Редовно го користев еден месец и не ми одговараше. Не ми се допаѓа тоа што е како гел, а тие зрнцата немаат апсолутно никаква функција, не се растопуваат кога (и ако) успееш да ги уловиш и ставиш на ноктите. Тврди се, без врска...
Ако барате добар дел за миење на лицето, ви го препорачувам овој на Алверде. За комбинирана кожа, со морски алги. Проѕирен е, и доволно е буквално капка да направи пена и убаво да отстрани и нечистотија и шминка и маскара и чуда, без да пече, без да се растекува и без да остава траги. Со други гелови, таман си го отстранил, под очите повторно има остатоци од моливчето или маскарата. Со овој гел нема, буквално вади се`, и пријатен е, убаво мириса, кожата ја остава чиста. 155 ден. За разлика од овој на Балеа, кој нема врска од животот. Oвој е еден од поужасните општо, има некоја глупава лигава, ем крем структура, ниту остранува нешто од лицето, чувствуваш како да се лепи уште толку врз нечистотијата. Значи за купки за тело, лосиони, кремови, шампони, лично мене Балеа ми се супер. Ама за нега на лице, Алверде all the way.
Ова си купив вчера.Крема за лице за зрела кожа и за ублажување на брчки,гел за туширање и маска за лице.Ништо не е испробано,ќе видиме како ќе се покажат.
Мене за овој гел ме интересираше, пишав погоре ама не ставив слика. Има некој што е задоволен? А кремава мајка ми ја користеше и беше преемногу задоволна, дури и некои флекицки на лицето што и беа и избледнаа, можеби поради екстрактот од патлиџан. Сепак јас се двоумам... Help...
Детелинка, еден пост пред твојот Трендафилка кажува дека не е задоволна од ова, јас сум многу задоволна од Балеа, Јанг колекцијата, пилинг со овошни киселини, ама само на бањање го користам, многу ми е јак за секој ден во зима, за во лет ајде де, ама во зима ми е многу јас. Ми мириса многу убаво и многу ми е лесен за употреба, чисти убаво. Следно ќе го земам на Алверде овој, да пробам, не сум толку Јанг јас за вакви работи, не знам што се занесувам
Благодарение на една феминка го добив долго фалениот лосион -----> и можам да кажам дека е препрепрепреубав. Штета што го нема ДМ и кај нас
Јас да и се заблагодарам на Басче за лосионот од црна рибизла, преубав е. Мила се шлапам на работа и како штракам по тастатура се шири мирис
Имам чувствителна кожа на лице, не ми излегуваат мозолчиња туку пликови што ме чешаат како комарец кога ке те касне... дали има некој предлог кој пробал или со сличен проблем за некоја крема за лице со смирувачко дејство од ДМ?
Прееска бев јас во ДМ,и си изнакупив сешто за 800 денари Си купив Балеа шампон за кафена коса Незнам каков е,многу ми го фалеле,а за 99 денари,вреди да се проба. Балеа лосион за тело и гел за туширање од цреша и бадем Mногу убаво ми мирисаша,некако необично.Па си викам ај да сменам малку(а и онака немаше од оној лосион од смоква и чоколадо). Лосионот е 99,а гелот 95 денари. Евелин пилинг за тело со антицелулитна формула: Првичната замисла ми беше да си најдам убав пилинг за тело,па како таков и го земав производов.После пред да платам на каса видов дека уствари тоа било 3 во 1: Гел за туширање,пилинг за тело и антицелулитна крема. Ако,си го земав тоа.Па имам и јас бре целулит Цената му е 133 денари. Алверде средство за вадење шминка: Барав нешто вакво низ цел маркет,и таман решив да земам обичен тоник за лице на Балеа,го здогледав ова.Баш вака изгледа ко на сликата,со потемно зелено горе И како гел му е структурата.Вади шминка перфектно(барем сега за сега што го пробав),ама многу чудно мириса.Цената му е 129 денари Далиа крем за раце од алое вера.(Неможам слика да најдам). Супер е,тотално,рацеве ко нови ми се Цена:99 денари за 120 милилитри И пудра Балеа Јанг: Обично до сега сум земала пудра Јанг дерм,или кога сум сакала нешто друго,сум гледала сепак да биде young/teenage. Оваа пудра одамна ја гледав,и сега се решив да ја пробам.Ставив на лице,и онака.Средна покривност.Не ми прави некој посебен ќеиф,ама ќе помине Цена:155 денари Ете,тоа беше мојот денешен шопинг во ДМ,во вредност од 809 денари
Денеска бев во ДМ и кога видов што има ми се идеше се да изнакупам ама ај друг пат сега само за тоа што дојдов Купив тоа шампонот за виткана коса.И....лосинот од смоква и чоколадо.Лосинот и тука гледав дека го препорачувате ама кога го мириснав мислам дека цел свет како да застана хаха преубаво мириса.
баш бев денес во DM и кај што стојат бланшевите доле имаше едно кутивче како крема бела опаковка беше и пишуваше бланш ... така нешто едно е такво бело кутивче нема шанси да го утнете и пишуваше дека е за осветлување на бојата ама не е штетно на косата слично како на силверот шампон 175 денари е некако не ми се веруваше дека за толку пари може да биде ефикасно ,ако го има некој користено нека каже дали вреди да се земе ?
Како редовен муштерија на ДМ, да ги пофалам и искритикувам малку и јас. Имам премногу прозиводи, па да барам слики од нет е невозможно. Што во моментот ми излезе пред очи во вц сликнав. Да почнам со првата слика. Јас имам екстремно осетлива и сува кожа. Мислам дека еднаш Дузи пиша за проблемот со нејзината кожа, дури и истото црвенило и флеки, лишаи ми се појавуваат(до воздухот ќе да е ). Па разгледав добро во детскиот оддел и на сите овие креми стои дека се за бебиња, но и за возрасни со екстремно осетлива и сува кожа. Ја хранат со влажност и даваат свежина. Таа на Веледа(исто така во дм ја купив, иако не знам дали во ој во Скопје има) ми се покажа како најдобра. За оние осетливите ќе го препорачам и детскиот шампон, лесен и освежителен. Кога веже бев кај детскиот оддел пикната си купив и марамици, да си се забришуваме , но не сум нешто воодушевена. Неутралниот мирис некако не ми се допаѓа, а имаат солидна влажност инаку. Втората слика се купките за во када. ПРекрасни се. Досега имам испорабно повеќе врсти и сите даваат јак освежителен мирис и солидна пена. Во моментов ја имам оваа од праска која е прекрасна. Другата е некоја лимитет едишн и е истотака преубава. Дискретен и нежен мирис...нешто и името и беше у тој стил, знам помислив дека баш и одговара. орано користев нивеа за интима, но ми здосади. Сега почнав во овој и сум презадоволна. Истата свежина и дискретен мирис. МАските сите им се убави. Секогаш земам различни во моентов овие мис е најдоа дома. Во паковање се по две, но јас мислам дека од едното половинче двајца може да се намачкаат, ќе стаса. Даваат свеќина на лицето и чуствувам како ми го подзатегнуваат малку . Третата слика млекото за тело со мирис на кокос е ок, исто и таа целулитната. Тоа млекото за чистење на лицето не е лошо, но не би го препорачала на оние со екстремно сува кожа, како да ми ја потпекува кожата кога ми е во лошите денови со црвенило. Па наместо да го смири, го воспалува. Вазелинот истотака си го користам за тело, нема за него што псоебно да се каже, ок си е. Средината плавкото кутивче е крема за лице за оние со кожа сиромава со влажност. Нова ми е, па досега само два пати ја имам користено но за сега ми се допаѓа. Шишенцето е хидроген а до него малото кутивче се влажни табс, памукчиња за бришење лак. ПРедобри се и многу практични. Наместо да носиш цело шишенце и да смрди се, едно такво памукче си има доволно влажност во себе за да го избрише лакот. Од нив сум презадоволна. Да ги пофалам и тие кремите за возрасни, секогаш и купувам на мама. Добро е што си стои од која до која година е наменето па лесно се ориентира човек. Од тие геловите за надополнување не сум задоволна. Тие течните се далеку подобри. Тоа помошта при пеглање сум задоволна. Нежен соодветен мирис и помага кај кошулите. Тоа шишенцето за освеќителен мирис сум презадоволна. До сега сум имала од неколку врсти и сите ми се допаднале. Десно се за лице геловите. Тој клерасил е добар, дава некоја свеќина и чистина на лицето, но многу ми јас суши кожата. Одма потоа користам некои хидратантни креми...не го препорачувам за оние со многу сува кожа. Тој од гарниер е ок. Ми се допаѓаат тоа гранулите, чисти и дава свежина, но повторно проблемот со сетливата кожа. Не го користам често оти ќе биде ту мач за мојата кожа, само кога е ептен потребно. НАјдоброто нешто во зимските денови се спрековите за нос и грло. Кога човек е настинат се одличен избор. До нив се таблетите за лижење(овие се со вкус на цреша, има и бели обични), кремата за мачкање тело при температура истотака редовно ја користам и сум презадоволна. Тоа малецкото тубиче е крема за носот. Кога човек е настинат и многу се секне, знаеме колку се воспалува и лупи кожичката околу носот. Кремов одлично помаха. Гесунде плус(во случајов спрејот за нос) е поефтина и подеднакво добра варијанта како тете септ. Од лева страна се геловите за туширање кои ми се допаѓаат. Првите два се машки, зелениот е освежителен и јак но сепак пријатен а белиот е подискретен и нијанса по неутрален. Останатите се женски, сите овошни гелови се преубави. Тие од десната страна не ме воодушевуваат. Многу тежок мирис. Јак и убав мирис, но сепак премногу јак....не мис е допаѓа. Од десна страна се шампоните. Моево косиче е катастрофа. Меко, кршливо па и се борам со првут. Алпецин е создаден за оние со слична коса. Одличен против првут. Го комбинирам со тој шампонот за нега и одмивање до него. Ми ја зајакна косата и го неутралиизра првутот. Ги ставам во тандем бидејќи еднаш пробав да го комбинирам алпецинот со тоа зеленото од лавера и ми се врати првутот. Одличен беше за зајакнување на косата и нега...но би го препорачала на оние без проблеми со првут. Зелениот е на другарка ми. Она има баш таква коса како на сликата и е презадоовлна, секогаш кога спие кај мене го користи...па тука и стои за да не го влече секогаш. Тој до него е исто од Балеа за деца, за неутрални гости кои не можат да се пронајдат во другите шампони . Се изнапишував, се надевам ќе му послужат на некого моите искуства.
Danichap,ако не ти е тешко ќе можеш ли да ставиш слика или да најдеш од Интернет од кремата за воспалена кожа околу носот. Период на настинки е и лом сум,па ептен ми треба вакво нешто.
Јас ја постирав оваа Доколку не ја најдеш истата, пробај со друг производител на чие паковање стојат истите германски зборчиња.
Moже слика од магичното каменче за пети што го фалеше и Дузи и некој друг? И колку пари е? Уште сте задоволни претпоставувам. Фала
До сега барав слика не можев да најдам, но нема шанси да го утнеш, 65 ден. е... инаку да, сеуште задоволна