Во ДМ не се, јас отидов да си ја купам мојата водоотпорна 385 денари ја направиле... а во космо е доста поефтина за разлика од ДМ.
Добар е доколку ја пеглаш косата/фенираш, го имам користено и навистина ја скротува косата и послесно се оформува Покрај тоа и прекрасно мириса(барем мене), за таа цена е одличен
Ги земав кремов за тело и гелот за туширање и можам да кажам дека се најпрекрасното нешто што сум го ставила на себе, посебно кремов!! Баш прееска се бањав и еве уште мирисам на Рафаело колаче
Девојки како сте вие задоволни од маските за лице на Балеа? Јас си земав пред некој ден една со екстракти од мртво море но некако не ми пријаше добро. Кога ја ставив на лицето многу ме печеше и се осекав ко зацементирана, едвај чекав да помине предвиденото време за да ја извадам. Нормално ли е тоа или можеби јас имам многу осетлива кожа па затоа ми е така?
Јас ја имам користено таа ( како и повеќето други маски на балеа) и сите добри ми се покажале ептен, мене не ме печеше лицето воопшто ништо не осеќав, освен нели што се стврдна па неможев да го мрдам лицето И добар ефект ми имаше незнам.. јас сум многу задоволна од маскиве
Јас од Дм во Босна си купив гел на Есенс против бубулички и флеки од бубулички и стварно помага. Имаше и гратис маскара со него,и тоа све за 2,65 марки(околу 80 денари),ама не е воодушевувачка маскарата,онака,ок е.А гелчето...ефикасно е премногу.
Еве слика од гелот,малечко е паковањето.Кај нас незнам дали го има,ќе проверам деновиве,при крај ми е ова.
Ќе ми пише ли енкој во кои градови го има ДМ Сакам да знам ептен ме навлековте морам да пробам несто од Балеа
Некоја од вас да го купила маслово? Сигурна сум дека е добро, зашто читав многу пофалби од блогеркиве за него, ме интересира која цена е?
Феминки да не знае некоја од вас дали се уште во има во ДМ тоа каменчето за пети што го фалеа низ темава со сулфур мислам дека беше ? Фала однапред