Јас од оваа фирма го земав тој Enigmatic,убаво мирисаат но воопшто не се трајни,за истите пари имаш во Golden rouz парфеми,јас користам еден од таму и многу потраен е од овој
Во DM ги видов преубавите гелови за туширање на Subrina, посебно тие од чоколадо и портокал...Преубави и квалитетни, а ниска цена(околу 100-120 ден)...
Серумот е за хидратација и е одличен за сите типови кожа. Јас имам комбинирана кожа и сум многу задоволна. Најчесто го користам пред нанесување пудра и пред спиење и спречува лупење на сувите делови на лицето.
Девојки во тој ДМ кај бит пазар, има нешто останато од понудава на Есенс за 85 денари? http://www.femina.mk/out/?id=5315d6510f ... 3241_n.jpg Инаку кај ви е тој ДМ кај градски ѕид? Прв пат го слушам местово.
Денес разговарав со продавачката во ДМ во врска со оваа крема за тело, рече дека симпатично мириса, но дефинитивно не брка работа ако имаш сува кожа. Значи добар мирис, слаба хидратација. Мислам дека чинеше 175 денари.
Се мисли на ДМ кај Беко што е, до Просветно дело. Таа редица од зградите (спроти ТЦЦ Плаза) се вика Градски ѕид.
99 ден. се сите шампони од овој вид. (барем толку беа последно кога ги видов) Јас имам од тој за кафеава коса и преубав беше.
Ви благодарам девојки. Јас вчера бев, среќна што си го купив шампончево, влегувам да се мијам, кога гледам балзам сум земала. Абе ќе си пукнев. Ќе одам деновиве пак, па ќе бидам повнимателна.
Прееска бев во DM и си ја купив оваа крема за раце, за 73 ден, преубава е,на Евелин- И ова парфемче го земав, овошно, 369 ден, ама мириса преубаво и плус 100 мл е...
Јас да ве известам ако не знаете... Се отвора нов ДМ маркет во Веро Центар. Мислам дека од сабота ќе почнат со работа.
Да на балеа има силиконски капки јас имам едни со виолетово капаче , незнам која цена се одамна ми е , иначе многу сум задоволна супер се и имаат прекрасен мирис
Феминки дали во дм има масла за коса (мислам на кокосово баремово ореово и сл )? Слушнав некој муабет дека имало некое масло но досега не сум видела. Ако некоја од вас има користено нека каже искуство , цена ..