Јас го земав шампонот од оваа линија, супер мириса, стварно ја остава косата премека и сјајна АМА волумен-gone! Како сплескана сум и фенирна и нефенирана. И косата повеќе ми се наелектризирува Тежок е малку/малку повеќе. По логика ако е шампонот таков маската е бетер. Трендафилка како што те следам мислам дека ич нема да ти одговара за твојата коса. Јас си се дружам уште со Алвердето.
Последно што земав од ДМ е маската за коса на Baleа..Досега 2 пати ја пробав и можам да кажам дека мене добро ми се погоди.Иако може е уште рано за да дојдам до некој заклучок за тоа дали го бива или не, сепак косата не ми ја мрси дополнително, каков таков и дава некој сјај и не ми ја елекстризира. Така да кај мене ги даде посакуваните ефекти Исто многу сум задоволна од кремата за раце на Гарниер. Значи секогаш имам ужасен проблем со рацете штом ќе фати студот, имам многу чуствителна кожа на рацете па ова крема дефинитивно е мој спас ..Ја земав 155 ден (мислам толку беше во дм) а денес планирам да идам до Cosmo, ова крема за раце заедно со кремата за тело (300 мл) да ја земам со промотивна цена од 209 ден.
Има ли производи на Зиаја за лице во ДМ? Пред малку бев и, освен ако не сум слепа, никаде не најдов. Само тие лосионите за тело ги имаше...
Jaс мислам дека има, сум видела, ама можеби не носат во големи количини. Зиаја, имам во бјути шоп во Скопјанка, се и сешто, од поле млеко што би рекле
Скоро еден месец го користам гелот за миење лице нa Alverde тој со екстракт на морски алги наменет за нормална и комбинирана кожа ми се допадна поради тоа што не содржи синтетички бои,конзерванси и минерални масла и секако поради тоа што убаво ја отстранува нечистотијата и шминката од лицето без притоа да ја направи сува или затегната кожата. Исто многу сум задоволна од Aqua Serum на Balea длабински ја хидрира кожата ја прави мека,нежна. Toj што има нормална или комбинирана кожа мислам дека доволно е да се нанесе само серумот затоа што веднаш се упива и не ја мрси кожата,додека тој што има сува кожа не е доволен само овој серум па после нанесувањето на серумот може да нанесе и крем инаку содржи хијалуронска киселина и витамин Е и што е најважно не е комедоген ,па не би требало да имаат проблем и тие со проблематична кожа.
Девојки сте приметиле ли во дм од тие кремите за лице со заштитен фактор на балеа? Оние што беа изложени преку летото? Јас се убив од барање и ги нема. Предлог некој за крема за лице ама со заштитен фактор 50, и да не е екстремно скап.
Спојлер Кремот на Еуцерин е најдоброто нешто за лице со фактор 50. Мало е ама трае Не ја памтам цената можеби околу 400денари ама со лице не се игра, поарно скрати две кафиња и земи го отколку да нанесуваш од она за тело. Цело лето го поминав со ова и сум презадоволна. Одговара на комбинирана кожа- не ти ги затвора порите не е мрсно, баш е течничко. Плус е со мат ефект!
Прашај си во Зегин за секој случај, мислам дека не беше на попуст туку по регуларна цена беше толку. Не за друго, знам дека не би фрлила 850ден само за лице во никој случај
И јас ја имам купено околу 400-500 ден. од Галениум фарм таа во Космото што е кај ул. Македонија. Кремата е преубава, јас имам сува кожа и ми беше совршена, го изедначува тенот на лицето му дава сјај и здрав изглед. Јас цело лето ја користев како замена за пудра. Нема врска со ДМ постов ама ја препорачувам!
Абе за поправа поправа е, во комбинација со силиконските капки, има ефект, не викам не, ама тежок ми е шампонов, многу ми ја мрси косат брзо. А мириса убаво, пени и ја држи поправа ПОСЛЕ ФЕНИРАЊЕ. Али за посува коса ми се чини дека е, не е баш за мрсна.
Не се опишува колку сладок мирис има. Ми иде да го испијам кога се туширам. Туку сте го забележале некаде периодов она млекото за коса од Балеа? Три пати досега бев во она ДМ во трговски и ниту еднаш не го начекав. Е за ова зборувам.
Јас Хипика да ја замолам да го сликне гелот за лице од другарка и што опишуваше дека буквално црнките/митисерите сами излегувале од порите. Јас пред некој ден најдов домашен рецепт со ист ефект,ама го изгубив по линковите,не го зачував, се обидов да го гуглам и не можам да го најдам. Битно беше со сода бикарбона,а што друго,не се сеќавам,те не го ни дочитав!
Не знам,не го дочитав... И повеќе табови отворени и сум заборавила,сум затворила... Ама ај ќе пробам вака,па ако успее ќе ви кажам.