Може ли да ми препорачате нешто од дм производите против црнки за комбинирана кожа? пошто од тие маските незнам која да ја одберам дали има ефект некаков
Балеа кремот за тело од кокос,брзо се впива во кожата,добро ја хидрира а воопшто не е мрсен има пријатен нежен мирис на кокос кој доста долго се задржува,за лето е одличен. 500мл-175 денари
Навистина е прекрасен...После сите ваши пофалби отидов и си го купив и еееееее...МММММММММММММ... Имам прашање... За мајка ми крем од Балеа со Q10, она за брчки за лице дали има и дали сте задоволни... Таа користеше од Нивеа, ама онака вика ништо посебно не осетила..
Обично сум скептик кога се работи за менување на антиперспиранти но овој позитивно ме изненади. Супер мириса и е долготраен.
Пак јас со маслинкиве ја купив пред една недела кремава, многу убаво мириса, а богами и делува. Во план ми е летово да ги пробам и кремите за сончање, не би требало да се лоши.
Утре планирам да тркнам по убавото време, да ми препорачате некој добар регенератор или маска, подобро сепак првово, што дава сјај или убаво мириса? Или по можност и двете... се фарбам инаку, но не е пресудно, најретко земам регенератори за фарбана коса...
Јас земав маска со праска, јао како мириса, прекрасно. A e баш за фарбана коса. Дури еднаш еден фризер ми кажа подобри се маските за фарбани коси, подобри биле во однос на нега на коса, содржеле подобри состојки. Е сега нешто да сум презадоволна не сум, просечно, а за 120 денари (тука некаде мислам беше цената) е сосема ок. Како и секоја маска е, на ранк на елсеве мож, мене некако ми ги расипаа маскиве, порано подобри маски за коси имаше. Елсеве не е тоа што беше, така да ако бирам Белеа пред Елсеве ќе ги ставам, а цената на Белеа е 2-3 пати пониска. Мене ме нервираше што ова беше единствена класична маска, другите маски им се во пакување во кесенце, за 2-3 пати дал ќе има. Регератори има мал милион, јас па ич не користам регенератори, мислам дека маската е подобра опција. Следен пат планирам да си го земам ова од кокос, како мирисаше прекрасно и јако. А и пишува 2 минути да се држи, значи како маска е вајда. http://1.bp.blogspot.com/--Ju_BE5niTY/T ... G_4437.JPG А Giovanna кремата што ја постави ја земав и јас, најдобрата крема која што сум ја користела до сеа у животов!
Жени, тоа кремите за сончање, чинат ли нешто? Ја читав Даничап дека се океј. Јас сакам со висок фактор затоа што и онака сум темна и се пикам под сенка, не сакам дополнително да поцрнам. Планирам утре да си ги земам и гелчињата за туширање, млеко за тело, а и нешто против целулит.
Можеби не ми е на место прашањево, ама сепак поврзано е со ДМ (од тука ги купив). Сте ги користеле на Ziaja сапунот за туширање и млекото за тело од козјо млеко? Како сте задоволни?
Ги испробав тие SunDance (ако мислиш на тие, бидејќи јас претходно прашував за нив) и дефинитивно се супер се покажаа и за тело и за лице. За лице земав 30 фактор, а за тело спреј 20ка и немам никакви замерки, кремите се одлични.
Си бев вчера на раат, си изнакупив евтини чудесии. По препорака на Роси - овој регенератор/маска за коса, што се држи 2 минути. Има мирис на кокос, ја прави косата сјајна, мека и екстра лесна за расчешлување. Ама дека шири некој лелеав мирис на кокос откако ќе се исуши, тоа малку потешко. Сепак за тие пари задоволна сум, важно има сјај. 105 или 95 ден, не се сеќавам, не ме фаќајте за збор. Лосион за тело од диња. Лимитирани изданија се овие, има и од киви. Ова е лесно, брзо се впива, не е воопшто мрсно, а остава убав и долготраен мирис. 95 ден. Овој дезодоранс во мини пакување за во ташна, има малку појак и поостар мирис, ама мене ми одговара. 50 ден. Спреј за тело со ефект на ладење, остава суптилен мирис на зелен чај и нане, свежо и освежувачко, не мириса нешто прејако, сосем летно и суптилно, и најважно - не горчи на кожата кога некој ќе ве бубне. 150 ден. За тие пари екстра сум задоволна.
Линијава на Зиаја од козјо млеко е совршенство! Сум го користила кремот за туширање, не мириса некако посебно (сапунест мирист има ) ама кожата ја остава многу мека. Мајка ми беше презадоволна од дневната, ноќната и кремата за очи од истата линија. Јас ти препорачувам да ги пробаш. Не е нешто модерно, миризливо и свежо, ама е природно (колку што може да биде сапунест производ и лосион) и многу хранливо за кожата.
Бев вчера, на мали и скромни припреми за одмор. Искористив додека сум во Скопје да земам добар дел од работите што ми требаат по евтинки цени. Да ви кажам, за 800 денари купив 7-8 работи. Спојлер Фитогал антицелулитен гел, секаде е нешто повеќе 130 денари, во ДМ е 99, па што да не. Спојлер Отстранувач на лак за нокти без ацетон, 49 денари мислам дека беше, а е големо пакување. Спојлер Пена за бричење, 120-30 денари. Вчера ја испробав под мишки, океј е. Малку е сува, очекував помрсничка, ама океј е. Спојлер Најевтиниот препарат со 50ка заштитен фактор. Значи поевтино од ова нема да најдете. 100мл е, тубичка, ја земав 200 и нешто денари. Чисто споредбено, Нивеата е негде 600-700, зависи каде ќе ја најдете. Мириса чудно, ама ако врши работа, ич не ми е гајле. Спојлер Млеко за тело, 500мл, 170 денари. Сакам мириси на сапун, на чисто, намерно земав вакво, најнормално. Мене ми е океј, лесно е, не е мрсно, таман. Спојлер Ова го земав онака, ме чешаа парите во џебот, 95 денари. Вчера се бањав со него и убавко мириса. Не е којзнае колку траен мирисот, по саат-два го снема, но мене ми е океј. И не ми ја суши кожата, мекичко сум после. Флафи. Спојлер Гел за туширање, повторно со најобичен мирис. И овој мислам 90тина денари беше, евентуално 100. За тие пари, петка квалитет. Абе германско си е германско.
- крем за стапала, веќе ми е при крај. После секое туширање нанесувам. Има малку силен, пеперминтов медицински мирис, ама ептен ги омекнува стапалата. - кога се мазам со ова, мислам дека ќе се самоизедам! Мириса на ванила, крем, сладолед, лимета, воздушести шеќерни облачиња! - крема за раце и нокти. Не сум забележала некоја преголема разлика од други креми, ама мирисот е премногу нежен и ме потсетува на детство. - го имам првиот, и мало и големо пакување. Големото си го користам навечер, зошто има јак ванилест мирис. Малото во чанта, за секој случај.
Исто. Си ги обожвам овие две. Првото е единствениот спас за моиве стапала од жешково. Во исто време ги разладува, омекнува. А кремот за тело ќе го изедам, ќе почнам сама да се гушкам и грицкам
Имам земено неколку производи, особено ми се допаѓа кремата за сува коса, реално многу ми ја ревитализираше. Денес земав уште неколку производи, морам да кажам дека сите прекрасно мирисаат особено шампонот од кокос и млеко, и гелот за туширање од гуаве. Млекото за деца со заштитен фактор 50 е многу пофтино од останатите брендови. Се надевам дека и ќе се покаже како квалитетно. Си купив и пудра за стапала, четка за заби, travel tooth brush која се пакува *не можам да најдам соодветна слика*.
Офтопик, ама чисто информативно за сите оние кои допрва ќе одат на одмор, а им треба 50ка фактор. Во Кам маркетите има млеко во спреј, 200мл- 250денари. Значи има и поефитно од ова Веќе го испробав, и навистина си ја врши работата