Ми го купила мајка ми зелениот шампон демек бил подобар значи не згрешила и секако одма го пробав и осетив разлика .Деновиве ќе купам и балсам и маска (ампули нз дали има) и очекувам добри резултати ,навистина ми е потребна обнова на косава
Кога ќе одам во ДМ (и нормално ќе си купам нешто денот одма ми е поубав ). Денес уште сабајлечки си бев, си купив работи и многу сум среќна сега обавезно, кога и да влезам без маска не излегувам, љубов ми се, ептен сум задоволна. убав, свеж мирис, баш за во лето да си мирисам, е сега незнам колку трае затоа што прв пат купувам ама океј од дамна си сакав нешто вакво, и сега си го купив, неам поим ни какво е ни како делува ама ете, таква сум си И на крај најважното! Отидов по Евелине да ги пробам, и ги видов овие на акција беа 3 по 150мл, за 278 денари и ми текна дека тука читав позитивни коментари ( што би ја без вас ) и си ги земав
Спојлер Спојлер Го имам шампонот од кајсија и гелот за туширање од манго. Морам да кажам дека ниту еден не ми одговара.Шампонот ми направи некој чуден првут,а гелот мириса убаво само кога е во шише.Комплетно поинаку мириса на кожа. Нема повторно да ги купам.
Ако си толку години како што е напишано на твојот профил, не ти е потребно вакво нешто. Не само што не ти е потребно, туку и никако не е препорачливо да почнеш со употреба на тие години. Колку само не сакам кога на линиите не е нагласено од колку до колку години е препорачливо да се користат одредени производи Во козметиката има едно правило: производите кои ги користат помладите, може да ги користи секој и во поодминатите години. А оние производи кои се наменети за позрела кожа, никако не смеат да се користат од стана на оние со млада кожа. Очигледно е зошто е така. Или веќе кога компанииве „не гледаат причина“ за нагласување на годините, да се знае дека доколку производот е наменет за затегнување накожата, дефинитивно не е потребно и не смее да се користи под 30 години. Затоа ги ценам компаниите кои го разбираат ова нешто. И затоа козметиката најчесто ја земам или порачувам од овде (спојлер бидејќи долг е линкот) Спојлер https://www.facebook.com/pages/Декоративна-козметика-и-нега-на-тело/319748168059780?ref=hl Си има нагласено и нема промашување...
Мене всушност намерата ми беше да купам нешто за намалување на изгледот на уморни очи и слично, ама ете, ќе заврши како поклон за мајка ми Инаку вчера пак бев, сакав да си купам пилинг за тело и го земав на Балеа, од зелен лимон и јогурт, убаво свежо мириса, сега баш го пробав, на кожа не мириса нешто јако, океј е, не ми ни беше намената за да ми мириса, битно функцијата си ја врши - кожата мека и мазна, и внатрешните влакна ндвор.
Имаше еден крем за стапала, прочитав убави работи за него овде, но сега неможам да најдам. Малку помош
Ovoj proizvod e super go najdov vo Dm vo Srbija organski e i poslem depilacijata nemam nikakvi crvenila ..se na se zadovolna sum...
Мислам дека ќе банкротирам веќе, ама неможам да се воздржам Месецов дека секој ден сум во трговски и си влегувам во ДМ ииии неможам да искочам ако не си купам нешто Мислам приметивте, секој втор ден пишувам Сега си ја купив маската за коса на Алверде и тоа заради вас, читав тука сте ја утепале од фалење а јас уште не сум ја пробала Земав и маска за лице веќе 100 пати сум ја испофалила, и ќе потпишам петиција да направат во големо паковање! И... брза кучка слепи кучиња.. Тој серумот за очи што го купив нели заврши кај мајка ми, па сега си го купив гелот за околу очи затоа што такво нешто и барав Сега планирам уште гелот за туширање и кремата за тело од кокос да ги купам и толку...Реков веќе пауза правам малку, ќе видиме до кога
девојки ќе ве молам да ми кажете некоја добра крема за самопотемнување на кожата,барав по маркети денес не најдов никаде дали има во дм и од прилика цена фала ви поздрав
Не знам дали во ДМ има такво нешто, јас пред неколку години имав од johnon i johnson сега незнам дали ижте ја има.Тогаш ја купив од Веро и многу беше добра. Треба да има такво нешто од Нивеа.
Зависна си, мој совет е да посетиш психијатар Како и да е те разбирам затоа кога одам во Ситимол кружам гооолем круг за да го одбегнам ДМ да не влезам, после ке се гризам за га*от
Да, сите се лечат од алкохол, дрога јас од ДМ ќе се лечам, нова болест Не, еве колку дена веќе ништо не сум купила пу пу...
Го имам купено сувиот шампон на Балеа тој во плаво паковање ама ич не ми се свиѓа. Дали некоја од вас го има користено другиот сув шампон од линијата Trend it up (исто на Балеа) и е задоволна?
Више 3-4 месеци редовно ги користам тие шампоните од Балеа во туба што се, и на почетокот ми беа океј, ама во последно време многу првут ми се појави и косата на допир ми е некако многу сува и тешка за чешлање... сега се мислам пак да си се префрлам на Head&Shoulders за да ја оправам малку или пак да земам некој друг од Балеа, не тие во туби можеби се подобри до некаде, anyone ?
Баш вчера ги загледував цените на производите во ДМ.Само на Алвереде и на Балеа имаат некоја пристојна цена ,другите производи се поскапи.Еве на пример ,млекото за тело на Афродита од грозје во Космо е 303 денари ,во ДМ 359 денари.Цели 56 денари разлика.Немаше избор некој на геловите за туширање на Балеа,го имаше тој од гуава,кога го помирисав ми дојде ист како оној од Кам кој е 55 денари. Вчера не потрошив нешто страшно,што знам не ми се виде ништо интересно.