Јас вчера бев да си земам маскара, ама ми рекоа дека уште од завчера им завршиле и немале да добијат повеќе.. А вчера случајно го отворив нивниот каталог и го прочитав тоа за маскарите и викам ај ваљда ќе имам среќа да си земам една, ама ете ништо
Јас сабајле бев и ми рекоа дека демек им се потрошиле лажги со опашки нема везе знаев дека ке биде така иначе вчера си ја купив од ДМ Maybelline Rocket, втор пат ја зимам и ептен е добра, намалена е 255 ден
КОга им се потрошија жити се за два дена тогаш во космо ухуу еден куп денови траеше само штета немав маскара на гош дома ама другарка ми си зема уште тогаш и бааги е задоволна од неа ццц има 4 дм во Скопје зар во сите им се потрошиле? а баш сега планирав да одам кажете ми Cence и kiki4kablondy во кој дм бевте вие да не одам таму за џабе?
Немало во ниеден веќе. Тоа било промоција која траела додека има залихи, по околу 200 парчиња имало во секој ДМ. Па ништо, толку е. Јас многу ги сакам на Гош маскарите и воопшто декоративата (ептен ми се погодени), па сметам дека и оваа што ја даваа сигурно била добра.
Официјално немале никаде веќе и тешко дека ќе добиеле, вчера и завчера се им се испотрошило. Тоа е тоа џаци, повеќе среќа следен пат.
Јас вчера сабајле, пратив стара маскара на Дебора по маж ми, и кога ми ја земал оваа на Гош му кажале дека е последната таа што му ја дале, дури и кутијата му ја покажале. Убава е масарата, за издолжување е.
Последно од Балеа си купив пилинг за тело, лосион за тело (од тие летните ) и маска за лице и маска за коса во мали пакувања. Од сите сум задоволна, само лосионот малку ми е чуден оти откако ќе се намачкам како да ми лепат малку рацете :/ а на тело е супер, не знам оти така..
Јас имам едно малку глупаво прашање . Каде во продавницата кај ГТЦ се наоѓаат спрејовите за тело? Значи цела ја пребарав ниту еден не најдов. Видов, а и земав од Алведере, имаше и од Фрутини ама јас барам од Балеа како овој на сликата за кој што на страната на ДМ пишува дека го има, а може и друг ако воопшто има.
Јас имам видено спрејови од Балеа,одма кога ќе влезеш во ДМ право во тој ред со производи,на почетокот.Се надевам дека ќе пронајдеш.
И мене ме интересираат овие и колку чинат и во кој ДМ ги има, зошто вчера поминав во Ситимол не ги видов, anyone ???
Јас за летово земав млеко за сончање фактор 30 Sun Dance, едно големо пакување од 300мл беше мислам 349 денари. Структурата му е малку по течна од други што сум ги користела, ептен лесно се размачкува и остава ептен слаб бел слој на кожата. Малиот мој 8 дена го мачкав со него, беше буквално по цел ден во вода на сонце и воопшто не изгоре. Плус е големо пакувањево, и јас цел одмор се мачав со него.. Можам да кажам дека сум ептен задоволна. Инаку ги има во сите ДМ, неможе да ги нема, тое е нивен производ и со сигурност го имаат. Јас го земав од City Mall, цела една гондола им е со Sun Dance производи. Еве вакво земав:
Jaс земав едно млеко за самопотемнување на SUNDANCE, 200 денари - ме залажа цената, тогаш и никогаш повеќе. Дава некоја одвратна портокалеста боја, далеку од бронзена како што пишува на опаковката. Јас се ишарав така убаво со него, кај бев целата шарена по тело, кај и рацете не можев на крај да си ги измијам и од внатрешна страна дланките ми беа портокалови. Тоа беа тие моменти кога испробав се можно за да ја извадам бојата, а спасот беше када полна со лимони.