Дај кажи повеќе информации, што кажаа за фабриката, баш ме интересира. Немам МТМ тука на Boom TV, додуша, не го ни видов ова кога си го пишала. Баш ме интересира, оти Алверде ми е број еден козметика.
Девојки се двоумам меѓу овие два производи, па сакав да ве прашам за мислење, гледам ги имате испофалено и двата. Иначе немам кадрава коса, немам ни права, ми се двојат прамени де ваму де таму И дали брзо се мрси косата ме интересира ..
Дивајн, и мене косата ми е ни ваму ни таму, ако ја исчелшам многу е поправа, ако ја оставам е со кадрици. Јас го имам овој портокаловиот регенератор и сум задоволна, после локните ми се поубаво оформени. И тоа потенцирам дека го користам само регенераторот од оваа марка, не и регенератор и шампон што значи не го нанесувам на коренот туку некои 5 см од коренот. Ако ти се мрси брзо косата, можеш да користиш неко друг шампон, а од овие само регенератор па нема да ти влијае многу на мрсење.
Јас ги користам и шампонот и регенераторот од првиот, презадоволна сум како ја негува косата, откако ќе се измие е фантастична ама многу бргу се мрси, за два дена веќе се осеќа, поготово ако ја пеглаш, ако ја третираш многу после миењето.
Јас од таа колекција на шампони ич не сум задоволна, ниту ја негуваат косата ниту ништо, само ја мрсат и ја прават сува како метла, зборам највеќе за more blonde.
Не можат и да ја мрсат и да ја прават сува, јас имам мрсна коса и сум многу задоволна од нив зошто ја прават косата посува и подолго време издржува без миење, а регенераторот е доста течен што не ми се многу допаѓа ама кога ке размислиш баш поради тоа и не ја прави мрсна косата.
Значи морам веќе да ги кријам геловите за туширање оти маж ми незнае веќе да се снајде во бањата од нив .Ги имам коро сите од Балеа,што кога не можам да им одолеам на прекрасните мириси На секое идење во ДМ јас купувам гел за туширање! Еве за љубителите на шумско овошје и цреши(како мене),свежи гелчиња таман да ни ја доразубават пролетта -Гел за туширање од цреша,95ден И следново ,105 ден
Мила шампонот ја прави сува како метла ,значи косата нема никаков сјај и изгледа премногу оштетена , доколку пак регенераторот ја мрси и не се познава никаков ефект, Нема везе тоа е индивидуално, јас си кажувам мое искуство и не би го купила повторно никогаш.
Ќе и` кажам јас на симонче убаво. Дојде, фрли бомба и исчезна! simoncelicius ајде доаѓај и кажи инфо, да видиме и ние за Алверде фабриката, оти тука сме многу што ја користиме секојдневно, ептен ќе ни значи. Фала многу
Ми треба совет за некој добар шампон од Балеа или Алверде, кој не ја мрси косата, а е за фарбана коса? Ваши впечатоци? И исто така дали некој ја користел 2 минутната маска од кокос за фарбана коса и каква е, дали има ефект и дали ја мрси доста косата? http://faithfry.com.hr/?p=2490 Ме интересира дали некој ги користи шампоните од Алверде, никаде не се спомнуваат тие шампони/ Јас пред извесно време купив од Алверде шампон за руса коса, но многу ми ја заплеткуваше, мрсеше, не пенеше воопшто и на крај го користев за миење раце http://faithfry.com.hr/?p=2490
Јас ќе ти одговорам на едно прашање, тоа за 2минутната маска мене ми е многу добра, воопшто не ми ја мрси косата, ја нанесувам на цела коса, но не и на делот на главата односно кај корените. После тоа косата навистина лесно ми се расчешлува, мека е на допир и некако свиленкаста, а и плус многу убаво мириса и тоа во текот на целиот ден. Така што ја препорачувам.
Јас користам еден шампон од Балеа за руса коса, мене многу ми се погоди. 100 денари е, ама косата ми ја омекнува, ми ја прави посјајна, полесно ја расчешлувам и, барем на мене така ми изгледа, малку ми ја осветлува. За мрсење, мене косата со шампонот ми се мрси после 3-4 ден.
Јас ја користам дневната и можам да кажам дека нема доолго време да ја сменам. Дефинитивно хидрира, се впива, дури и местата кај што ми се лупеше кожата ми исчезнаа. Немам никаков проблем со црвенило или чешање или нешто слично. Само 5+ за кремава.
Не знам зошто не можам да го најдам Балеа сувиот шампон,тој во вид на спреј што е,во зелена боцичка(не можам слика да најдам). Го барав во Дм во ГТЦ и кај Беко и го нема.Ако некоја го види пишете тука да знам. Исто и аглестата четка од Есес,ја нема ниту во Дм ,ниту во Космо.
Завчера бев и си купив коректор на She од овој и задоволна сум од овие два пати што сум го ставила, убаво прикрива, не е многу мрсен таман, плус не е ни скап околу 150 денари беше. Си купив и маска на лице на Балеа, тоа беше веќе проверено, стварно е добра баш вчера вечерта си ставив, само позитивни коментари, лицево супер ми е
Дали ги имало овие од лубеница кај нас до сега? Сакам да ги донесат им го замислувам прекрасниот мирис ммммммм Ова си го земав пред некој ден преубаво мириса и има малце светки ама не се приметуваат. А и некако маслен лосион е и ја прави кожата ептен мека
Преубав летен мирис на ананас и кокос, совршен е за овој временски период. Буквално има мирис на коктел со ананас.
Убав, летен гел за туширање. Мириса на џус од грејпфрут, како тазе исцеден врз кожата. Одлично за лето.