Не знам дали е спомнато напред денес видов до маркетов од Опи лаковите ама прилично скапички се некои 680 ден.
Да и јас ги видов во ДМ и соленки...инаку од ДМ навистина се изненадив прво задоволна сум од Балеа шампонот и регенераторот за плава коса, потоа од геловите за туширање и пријатно изненадена од понудата на козметика...
Каде стои тоа сунгерчето за стапала што го фалите?Јас бев денес не можев да го најдам,ја прашав продавачката ми покажа едни ама не се тие,други немале.Инаку задоволна сум во глобала од нивните производи,само денеска што разгледав набрзинка се што видов беше поскапо,и нивните производи во споредба со продавниците во Софија и другите производи што ги има тука по маркетите.
Денеска генералка правев, па сликнав дел од продуктите кои ги користам, а се од ДМ. Најрпво да ги пофалам Марамиците кои ги постираше МаченцеЕна. Одлична влажност и преубав мирис. И тие за ламинат и тиа за кујнски површини. Спојлер Кога перам алишта многу многу не сортирам, една корпа за бели и една за шарени алишта. Секогаш ги користам марамициве и никогаш немало вапцување на алиштата. Едните ги ставам кога перам бели алишта(оти нели некои парчиња се со риги) а другите кога перам шарени алишта. Крпчето го пикам меѓу алиштата и си уклучувам машина најнормално. Кога е готова машината најчесто крпчето е офарбано од бело во некоја темна нијанса, но важно алиштата си се супер. Третото и четвртото ги ставам во плакарите за алиштата да мирисаат свежо. Од првото не сум задоволна, некако слабо е. Второто и третото се одлични. Првите две се за шпоретот, од двете сум задоволна. Жолтото е премногу е суво ако можам така да го наречам. Треба со крпа со вода убаво да се помине за да се добие ефектот. Од сивите сум презадоволна. Едното е општо за кујнски површини, доволно е и со хартија за бришење врз него да се помине(жолтото го користам кога правам генералки, а ова секојдневно кога сакам набрзаница да призачистам). Тоа што е за судопер е одлично, секогаш ми свети судоперот од кога си го купив. Лево се за чистење на фрижидер, задоволна сум. Тоа за мебел дава премногу сјај за мој вкус а и секој допир се приметува после чистењето, посебно оти најчесто го користам за да ја поминам масата во кујна и ми е ту мач за секојдневна намена. Десно е течноста против калк. Пред некој ден ја користев во варачот за вода, презадоволна. Тоа спрејот е за чистење на релни и внатрешност од микробранова. Внтарешноста ја прскаме со пената и ја оставаме да делува 10/15 мин и потоа пречистуваме. Задоволна сум. Пронто е за дрвени површини. Сличен ефект како и предходното за кое погоре пишав, Десно е освежувачот за во машината за садови. Секогаш свеж и освежителен мирис кога ќе ја отвориме. Лево од него се како жилетчиња кои се менуваат на тоа грепката за чистење на ринглите. За него не сум баш сигурна ама дали е од ДМ, не знам оти сум го сликнала со останативе.
од сношти конечно во мои раце гелот шо го имаше пофалено Трендафилка,на база на морски алги.....луѓе мислев ќе мочнам од среќа одма го пробав сношти и останав ваква толку добро чувство се осеќав чисто,свежо.....одма си земам уште 2,да си имам резерва кога ќе се потроши пошто во Бт немаме ДМ е сега,ја сакав и маската за црнки шо ја имаше постирано Хипица ама ги имало сите други,само неа не а препекав и по неа...некоја друга таква маска,за отстранување на проклетите црнки?
Има за попусти до 10.03, провери тука во каталогот, а има и иформација за акција до 11.03 ама ги нема да се видат производите кои ќе бидат намалени.
Гледам го фалите коректоров - може да ми кажете како се користи коректоров? Врз течната пудра место пудрата во прав или врз пудрата во прав? Има повеќе нијанси или една е?
^ Миа, секако дека има нијанси, нијансата ќе си ја одбереш според нијансата на течната пудра што ја користиш. Коректорот треба да е една до две нијанси посветол од течната пудра Е сега, за користење, бидејќи ова е така малку „потежок“ коректор, во смисла погуст и попокривен, јас би го ставала прво него, па потоа течна пудра, и на крај камена (доколку користиш). Јас лично секогаш практикувам коректор да ставам над течната пудра, не под неа (користам еден од Гош кој е доста лесен) меѓутоа имав прилика да го пробам овој коректор и дефинитивно би го нанела прв, под течната пудра, само поради густината и текстурата Ниту во еден случај немој да го нанесуваш врз пудрата во прав, така нема да има никаков ефект освен што ќе ти се собере под очите и лошо ќе изгледа! Ниеден коректор не се нанесува на крај, откако течната пудра ќе се фиксира со камена или со пудра во прав
Ме интересира дали некој ја пробал маскава, и каква е? Ја меркам некое време, но зошто имам специфично лице, прво сакам ваше мислење да чујам.
Девојки,кожата не ми е многу сува,и не ми е многу мрсна. Планирав да го земам гелот за лице на Алверде,би ми одговарал? Има попуст во Дм,на последната страна има мелко за тело и гел за туширање за 205 денари на Dahlia се ,па ги користел некој и задоволни сте? http://www.dm-drogeriemarkt.mk/linkable ... 1786220000
^ Гелот е за нормална и комбинирана кожа,го користам повеќе од месец и сум задоволна не ми ја суши кожата
Може ли да ми кажете некој убав шампон за фарбана коса од Балеа? Јас порано го користев тој со шатирана девојка на сликата од професионалната линија и беше прекрасен, дури немаше ни потреба за маска или регенератор, но пред месец дена кога проверив видов дека не го носат. Или можеби повторно го донеле? Плис хелп А од Алверде не сум задоволна, го користев тој за руса коса и ми ја стутка косата при миењето...