис па и го дадов на мајка ми.

    Сакав овој да го купам,ама го немаше,а имам читано многу пофалби за негоивот мирис[​IMG]

    Не знам колку ти помогнав искрено,уште сум нова со Дм :wasntme:



    Јас имам прашање до сите што биле во скоро време во ДМ,дали се наполнети полиците кај што стојат Балеа производите или уште се празни и ненаместени ?
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    [​IMG] јас овој би го препорачала, го имам и мало и големо, убаво мириса на чисто и не иритира, особено малецкото како ми се наоѓа кога сум во брзање прсни и најбољи парфем. ;)

    Розич Јас бев во понеделникот и не беа, се беше празно на Балеа, само на Алверде имаше повеќе, буквално се беше раздигано дури и регенераторите во кесички.
     
    На Trendafilka и Rozich им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Кога ќе влезеш во ДМ ме потсетуваат тие празни полици како крај на светот кога доаѓа па луѓето зимаат во големи количини храна, само кај нас е козметика, ефтина козметика.
    Ништо нема од Балеа речиси, 95% се е купено.
    А веќе поминаа 2 недели мож повеќе од отварањето а којзнае кога ново ќе донесат.
    Това германците не потцениле, не знаат дека ние за попусти, на распродажби иана ефтини производи и последните денарчиња ги даваме.
    Битно на попуст сме земале, се тешиме у ќар сме :D
    [​IMG]
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Ги наполнија ли рафтовите на Балеа? :)
     
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    вчера бев полни се полиците на Балеа :)
     
    На Rozich, Waka-waka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    ^ Да конечно полни се :lol:
    Јас бев сабајлево и си го земав дезодорансот од Ванила на Балеа.
    Јеeс :inlove: ептен си се израдував зошто првиот пат кога сакав да го земам ми го немаше :(

    [​IMG]
    Колку е преубав!!! :inlove: :inlove:
    Дома имам многу различни мириси на ванила и ниеден не ми беше некако блиску на оној прав мирис на ванила и конечно ова е тоа :inlove: :inlove:
    Ме потсеќа на плажа,кога сите се мачкаат со креми ..осеќам ќе купам уште еден во брзо време :D

    Него дали некој го пробал овој дезодоранс?
    [​IMG]
    Уште одамна го меркам а незнам како мириса,дали мириса свежо и овошно така.. ме интересира? :?:
     
    На crazylady, Hipster и girl1985 им се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Која цена е дезедорансов со мирис на ванила? Јас обожавам мирис на ванила, ќе мора да го пробам.
     
  15. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    ^ 115 ден. :)
    И милитражата е голема прилично,200 мл. :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    многу слусам за дм маркетот од другарки во странство и еве колку време е тука уште не сум била!!! конкретно ме интересира програмата од балеа за сончање , дали некоја од вас пробала некој производ , како е со цени и што е најдобро да знам што да барам кога ке отидам овие денови :lol: чувствувам ке се изнакупам 200 ствари
     
  17. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Колку бев среќна кога го отворија дм,другарка ми од Словенија ме зарази со балеа,исто така и од алведре сум задоволна си купив молив за очи во сите бои што ги имаше за 99 денари,сакав да си го купам коректорот 3 во 1 и сенки за очи ги имам пробано кај другарка ми но ѓи немаше
     

    Прикачени фајлови:

  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    [​IMG] Ја с овој го користев лани 160 денари со бета каротен, нежен мирис на морков, не иритира а се добива одлична боја која не се губи така лесно.
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред некој ден, истите производи што ги имаат, ги има и во Тинекс, Веро, Рамстор, секаде.Нема нешто ново, па да биде поразлично од другиве.А немаше ни голем избор нешто во трговски, а нити пак нешто многу распродадено. Или јас може сум ги затекнала во погрешно време :D за да им направам една проверка и чистка :D :wasntme:
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    Исти производи има во сите супермаркети со таа разлика што во дм маркетите ги има и марките на балеа и алверде.Значи ништо посебно со wow ефект,само тоа е ние овде кога ќе видиме нешто ново ни се чини дека е нешто нај нај.