Досега немам ништо купено од ДМ (иако неколку пати имам влезено, ама забележав дека цените на производите се повисоки од оние во маркетите и аптеките, освен за Балеа производите). Сакав да прашам - користел ли некој Балеа крема за раце? При крај ми се кремите за раце, обично од Авон порачувам, ама сега сакав да сменам. Некој крема од која сте задоволни?
^^ Ана кремава јас ја имам. Предобра е за сува кожа, особено во овие студени денови. 109 денари мислам дека беше
Девојки, неодамна го купив гелот за туширање со мирис на мандарина и премногу ми се допаѓа, па ме интересира дали има и таков лосион за тело ? Баш би сакала да си купам, зашто и онака оној кој го користам моментално ми е при крај.
Ја користел ли некој оваа маска за сјајна коса од балеа, да каже искуство. Ја има на акција, па сакам да ја пробам.
Имам на странава претходно пишувано за кремава, прекрасна е и преубаво мириса...Ја има во DM за само 73 ден...
Iзвини со малку задоцнето мислење бидејќи сега го процитав ова. Mорам да ти казам дека ја ги користам производите на Aлверде и сум презадоволна. Сјајт и руменилото 2 во едно се прекрасни, коректорот е навистна многу добар исто и доста лесен е, и руменилото кое што е во тврда состојба е навистина добро. Oва се производите што ја сум ги користела и за нив мозам да гарантирам испробано е...
Имаат ли овие Балеа некои добри маски за лице, знам дека порано постиравте едни во кесенца, од се и сешто имаше разни. Нешто друго да ми препорачате, не мора да е на Балеа, може Алверде или нешто сосема трето. Во потрага сум по маска за лице, а немам идеја каква да земам
Карина, мора ли да биде Балеа или Алверде? Јас веќе долго време користам едни face food, посебно ете оваа со алги и морска сол, па ако имаш комбинирана или мрсна кожа, верувај дека ќе те препороди. Многу убаво мириса и многу убаво го чисти лицето, а и не е скапа - двете пакетчиња се 48 денари (ја има во сите маркети, ништо чудно да ја има и во ДМ, а јас ја купувам од Тинекс), а во една кесичка има смеса за два пати. П.С. Има и други видови - пилинг маска со авокадо и оревче, за сите типови на кожа со јаболко и краставичка, па со невен и сл. Протарашкај таму низ одделот со маски за лице, ќе ги најдеш сигурно. Овие Балеа ги меркам и јас одамна, ќе купам некоја кога ќе одам по лосион за тело. И дај, аман-заман, кажете дали има со мирис на мандарина или да си барам некој друг.
https://www.dm.de/de_homepage/balea_hom ... oo-cocos.h Денес додека барав нешто друго низ ДМ случано го здогледав шампонов и како и за се што содржи кокос, не можев да се воздржам да не го купам.... limited edition е, се надевам ако ми биде убав нема одма да го снема...сакав да прашам дали некој го има користено и да ми каже дали е убав?
Фала Мишела, баш ќе ги земам маскиве, Тинекс ми е преку пат. Инаку денес поминав до ДМ во Веро Центар и си земав од кремата за раце на Евелин, маскара и лосион за тело. Овие два производи ме заинтригираа, се замислив дали да ги земам па со оглед на тоа што утре секако морам да поминам од таму си реков прво да прашам за мислење, па утре да ги земам или да земам нешто друго за иста намена. Алверде clear крема за миење со лековита кал Алверде натурал лајт течна пудра, за осетлива кожа Ова кремава за миење на лице беше околу 250 денари, ми се виде интересна. Пудрава ми е чисто за до факултет, колку да ставам нешто со минимална покривност на лицето, не очекувам ништо посебно од неа, битно да е лесна и да не ги затвара порите за преку ден, да не се познава, не ми ни треба некоја покривност. За вечер си имам добра пудра. Ако некој ги пробал нека пише, ако не можда ќе ги земам на жими мајка, не се скапи. едит: дали некој го видел во било кој ДМ тробојниот коректор на Алверде, оној што има кремаста, црвена и зелена боја, кружно пакување слично како тој на Есенсе. Јас прееска не го најдов ?
Оваа кремава ја има и во помала верзија ако сакаш да ја пробаш, можеш таму кај касите да ја најдеш. Мене лично не ми се допаѓа, одвратно мириса
Како сте задоволни од козметиката на АЛВЕРДЕ? Тие се на природна база,јас лично ги немам користено пудрите и останатата козметика ама баш сакам да пробам..Искуство некој да сподели?
Оваа маска на Балеа за мрсна кожа е ОДЛИЧНА. Подобра од Нивеа и подобра од оние на face food за некоја нијанса. Многу добро и длабински го чисти лицето. Додека се суши буквално ја чувствуваш како реагира на кожата. Остава беспрекорно чисто и мазно лице без сјај. Мене многу ми се погоди, веќе се снабдив со залиха, ова е редок производ на Балеа за лице што толку ме бендисал. Структурата и е буквално како кал.
Мене многу повеќе ми се допаѓаат производите на Alverde,отколку на Balea. Последно го земав овој путер за сува кожа со мирис на диња и стварно е фантастичен Limited edition.
Девојки дали на Бит Пазар имаше ДМ,таму не сум била а мислам дека отворија.Каде точно се наоѓа? Фала ако некој може да ми каже
Одма на автобуската, нема шанси да промашиш Инаку морам да го пофалам ова чудово, имало спас за моите греотни, испукани, излистани и меки нокти. После неколку дена редовно користење видов ефект, ама веќе после осмиот ден т.е вториот третман искрено не можев да си ги препознаам ноктите. Како плус момент, многу убава боичка се добива после вториот слој и да не заборавам многу брзо се суши. Пред некој ден убаво зарибав низ дома и цел ден рацете во вода ми беа, а само еден нокт ми се излупи, што значи и дека е прилично траен. А и цената е ептен поволна, 115 денари.