да ама за белеа цела европа има пофални зборови , кој што сум слушнала од странство ја фалат козметика со добра цена а прекрасен квалитет , тоа емногу голем плус сите знаеме колкав ни е буџетот со рецесијава па и не секој може да купи виши хаушка диор ...креми
Токму така, јас уште на самото отворање си купив Алверде малецок регенератор од Алое вера и Хибискус од 50 мл, за 40 денари, не е малку за толкацко прцле, ама каков регенератор е, чудо невидено, толку е густ мислев ќе ме служи 3-4 пати но јас го користам цел месец и уште има, дури едвај чекам да го потрошам да преминам на другите , а ефектот кој го дава е прекрасен, големиот е околу 160 денари но 200 мл, но за наш џеб што викаш е пристојна цена а одличен квалитет. Еве го! А пред некое време купив интезивна маска на Дов лупнав 250 денари за 200 мл, но маската ич не ми се погоди, добро густа е и убаво мириса, но на мојата коса немаше никаков ефект, само ми даде невиден електрицитет, додека ова е само регенератор а ја скротува косата подобро од маската.
Еве што имам јас засега од ДМ, во иднина планирам да се изнакупувам еден тон работи. Од се сум задоволна. Гел за бричење со алое вера. Доволно е само малце да ставите во дланката пошто гелот нараснува малку па кога ќе почнете да го нанесувате на нозете или рацете ќе видите дека и многу ви е. Густ е и сегде подеднакво се размачкува. 125 ден. Еве како изгледа гелот само овој е со лиљакова боја. Спојлер Пена за фарбана и нијансирана коса. 125 ден. Гелови за туширање едниот од Гуава, а другиот од Питаја. Мирисаат преубаво, неможев да се одлучам кој ми мириса поубаво па си ги земав и двата дека лето сме башка се случува и по два, три пати да се туширам, што значи гелови за туширање ко алва ми идат. 95 ден.
Која цена е антицелулитната крема од Балеа? Има ли исто од Балеа, некој гел за миење лице,ама за ептен сува кожа? Или да не си играм играчки.
Јас користам Belea млеко за тело...Го користам со години,специјално тетка ми од Србија ми го носеше многу сум задоволна...Пошто не сум од Скопје сеуште немам појдено во маркетите на ДМ да видам како се движат цените кај нас,ќе ги посетам наскоро при крај сум со Млекото
јас вчера бев во Дм маркетите и ме изненадија со големиот избор. јас бев концентрирана само на нивните балеа производи бидејќи сите други можеме и на друго место да ги набавиме. па се почестив со еден крем за тело, кој доколку сте љубители на мисирот на кокос и сакате да се чувствувате како едно слатко рафаело, ви препорачувам да го купите
Сте користеле нешто од козметиката на Alverde? Видов пудра минeрална, 30 грама 190 денари. Преееубаво мирисаше пудрата, многу освежително како преубаво кремче, не беше покривна многу, ама и онака барам за летово. А и доста хидратантна ми изгледаше. Некој искуство?
Кремчево е сон! Совршено е за периодов, и јас го препорачувам. Само и мене ме интересира колку е, зошто мене не ми е од Македонија, а планирам да се подновам пак со вакво
Кремот за тело од кокос е 165 денари за 500 ml.......... ПРЕУБАВ е, го користам и јас и сум презадоволна.
Ме густа, ме густа. Како што сите заклучивме производите на Балеа и Алверде (валда вака се вика) си се супер, другите се скапички. Од мое искуство: Шампонов го утепав од користење. Јас се туширам секој ден (понекогаш и двапати) ама еве го месец ден од отварањето на ДМ уште ми трае, одвај до пола сум стигната. Прекрасно мириса и на кожа, а плус бањарката ми мириса на него. Си го земав и регенераторот, од горниот ред тој најлево. Во живот не сум си ја сакала повеќе косата. Многу ме нервира што други регенератори ми ги уништуваат локните, ама овој супер ги обликува. Презадоволна сум и плус не треба кила регенератор да ставаш. На сите им го испофалив и баба ми ја частав, па богами и се бендиса. Ова прееска го земав и да не останам покуса одма го испробав. Мирисот по мој вкус ванилесто до крај. Дополнително земав и млеко за сончање со фактор 20 што супер ми одговара. Ем заштитува ем не е многу мрсен, а има некој неутрален мирис што многу ми одговара. А цената беше далеку пониска од сите други препарати.
И јас го барав минатата недела дездорансов од Ванила во ГТЦ и не го најдов Изгледа во тој другиот ДМ маркет има повеќе избор или ми се чини? Нареден пат ќе одам во другиот.
tigerlady идентичен вкус имаме И јас го зедов дезедорансот со мирис на ванила плус и оној розовкиот со мирис на pitaya, презадоволна сум од двата. од геловите за туширање нa Balea ги имам со 8 различни мириси, вклучувајки го и овој кој си го објавила и сите се преубави. Најновите им се сепак нешто посебно. Розовкиот Lovely Raspberry и портокаловиот Juicy Melon, преосвежителни. во однос на пилингот за коса, и јас го гледав овој од праска, но на крај се одлучив за Balea Repair Pflege Spülung и сум презадоволна. Ги зедов и млеката за сончање со фактор 20, одлична цена а во квалитетот не сумјам иако сеуште ги немам пробано. Чекам одморот по една недела Да ја споменам и обичната крема за лице Balea young, Soft Care feuchtigkeits Creme Gel, mit Vitamin Coctail. Преубава е, може нема веза но одкако почнав да ја користам и лицево мис е исчисти, здравето го немам чепнато.
Еј тој пилингот за коса ич не ми е јасен. Како можеш да правиш пилинг на коса?? А за дезодорансот од ванила, и јас прво барав во ГТЦ ама после стратешки отидов и до другово ДМ таму помалку луѓе идат и имаше доста дезодоранси останато. Проверете Многу слаба страна ми се шампоните, по дома ќе ме утепаат уште нешто ако донесам, па сега се контролирам. Иначе мирисиве..... И да се корегирам за регенераторот, од горниот ред тој најдесно (страни ми се многу слаба страна, две две ама ги грешам редовно).
Да, да јас имам две. Едната е за сончање со фактор 20 и јас си ја користам и за преку ден кога сум многу време на силно сонце, а планирам и за на одмор да ја земам затоа што за мојата кожа не треба повеќе. Не е претерано мрсна и не лепи како другите што многу ми се свиѓа. Плус не мириса на километар на млеко за сончање што сега е супер, на почеток на лето ставав од она од Галафарм и труев на километри. Вчера земав едно за после сончање. Тоа има баш нежен мирис на кокос и светки ама ептен се добри на исучана кожа супер ќе стои млекото. Е сега уште брат ми да не сфати дека има светки...