Пошто незнам да цитирам повеке мислења во еден пост , ова е за сите што прашаа за Balea производите!! Презадоволна сум,ја ги користам и млекото и тоникот и марамиците за вадење шминка..Имам сува кожа и многу ми одговараат.. На сите нивни производи си пишува за каква кожа се ..Погледнете.слободно пробајте А да,имам и пилинг
мене шампонот не ми се погоди,косата едвај ми се чешлаше иако ставав и маска и спреј,пишува дека дури 3 пати дава волумен а нема ни в од волумен..
Ја ги имам користено овие производи од Балеа и уште неколку други, но овие ми оставија најмногу впечаток, гелот за туширање мириса многу убаво, а маската за коса од кокос, поточно повеќе е како третман за коса е супер, мене косата ми ја прави мека, лесна за расчешлување и плус многу убаво ми мириса, како да сум на плажа
Нема, три четки се, две за сенка и една за руменило, ама има посебно мислам и можеш да си направиш комбинација, да си докупиш
Многу сум задоволна од се‘,а посебно од производите на Балеа. Кремата од невен,нема за што не е корисна. Изгореници,излупена кожа,гребнатинки,па дури и мозолчиња. Серумот за виткана коса им е супер.
Ако може да ми препорачате некој стик од Балеа дека мн се потам и незнам што да правам? Ако има некој со нормална цена нека пише.
- Подобро од ова немам пробано, ја затегнува кожата + ја измазнува и + некако ја обелува,омекнува.. Дефинитивно чувство на прероденост дава . Има да си изнакупам залихи, да не ми снема .
Исто!! Подобро нешто мислам дека немам ставено на лицево.. Оваа и таа портокаловата ( незнам од што беше ) ми се фаворити
Шампонот,маската и регенераторот сигурно ги има ,ги имам видено и купувано. А,ова другото веројатно масло е го немам забележано.
Ова чудо за стапала е неверојатно,така ги освежува стапалата и дава неворајтно убав и нежен мирис дефинитивно вреди за секој денар.
Не ги имам видено, но ако некој го видел првово нека кажува, јас сум луда по вакви ствари во кутивчиња
Јас да пријавам дека конечно си ја купив колекцијата од Алверде со кал. Си купив:гел за миење лице,тоник и крема. Имаше и пилинг ама не го купив зашто прво сакав да видам како/дали ќе ми одговара ова што го купив. Првите заклучоци се многу позитивни,убаво ја чисти кожата и лицето не ми свети (Т-зоната) ко што беше случај со Еуцеринот и Виши-то. Исто така си изнакупував еден куп ствари, посебно за домаќински работи (средства за чистење,за купатило и сл.) кои сеуште не ми се испробани. Но,испробани се свеќите и можам да ви ги препорачам-супер се! Среќна и задоволна си излегов од ДМ со изнакупени мнооогу работи, потрошени околу 50 евра, ама со добиен попуст од 20% . Првиот купон за попуст е потрошен,остануваат да се потрпошат уште 2 купони до 31.03.
А сега ко бев во Бг си го купив ова млеко,за 100 денари е супер,сличен мирис има ко Нивеата,баш е така густо и многу убава ја прави кожата,право млеко си е,не како лосионите. И другото што го купив е пошто сите Нивеа лосиони беа намалени на 120 ден таму,глупава јас,купи си повеќе,јас само 1,сега криво ми е А тука гледам Веро ги намалиле 242 денари,смешка Во ДМ кога ќе дадат попуст сигурно ќе се помалце. Спојлер Леле ко ќе одам пак Бг има повеќе производи од Балеа да си купам,пошто гледам ептен ги фалите,а и од другите,пошто се е поефтино. BTW,еве ја новата брошура,за пократко време е,до 10.02 http://www.dm-drogeriemarkt.mk/cms/serv ... 9362124000