Наменета е за проблематична кожа, односно кожа склона на акни. Како што веќе напишав, со оваа крема (флуид) мене Т-зоната на лицето не ми свети. Но, ја користам само неколку дена, ќе видиме на долг рок какви резултати ќе даде. Гелот за миење лице,тоникот и кремата мислам дека беа отприлика околу 750-800 денари, не знам точно пошто купував многу работи + на целата сметка имав купон за 20% попуст.
Еве го денешниот шопинг од ДМ Морав да сликнам се’ одеднаш, за да не барам сликички по нет. Маска за лице со хидрантно масло, ја пробав пред извесно време, и многу ми ја освежи кожата, па пак си ја купив. Дезодоранс, ради мирисот го одбрав, до сега не сум го пробала. Шампонот е од манго и алое вера, ми го препорачаа, па баш ќе видиме како ќе се покаже. Антицелулитниот гел - must have! Иде пролет, ем масажа, ем намалено јадење, ем движење - па нека биде кожава благодарам да ми рече. Средство за чистење лице (медицинско е, за вадење шминка, за уморно лице, итн). Крем за стапала од уреа. Се зачудив како може со вакво чуденце да постои крема (уреа е карбамид, т.е ја има во мочта на некои цицачи ), ама нема мирис, а омекнува, препорачана исто од колешка што мака мачеше со суви стапала. Имав 20 % попуст на цела сметка, така да заштедив некаде 200 денари на целиот износ, отприлика.
Фантастична маска. Се тоа што ти го кажа + нема негативни ефекти (што ми се има случено со други маски). Е и остави некоја маска за мене, немој да ми земеш се
Последно нешто си земав нов гел за туширање од лимитираните dusche & creme и тоа од Гуава, овој го немав пробано. Па ми доаѓа да се изедам додека се туширам, јак али преубав мирис. И се задржува на телото. Јас зш сум смотана и ме мрзи да се шлакам со боди лосиони и млека, ама има со истиве состојки, тоа сигурно би ме опило A бидејки обожавам јаготки од ДМ си го земав и овој гел од Фрутини. Ќе ги споредам. И двата мирисаат прееееееубаво! Белеа по туширањето многу подолго се чуствува. Белеа многу повеќе пени, се давиш во пена буквално, за разлика од Фрутини којшто пени многу помалку. Фрутини има подобар дизајн, поинтересно се става гелот и фина опаковка, можеш да го закачиш. А сепак Фрутини е поскап од Балеа за едно 50%. Мојот глас оди кај Балеа :up: Инаку само да кажам користам Алверде шампони и маска, а и пред некој месец купив прскалче за расчешлување и сјај. И замислете се расипа! Стана мрсно и бело како млеко. Го фрлив нормално ама се зачудив зашто така
Го има, јас го купив пред некој месец и колку што се сеќавам цената му беше околу 150-170 денари, ама не ме држи за збор може и да сум грешка
Фала ти,само кажи ми дали е стварно добар и ефикасен,се начитав пофалби за него на еден форум па сакам да го пробам?
Дали знаете дека Балеа е една од ретките козметички брендови чии производи за западниот и источноевропскиот пазар се наполно идентични. Според тоа добиваме горе доле сличен квалитет од Балеа или незнам....Лореал, само што второво е дупло поскапо. За жал средствата за нега на лице на Балеа не ми одговараат на кожата, но затоа пак млеката за тело, купки, сол за капење, дезодоранси, а особено средствата за нега на стопала, не ги менувам за ништо.
Женски, знам дека имате пишувано ама немам време да барам и итно ми е... До колку саат работи денес ДМ кај Беко шо е?
ако мислиш на blond i more blond и двете се прекрасни неможам да кажам кој е подобар зошто и двете си ја вршат исто функцијата па така да ако планираш да земеш било кој да го одбереш нема да зажалиш
Ја има ли некој користено кремава и колку е задоволен? И сакам да прашам за флуидот за миење што се препорачува со оваа крема со екстракт од германска краставица што е (не можев да најдам слика)? Фала однапред
Ова е серум за нокти,многу пофалби прочитав за него,одличен бил за нокти,заноктици,наводно ги зајакнува и негува ноктите.Пошто сакам да паузирам со гелот би го пробала.