Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Само ќе недополнам подобар стругач за пети не сум нашла а сум испробала мал милион :) го препорачувам! Секоја мома треба да го поседува а и цената е нормалана за секој џеб! Инаку кремата за воспалене кожа околу носот мислам дека ја нема кај нас,како и многу производи што ги постирала danichap.Да се надеваме дека во скоро време ќе се снабди и нашиот Дм ;)
     
    На Hipster и Waka-waka им се допаѓа ова.
  2. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    конечно го порачав овај гел што го пофали трендафилка па ќе видиме како ќе се покажи...се радвам како мало дете шо ќе го имам :D :D
     
  3. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Го зедов овој шампон да го пробам дека имам мрсна коса и без волумен, не дава никаков волумен плус, но не ми ја ни додатно мрси косата. А со оглед на тоа што секој втор ден ја мијам косата и користев Head&Shoulders уште малку ке банкротирав да не го сменев.
    [​IMG]

    Го зедов и овој лосион за тело, но многу е течен јас сакав погуст некој и намерно зедов во вакво кутивче мислев дека погуст ке биде, а и мирисот ич не му се задржува, сакам некој со посилен мирис што трае, така да овој више сигурно нема да го купам, одвај чекам да го потрошам.
    [​IMG]

    За разлика од него овој ептен ми се свиѓа, и погуст е и посилно и поубаво мириса, ама ми се здосади дека има така благ мирис.
    [​IMG]

    И крема за раце зедов нова, супер е, мрсна баш како што ми треба, а и мириса убаво.
    [​IMG]
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Обожавам кога одам во ДМ маркет. Има многу ефтини производи кои вредат за парите. :up:

    Последен производ кој го имав, но не ми се допадна беше овој шампон. (Иако сите претходно ми биле одлични).
    Не ми даде посакуван волумен и за брзо се мрсеше косата. :(

    [​IMG]
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Магичното каменче стварно е магично.
    Од само една употреба и стварно има огромна разлика.
    Го комбинирав со едно исто од балеа купка за стапала за сроплување и омекнување на стапала.
    Нозете не ми биле вака меки одкако ми се раздразнија летово.
    Со слој од павловичева и нема мука.
    За купката ова го земав задоволна сум убаво мириса и дава стварно чувство на топлина и кога ќе се олади водата.
    За 2 употреби е, но мислам дека и 3 може да се извлечат дури :lol:
    http://www.dm.de/de_homepage/balea_home ... ssbad.html
    Фала девојки за помошта :)
     
    На Doozy, Annath, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    8.645
    Очигледно веќе престанале да ги произведуваат моите омилени шампони од Балеа, тој со лимонова трева и тој со праска и свилен екстракт :devil:
    Си земав со смокви и бисери :rofl: убаво мириса, свиленкаст е па ќе видиме како ќе се покаже.
    [​IMG]
    Се вратив на љубовта од летово, гелот за туширање со Гуава, не постои друг таков мирис.
    И дојде ред на маските за лице од Балеа! Со бела глина и цинк- презадоволна!
    Наредна планирам да ја пробам peel-off маската на Балеа,значително поефтина е од нивеата, уште ако го има истиот ефект, мх мх.
     
  7. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    40.491
    Пол:
    Женски
    Од дм производите denk mit сум презадоволна
    ги коирстам овие марамици за пребришување на скоро се од кујнски елементи до храналката ка ќерками
    [​IMG]
    плус и овие за пребришување на ламинат , вака набрзински можам да средам по домов а имаат убав мирис :$
    [​IMG]
     
    На danichap, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Морам да го пофалам сапунов ,освен што не е токсичен има прекраснен мирис на карамела (мирисот ме инспирираше да направам торта денеска инаку ќе го испиев сапунот :rofl: )
     

    Прикачени фајлови:

    На Bubbi, Moira, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  10. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    леле дезадорансот од кокос колку бил убав :inlove:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Alverde спреј дезодоранс од 75 мл. со мирис на зелен лимон и жалфија.
    Презадоволна сум од овој производ. Го користам како дезодоранс за тело, а бидејќи имам голем отпор кон антиперспирансите, овој производ барем кај мене ја има и оваа функција. По нанесувањето преовладува мирис на зелен лимон, а потоа хербална нота. Одлично освежува, особено наутро. Цитрусот ептен ми делува стимулативно, покренувачки.

    Балеа лосион за фенирање.
    Од овој производ не очекував многу, но пријатно ме изненади. Го нанесувам на мокра коса пред фенирање. Косата убаво се обликува, добива на волумен. Не ја масти, не ја прави леплива. Косата делува природно, а фризурата трае подолго.

    Велнес лосион за стопала со мирис лимонова трева и нане.
    Од овој производ воопшто не сум задоволна. Единствено што мириса убаво и освежително. Има геласта структура и воопшто не хидрира. Ќе го чувам за лето бидејќи очигледно главна функција му е да ги освежува и разладува стапалата.
     

    Прикачени фајлови:

    • alverde.JPG
      alverde.JPG
      Големина на фајлот:
      12,9 KB
      Прегледи:
      1.031
    • balea lotion.jpg
      balea lotion.jpg
      Големина на фајлот:
      3,3 KB
      Прегледи:
      1.030
    • DSCN4044-250x250.jpg
      DSCN4044-250x250.jpg
      Големина на фајлот:
      29,2 KB
      Прегледи:
      1.030
    На Doozy, Annath, bubuce и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен задоволна од серумов, за разлика од оние на авон ем е поветино ем има подобар ефект.
    Јас имам брановидна коса лесно се исправа, ама па не држи многу долго време права.
    Нанесувам на мокра коса, и се фенирам еднаш во два дена и косата ми е права тие два дена без потраеба да ја дофенирувам другиот ден.
    Не парави чуда, ама па и не ми ја мрси косата и задоволна сум во тоа колку косата ми е права.
    Само малку нема врска дека ја држи ненаелекризирана, но океј.
    [​IMG]
    Иам и шампон ама уште не сум го искористила.
     
    На Doozy, Peppermint, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Хипстерке, што пари е серумов?
    Мојава е тако звана гнездо :(, и кога ја фенирам ( преферирам да ја фенирам, затоа што со пегла ми е дабетер, ми делува како мрсна и никаква ) многу кратко ми издржува права, а и јас го користам тој серумот од Авон, во зелено паковање што е. Се мислам дали да го пробам овој, или пак ќе ми нема спас да не лупам за џабе пари :D.

    Инаку, и јас дојдов да го пофалам каменчето за пети, за таа пара е предобро!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не ми е од сеа, туку одамна, ама сега ми текна дека иам и таков серум.
    Знам дека не беше поише од 200 денари.
    Ма и помалку мислам 150тина, ама да не те излажам види си.
    Mене поише ми се свија ова од тоа на авон зеленото, малку ставам 2-3 капки на цела коса, мислам не на коренот нели, и оставам да се исуши сама од себе, па фенирам.
    Забележав дека мене ми одоговара, не прави чуда, ама поправичка е.
    И за мрсење не ми ја мрсни дополнително.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.061
    Девојки дали некоја од вас ја има користено оваа маска за коса од Balea?

    Дали сте задоволни?
     

    Прикачени фајлови:

  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.481
    Допаѓања:
    103.697
    Пол:
    Женски
    Јас го користам регенераторот, сега ќе ја земам целата колекција, тапа сум со шампонот досега што го користам, многу сум задоволна само од регенераторот, а и мојата коса е слична како твојата, но ми се свиѓа што и ако не се фенирам многу убави ми се кадриците, без фенирање и слично.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Енџел има едно посебно за кадрици, другака ми го зема само за тоа, вика дека и одговарало.
    Ова е тоа,
    http://www.dm.de/de_homepage/balea_home ... ampoo.html
    Цела колекција е ваква портокалова.
    Пак ќе кажам за цената не се лоши, поасални од авин, не мора да ги чекаш недела дена и да те зафркаваат со цени.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    И јас се прашувам за оваа маска, евтина е, околу 125 денари, ама ни тие не ми се фрлаат за џабе ако не е убава, зашто навистина сум пренатрупана со препарати за коса, не сакам уште еден во колекцијата.
    [​IMG]

    Инаку, последен пат си го земав овој шампон. :D
    На декларацијата пишува дека е одличен за секојдневно миење, нема силикон, и го чисти скалпот од секакви препарати за стилизирање на косата...
    Да ви кажам право пријатно сум изненадена, онака, супер шампонче за секој ден, убаво мириса, има гел структура со неодолива зелена боја. :)
    [​IMG]
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.481
    Допаѓања:
    103.697
    Пол:
    Женски
    Хипстер знам дека не е за кадрици, сестра ми ја користи таа за кадрици, ама мене не ми тебаат онакви навиткани кадрици туку сакам големи локни како на рекламата на Wash`n`go :lol: Баш затоа и многу ми се свиѓа овој производ ;)
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    [​IMG]
    Пред 2-3 недели си го купив кремов и баш е супер освежителен, одговара и за подлога за пудра (но во мала количина за да те блескате).
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.