А во врска со купониве, еве имам купон и го искористувам, го зимаат на каса, и не ти даваат одма друг? Друг ке добиеш дури следниот пат ке купиш нешто без купон?
^ Нов купон даваат само кога има таква акција, односно во определен период со секоја сметка добиваш купон со 15% попуст за следната сметка.
Ама бидејќи ми го земаа тој купон еве деновиве да отидам ке ми дадат друг? Прашањето ми е зашо кога ми го земаа купонот не ми дадоа друг? Сеуште трае таквата акција со купоните.
Си купив балсам за коса на Алверде, оној прочуен во портокалово капаче, и ... Абе луѓе, сакам да ве гушнам некогаш, вака цела женска постава на Фемина што споделувате вакви работи и искуства, да се израдуваме и ние што не сме од Скопје, а се наоѓаме во одредено време таму, па да знаеме каде да одиме да си купиме и што да си купиме. Јас веќе не плискам пари на скапи регенератори. Две миења по ред, абе влакно не ми падна, а претходно клопчиња коса фрлав Ко демек ја обновува косата, абе да. Одлично се покажа. Дефинитивно - пробајте, кој не пробал. Имам земено доста работи од таму,ама го нагласувам регенераторот како најдобро нешто за мојава сува коса во моментов
Значи од последнава акција со купони за 15% попуст, купони се даваа со секоја сметка до 4ти април. Купоните можат да се искористат од 5ти април до 31 мај. Еден купон-едно купување значи кога ке го искористиш толку е, не даваат веке нови купони. И да ми препорачате добра крема за стапала балеа ,алверде?
Завчера купив кармин од ДМ ми дадоа купон,вчера го искористив си купив пудра, стариот ми го земаа ми дадоа нов, баш ја прашав девојката на каса дали е нов тој што ми го даде или искористениот ми го врака ми рече дека е нов и дека нареден пак пак ке имам 15% попуст до 31мај
Ете ми го одговорот. Затоа прашав ми падна малку чудно, додуше таа на каса си беше малку приглупава. Заборавила да ми го извади тоа металното од пудрата па почна алармот да свири и сите се ѕвереа во мене. Се вратив да и ја дадам кесичката, го извади тоа, и ми ја враќа само пудрата а кесата со останатите производи си ја задржа кај неа, и дадов еден поглед и свати. Башка не е точно тоа дека купоните се даваат до 4ти април
мене маската на алверде не ми е толку убава зошто онаа од hair care од лениново семе ли беше незнам ми ја прави поубава а со оваа маска ми е разлетана косата ,а за регенераторот незнам
Сакам да прашам дали некој ги има користено Балеа кремите за лице со уреа - дневна и ноќна, за сува кожа? Цената им е 189 денари. Спојлер Дали сте задоволни, ја хидрираат ли кожата и ја намалуваат ли затегнатоста? Дали се упиваат или пак кремот останува како слој на лицето? Дали предизвикуваат мозолчиња, црвенило или други несакани појави? Со еден збор - дали вредат или да не фрлам џабе пари?
Девојки, пуштете на МТМ, моментално има репортажа за фабриката на алверде, и за тоа колку се овие производи природни, ке се запрепастите.
Гелот за туширање од чоколадо и смоква го имате во ДМ спроти Палома Бјанка ( во редот ма Беко), денес бев и полни беа рафтовите каде што стои.
Деновиве планирам да си ја искористам картичката со попуст, пa меѓу другото сакам да си земам средство за пилинг на телото. Ќе сака некој од вас да предложи ако има некој од кој е задоволна? Сакам да ги пробам производите на Балеа само незнaм дали воопшто имаат вакво нешто
Веќе два месеци може и повеќе ги користам шампоните на Балеа, искористив две оние за волумен што се, а сега некој за регенерирање на косата сива/плава опаковка и стварно можам да кажам дека косата подолго време ми издржува без миење, имам мрсна коса и ја миев преку еден ден, во последно време можам и преку два да ја мија, супер се и ефтини за тие што често купуваат шампони како мене