Пријатно сум изненадена од ова чудо крема за тело и лице (така пишува ама не ставам на лице) за 115ден. Лесно се впива, хидратира и има фантастичен мирис. Кожата станува мека веднаш и по првото мачкање
Се избрукав денес у Дм на Бит Пазар со ваучерите. И подавам 500ка и ваучер и ми се изнасмеа слатко, ваучерите важеле само за тој у ГТЦ, у Сити Мол и уште едниот не знам каде е. Инаку, купив Garnier минерал Intensive 72h maximum protection. Од мирисот задоволна премногу а се општо од производот дека нема да ме изневери. До сега се што сум користела од Гарниер се покажало супер.
Има во Дм спреј за ЛИЦЕ? Од било која марка, балеа, алведере.. НЕ за тело туку за лице, имам јас од орифлејм од старата колекција со шведски минарали спа нешто така, иде лето а за во лето е рај за моево мрсно лице, наместо крем да ставам, се прскам 2-3 пати кога не планирам да ставам пудра, и се осеќа и освежување, ем не се суши, мрси и тако даље...
simoncelicius јас ја имам базата од еssence и мене ич не ми се свиѓа, демек треба да ти ги измазни порите и пудрата да ти трае подолго, а јас приметив спротивен ефект. пудрата помалку ми се задржува на лицето, светам ко сијалица и незнам уште што лошо да кажам. Може е само до мене незнам, ако не купи си ја и да не ти се допаѓа нема многу да изгубиш пошо е ефтина, иначе има од Gosh подлога за шминка мислам околу 700 денари е, знам дека е многу поскапа ама мислам дека е и многу поквалитетна. Ииии ако можеш да нарачаш преку ebay би ти препорачала the Porefessional oд Benefit
Дузи, исто и се случи и на мајка ми од крем на Гарниер. Целото лице и се направи со црвени, големи акни. Но, со овој гелот на Алверде и поминаа за 3 дена. Жената толку е среќна, го благословува гелчето! Затоа, баш пробај да ја откриеш причината дали е гелот или кремата. Оти, во последно време често слушам критики за Гарниерот.
Тие што им беа на попуст по 85 денари повеќе ќе ги нема поради промена на асортиманот. Дел од нив ги нема повеќе, а другиот дел ги заменија со слични производи по старите цени. Базава не ја видов никаде, така да претпоставувам дека нема да ја произведуваат повеќе.
Општи прашања Каде да најдам флаер на Дм, со тековни попусти???? И како сте задоволни од руменилото на Буржоа?? Мислам на попуст беше во Дм....
Денеска бев во ДМ и секако неможев да излезам без да си купам нешто.... толку ме прават срекна овие производиве на балеа тоа е чудо, т.е поише амбалажата ме занесува еве што си купив....
Вчера го земав ова за интензивен третман на акни, искрено на почеток кога ставив си мислев дека нема ефект, но после 3 саати, навистина ја исуши акната, ефтино и задоволна,
Од страната на Есенс. Имаа голема промена во асортиманот и за жал отфрлија многу добри производи, меѓу кои и гел eyeliner-от.
^ Па ете од каде идеата, Јуник списание да подарува гел-лајнер. Најверојатно да се потрошат побрзо останатите залихи и да се донесат нови производи. А има шанси да се надеваме на нова верзија од гел-лајнерот? Ептен ми прирасна при срце.
А да не знае некој дали во маркетиве можам да најдам од лосионите за тело и/или парфемите од колекциите на Victoria's Secret? И ако не, каде би можела...