Ај ја да ги пофалам туфериве за вадење шминка од очи. Многу се нежни и многу убаво ја вадат шминката.Предходно ја вадев со памук и бекутан но последниов пат толку ме печеа очите од Бекутанот ми идеше да си ги извадам од глава,а и пак ми се познаваше црно под очи од моливчето. Овие темелно ја вадат шминката и не ме печат oчите од нив.Така да 5ка од мене имаат.
Човек просто не може да се откаже од убавините на ДМ и Балеа Ваучерот со попуст мораше да се искористи! Си ги земав следниве продукти: - мириса остро и на какао, но ми се допаѓа. Си го користам веќе втор ден, ќе видиме како ќе се покаже. - за 123 денари, навистина вреди. Мириса на парфем и долго се задржува на кожата. Сличен ваков мирис извадија и Fa, но ова повеќе ми се бендисува. - се двоумев меѓу ова и едно на Алверде. Ама некако по мирис и структура, решив ова да го пробам. И еден омекнувач, за само 89 денари, малку да сменам. Исправ бели алишта со него вчера, некои ги наредив и по радијатори, има благичок ама некако софистициран мирис, не е нападен. Ич не сакам кога алиштата ми мирисаат на тежок омекнувач. Еве го:
Во ДМ баш вчера заприметив ги имаат донесено и производите на I Love ... Cosmetics. Сите до едно се љубов! Особено колекцијата од манго и папаја - најпрекрасна на цел свет!
Дојдов и јас да го пофалам гелов за туширање. + Дезодорансот од истава колекција е љубов!Многу сладок мирис има, во вистинска смисла на зборот
Вчера видов еден гел за нокти на she мислам дека беше 160 денари беше дали го некој има користено и ако може да ми каже дали е убав и дали му треба долго време да се исуши и дали се суши во оние што се печките како за надоградба на нокти бидејќи на него пишуваше нешто како за подраснати надоградени или гелни нокти.
Ако мислиш на она Gel Re-fill, тоа не е гел за нокти, туку многу густ top coat. Јас го користев и со оглед на фактот дека е многу густ, не се суши долго. Убаво ги измазнува ноктите ако имаш ставено некој груб светкав лак, ама за гел не сум премногу сигурна дали ќе го измазни. Патем, си ја купив купката од I Love... со мирис на ванила и сладолед. Најпрекрасно нешто што сум купила во живот! Мириса феноменално и ја прави кожата мека и убава!
Ептен ретко купувам од ДМ, да не кажам 2 пати годишно кога ќе видам нешто ептен на попуст. Зошто? Затоа што освен Балеа и Алверде друго се им е поскапо од сите други парфимерии и маркети кај нас. А Балеа и Алверде не ги сакам ич, имам пробано неколку производи, за миење лице, за тело, за сунчање и сите испаднале тапа. Сувата кожа ми ја досушуваат, посебно за лице производите на Балеа, ептен не ми се погодија. Лосионите и геловите за тело исто така не ми се допаѓаат, некои претешко и преблаго мирисаат, и повторно, кожата перута и се суши. own:
Исто, не се баш пронајдов ни јас (неможам да се поднесам ако мирисам на некоја воќкица или некој друг јак мирис) но после ова што денес ми се случи нема веќе да стапнам таму. Појдов по влажни марамици добри им се оние од бејбилов, успат имаше некои акции меѓу кој и шампон за коса на кој јасно стоеше цена со картонче дека е 119ден на каса ми го куца 159ден. културно ја прашав зошто? и и` го вратив на касиерката. Со поглед ќе ме убиеше а јас само се насмевнав
Овие ај лове козметикс ги има насекаде, и во Кoсмо и во Рамстор, ама купките сега во дм се на попуст по 232 а на други места се по 300+ денари. И јас земав од ванила, само зашто немаше од чоколадо. Кремот за тело е преував, купката уште не сум ја пробала. Има и пилинг и крем за раце во Дм. Земав морска сол за купка, ми ја пофалија дека била убава ептен, со купоните за -15 42 денари искочи, морам да ја пробам.
Од I LOve има во Космо и се по 330 денари, АМА со секој купер производ добивате путер за тело гратис, исто и во Рамстор има, ете зашто се у ДМ на попуст, не ги хејтам ја за џабе
Во Битола слабо ваква продавница, м? Пошто гледам дека многу ги фалите производите, па сакам и јас да ги пробам
Славица тие што се на попуст не им важи попустот со картицата Инаку вчера пак да искористам купонче ,ах ама лажи купонот,и купив шампон и регенератор за коса Балеа ,за сува и оштетена коса,и две млека за тело.Оној со ананас и кокос,патем не ми се допадна ама го купи бе ,и манго и грејпфрут.Овој последниот е ок за лето,свеж ,ама многу се лепливи бе ни х од хидратација само за мирис се.Ајде битно маж ми ги обожава,синоќа се нашлакав не можев да го одлепам од мене За шампонот и регенераторот после ќе ве известам,eве ги Патем,сте го користеле ова?Со светки е или како ,се мислев дали да го земам...
^ Да, и јас заклучив дека тие лосионите со Ананас/Манго многу лепат, ама ги шлакам од истите причини како Ели. Фино мирискаат, па ептен па заедно го купивме, ми правеше друштво, го шлаев по продавници, па си се шлапкам и си ќутам. Елдената не го мењавам, значи подобро млеко за тело, за мене нема. Мириса на чисто и на бебе.