Да ви кажам дека наскоро ке се отвори ДМ на Битпазар до стопанска банка кај што беше порано едно second hand.Видов пред некој ден го опремуваат. Чисто информативно да знаете
Нема. Има на Essence, She, Maybelline, Alverde и нешто на Balea, Gosh, Seventeen, Bourjois, MaxFactor, L'Oreal. Мислам дека се толку.
Golden Rose има засебна продавница во ГТЦ во редот спроти DM. Има своја продавница и спроти фамозната порта македонија.
Презадоволна сум од двата прозиводи. Имам многу сува кожа на телото и на стапалата. Со било кој лосион до сега кожата на телото ми се сушела после 3,4 часа, но со овој лосион тоа не е случај. Убава нежна ми е до наредниот ден. Кремата за стапала е одлична. Ми ја омекнува убаво кожата, нежна е, не се суши кожата по некој час. Палче нагоре за двете.
Има убави колекции за нега на коса? Шампон, регенератор, маска...ми треба за виткана коса. И така ќе идам да барам, ама си реков поарно да се консултирам со некој шо користел нешто.
Јас сум презадоволна со прозиводите освен од шампонот на Балеа кој ми предизвика првут,но тоа се реши за брзо време. Користам стикче и крема за раце од таму и сум многу задоволна од резултатите.
Јас ја имам користенп и да ти кажам искрено нема ама баш никаков ефект. Сум ја пробала неколку пати, ама не, за таа цена (околу 200мкд беше, мислам) има многу поубави маски.
Да кажам по некој збор за последниве производи што ги купив. После неколку месеци купување во ДМ и испробување најразлични производи, некако заклучив дека производите на Алверде најмногу ми се погодиле, особено кога станува збор за лице. Пријатно се изненадив од линијата Aqua и во план ми е да си ги докупам и останатите производи. Инаку наменета е за нормална и комбинирана кожа. Кремот со бисерен екстракт мислам дека нема да го сменам долго време. Лицето ми доби здравј сјај, мекост и еластичност, добро си ја врши работата со т-зоната, а се покажа и како добра подлога за пудра. Пакувањето е 50 мл и не е потребно да се нанесе голема количина. Мирисот ме воодушеви искрено, мириса на нешто бебешко и чисто. Прекрасност собрана во мала туба. Од мене има 10-ка. Друг производ што ми се допадна од истата линија е гелот за миење лице што го спомнаа и некои други феминки. На база на морски алги е и темелно ја чисти кожата. Не надразнува и не ја суши кожата. Мирисот е некако хербално-цитрусен, одлично ме расонува наутро. На овој производ му се намерачив уште кога го видов, а тек кога го прочитав во темава, веќе со наредното влегување во дм беше мој. Не ми поднесуваат жлездиве секакви хемикалии и мислам дека ги почастив со спрејчево. Ќе видиме како ќе се покаже во пеколните жештини, ама засега ми е одлично. Мирисот е прилично јак првите 10 минути, а потоа остава само некое свежо чувство. Како и да е кога има цитрусна нота, барем за мене нема утка. За останатите има и опција од брусница...мене искрено не ми се допадна,многу благо мириса за мој вкус. Пудрава за стапала е сон. Го намалува потењето и сузбива лоши миризби. Имам фобија од ова, особено кога не носам кожни обувки. Многу корисно нешто за човек како мене што постојано е во движење. Нанесувам на стапалото после туширање и малку внатре во обувката. Тестирана е пудрава и после ринење по планнини, гајле нема остава многу убав и свеж мирис. Одличен производ. Кога го купував шампонов бев некако несигурна, ми делуваше тешко и мислев дека ќе ми ја мрси косата. Џабе се туфкав, се покажа одлично и косата нема знаци на мрсење 3 дена. Толку и ми треба, не сакам нешто магично, после тоа секако ја мијам. По неколку миења почнав да забележувам дека убаво ми се дефинираат прамените...бујно, а спастрено. Нешто што ретко го доживува мојава коса Инаку ми е природно брановидна, ама верувам дека ќе делува и на повиткана коса. И за крај нешто од декоративната. Долго време ги одминував She производиве, не ми се става се и сешто на лице, ама почнав да читам по нет и не ми звучеа воопшто лошо. Германско производство се и мислам дека се продаваат само во дм маркетите. Цените се повеќе од пристапни, па не ми беше ни мака да пробам. Конкретно коректоров го земав за некои смешни 120-130 денари, а проблемот со темните кругови сосема солидно ми го реши. Има многу фина структура, не остава линии по кожата и не се собира. Супер ги покрива и некои црвенила што ми се јавуваат околу ноздрите. Солиден коректор, би го купила повторно. Го купив и карминов, не можев да најдам слика од нијансата, мислам дека е овој на крајот. Убава бордо нијанса. Не ми се допаѓаше што има светки, ама за 100 денари решив и него да го пробам. Ок е за преку ден шлапање, ми се свиѓа како стои, светките не се познаваат ама негативна страна е што не е многу траен. Битно нијансата си ја погодив, па не би рекла дека си ги жалам парите.
Јас пак не сум нешто воодушевена од коректорот на S-he, некако многу мрсен, како кармин.. не знам како да го опишам.. оставаше некој сјај под очите (а ич не го сакам тој изглед ).. но секоја кожа различна приказна...
Од She е коректорот. Инаку сакам малку помрсна структура на коректор, а сјајот што го дава барем за мене е голем плус. Како да има некои честички во него што рефлектираат светлина, а вака додека е како стик не се приметуваат. Ми го освежува изгледот и не ме циментира, што е најважно. Сум пробала со посуви коректори како камуфлажот на артдеко што сите го фалат...тоа чудо не е за мене. Ама ете, на кој како му одговара
Девојки овој убавиот лосион за тело го има сеуште во ДМ? Веќе 2 недели го барам во тој во Сити Мол и го нема За овој лево на сликата прашувам