Одамна го нема и Гтц и кај Беко,а на Битпазар ми кажаа дека нема да има повеќе се надевам дека не е точно тоа.
Во ГТЦ стандардно нема многу од нивните производи. Брзо се трошат, но треба време и време за да се сетат и ги дополнат полиците.
И во ДМ кај Беко константно им фалат производи. Јас си прашувам-некогаш ги имаат во магацинот на продавницата и одма ми го носат тоа што го барам, но најчесто го немаат ни во магацин. Изгледа не очекуваа толку голема продажба, па правеле помали нарачки од Србија
Горе десно на амбалажата пишува limited edition. Најчесто, кај козметичките производи тоа значи дека ќе имаат ограничен период во кој ќе се произведуваат, и верувам дека нема да ги носат повеќе, бидејќи се работи за лосиони со тешки, зимски мириси, а доаѓа лето. Можеби грешам, но обично е така.
Во право си со делот со limited edition. Но за тешките мириси нема некоја поврзаност. Секој има различен вкус во поглед на мирисните тонови па некој и во лето сака тешки мириси. Колку за споредба и лосионот од чоколадо кој е limited edition и има јак мирис, сепак излезе неодамна иако наближува лето.
Па може и да нема, ама јас колку што знам, тешките ванилести мирисни ноти (не чоколадо) и слични се класифицираат како зимски мириси, независно од тоа кој што преферира. Барем така е со парфемите. Тоа што некој сака со Кензо Џангл да се парфимира во лето нема да го смени фактот дека се работи за тежок зимски мирис (ова само како пример го наведов).
Шампонот на Балеа ми е ок ( оној лилата го користам) ама ужасно ме нервира паковката. Кога сум негде до пола шампон ми треба за да го намолам шампонот да излезе од тубата .... или алтернативно, можда би требало да повикам пријател
Девојки мислам дека темава е соодветна за прашањево. Овие ваучерите што ги даваат за 15% попуст, важи за било кој производ кој не е на акција, или само на тие производи што се на него на сликата? И пример ако одам да купам повеке артикли еден ваучер ке ми важи за сите или само за еден производ?
Ептен се радувам што во Дм има убави миризливи свеќи со пристојни цени,јас сум голем фан на миризливи свеќи. И во Дм си ги наоѓам по отприлика 100 денари. Од профисимо,до сега ги имам пробано со портокал,јаболко и цимет и зелено јаболко. Супер се,околу 30 саати им е времето на горење,убаво мирисаат и фино изгледаат.
По некоја логика би требало да добиеш 15 % попуст на вкупната сума што треба да ја платиш, a не на еден производ
^ Последниот пат т.е.претходниот месец кога имаше ваква акција, попустите важеа за вкупната сума на сметката, освен производите кои веќе се на попуст.
И уште еден совет од мене - проверувајте си ги цените во локалните супермаркети Пред некое време Syoss шампоните во ДМ, беа 290 и нешто и тоа со 25% попуст, а во супермаркет 280 - редовна цена Не паѓајте одма на "попуст" цени
Јас не сум го видела никогаш Syoss со таа цена,обично се 250 во Дм,Рамстор,Веро а со попуст 189,199 зависи од маркетот
Љубов... Се истуширав пред некој ден и излегов, кога се вратив собата мирисаше на чоколадо... Колешката ми вика дека цел спрат мириса кога се туширам јас А и дечко ми се заљуби во мирисот Инаку, ги загледав кремите за лице Балеа Јанг оваа и на најзе сличните... Ми се видоа привлечни некако... Моментално користам од Гарние и сум задоволна, ама мислев да ги пробам... Препораки и жалби?
Моја грешка - на 190/180 мислев, грешно сум искуцала.. Како и да е, поентата ми беше дека во обичен супермаркет редовната цена е поевтина од онаа на попуст во ДМ