ДМ има не Бит пазар, односно кога идеш од страната на центар во редот нели продавниците кај сто се , баш на автобуската е не да го утнеш
Презадоволна сум од Балеа колекцијата, сите производи што сум ги пробала досега се многу добри. Посебно има еден добар пилинг за лице со гранули, кој вади буквално се од порите.
^ Во сино, и беше на попуст лосионот за тело, околу 85 денари, а има и гел за туширање. Убаво мириса.
Господ здравје да и даде на Тајгерлејди и на сите кои ги препорачаа влошкине Flirt, мене лично поудобни ми се од Always а со слична моќ на упивање а мнooогу, поефтини. Ја ги земав оние што се мириснине, али верувам дека и останатите се супер. Препорачувам, мислам дека оние од 20 економично пакување беа околу 90, што е супер цена.
^ И јас ги меркав, ама не знаев што должини се, а и немав време да се загледам така поасално, инаку ќе ги земам наредниот пат. Ај кажете ми дали има така подолгички, зашто јас не сум за кратки во никој случај. Некои ХХL се за мене. П.С. Памучни се на површината?
Oui, јас овие ги имам, само во мало пакување, али не се евридеј, туку нормални со крилца, само вакви со мирисни. Меки се, мене тоа најмногу ми се допаѓа, што убаво ми паѓаат на ваџејеј посебно во првиот и вториот ден го нема она константно одење во веце да ја местам зашто ме жуља, а тампон тогаш избегнувам зашто тие два дена сум поплава. Kaj нас има само 3 вида, а на нет гледам има и некои ултра со повеќе капки, само кај нас ги нема. Али не се воопшто кратки, по должината накаде слични со Алвејсот. Овие се 240мм, нормалот се 260мм а тие супер 300мм, ако ги најдеш тие се наголеми. Ма да мене и овие супер ми издржаа. Овие ги има у Дм и се некаде до 100ка, доста ефтини за 20 влошки. На друго место ги нема, а баш ги барав у Кам демек ги имало, али не ги најдов.
Јас во последно време се навлеков на путер за тело, млека и лосиони веќе не користам. Некако путерот ми е погуст, поголема влажност ми дава на кожата и мирисот е поинтензивен (а можеби и си замислувам, не знам ). Енивеј, последен овој го земав од Алверде, со орев од макадамија и шеа путер, наменет за исклучиво сува кожа Фантастичен е, кожава поеластична никогаш не ми била. Значи путериве на Алверде скоро сите ги имам пробано и сите се прекрасни, ама овој ми е врв. Мирисот му е така дискретен, има некоја нежна сладуњава жичка и страшно ме потсетува на зима, на празници, на Нова Година Многу убаво ми мириса и само се шлакам. Мирисот не е нешто екстра долготраен, доволно би рекла, ама затоа е уживање за сетилата Цената не ја памтам, изнакупив триста работи, ама евтин беше во секој случај
Не сум ставала до сега гел за да знам од искуство да ти кажам, ама сигурно ќе ти помогне затоа што моите нокти беа тешка катастрофа како што и ги опишав претходно, а после две недели интензивно користење има премногу добри резултати. Никогаш не ми биле волку цврсти ноктите. Плус ете, кажа и некоја феминка дека моментално се на попуст - 89 денари од 115
^ И во Гиго трејд маркетите Таму дури ми се чини дека се поефтини Јас купив двојно пакување за 84 денари.
А каде има Гиго маркети? И јас проверував пред некој месец во КАМ, немаше. Мишелке, и јас сум за ХХЛ сајз, посебно навечер пошто танго мислам играм во кревет, ама должината на овие зачудувачки ми беше таманска. Јас имам пробано две различни типови на нормал, ич не ми текнува што беше разликата ама од двата сум задоволна.
Препорачајте ми некој спреј или масло/лосион за самопотемнување од балеа или било која фирма во ДМ...