Што е со ДМ-от во ГТЦ? Бев пред некој ден и полупразен е, на штандовите за шминка немаше скоро ништо, беа многу слабо снабдени. Патем, намалени се маскарите на Maybelline, меѓу кои и новата Rocket која планирам да ја набавам
За шампоните можам да ти кажам нив ги имам користено и многу сум задоволна, моментално го користам балеа витаминскиот, а претходно и против опаѓање на косата , и од двата сум многу задоволна и ги користам подолго време ..
Јас лани го користев и не сум задоволна, малку има вкус на ванила (што ми е мене ) и нема баш сјај. Јас не би го купила по втор пат.
Пред некој ден влегов во ДМ во гтц и го видов овој парфем, ми изгледа убаво и по примамлива цена, но бидејќи тестерот беше потрошен а за поклон ми е, ако може некој што го користел да ми каже впечатоци
Го имам купено пред 5-6 месеци, меѓутоа иако на почетокот има некој нежен мирис,да не те разочарам ама воопшто не е постојан... половина час откако ке се прснеш не останува ни трага од него. Оцена од 1 до 10, слаба 1.
Девојки наскоро нов ДМ маркет и во Веро-Центар!!!!! Денес бев горе и гледам турбо се работеше!!!! Надвор со бојадисувањ, а внатре со редење на роба!!!
Има Дм во Ситимол, на битпазар, во гтц, во градски ѕид.... на тие ми текнува......мислам дека и се тие