Ќе имаат ли наскоро попусти?!? барем 15% ко лани? Ми требаат многу работи да си купам, посебно средства за чистење, прашаци и сл., па да си знам...
Феминки да ве прашам , од балеа ја имам оваа крема ја земав пред некое време, и денес во Дм бидов уште една тонирана крема на балеа пишуваше ББ, и барав на нивната страна не можев да ја најдам, дали некоја од вас ја зебележала и може да ми каже која е разликата? Иначе беше околу 149 денари
Некој да не има користено блазници со масло? Ги видов пред некој ден и решив да ги земам 65 ден за отстранување на шминка од очи е. Јас ги користам неколку дена ама ме интересира дали има некој некое искуство да сподели...
Ako мислиш на овие туфериве(моите се во бела опаковка) што се на балеа за отстранување шминка од очи ,јас ги имам и користам веке неколку месеци.Доста задоволна сум од тоа како ја вадат шминката од очите ,но не ми се допага што се премногу мрсни и ми го мутат погледот. Морам после тоа 10 пати да се пребришам со крпа пошто прст пред око не гледам.
700тини денари, точно, точно не знам, ама не беше повеќе од 800 сигурна сум. Али има само 4 нијанси, и сите се темни. Инаку има 6 нијанси,кај нас првите 2 светлите ги нема.
650 е пудрата во ДМ и да има само 4 нијанси и тоа потемни се, како Хипстер што кажа...Ivory и True Ivory,тие се двете најсветлите, ги нема
Фала многу девојки, мене и онака не ми требаат двете најсветли, според сликите што ги гледав ми треба soft beige или евентуално уште потемна, така да ми одговара информацијава... Thank you.
Во ДМ во ГТЦ има, баш прегеска приметив. А во тој ДМ маркет во Веро-Џамбо нема. За другите не знам стварно. Јас во Космо кога купував пудра ја пробав на рака и оваа. Најсветлата нијанса од понудените ја ставив на рака и супер ми пасуваше. Во тоа Космо во ГТЦ проверете, може ќе ви се потрефи нијансата, мене ми изгледаше како да има избор. Пониска цена има од 700 дефинитивно, мислам дека беше околу 600. Во глава ми се мота 570 ама не ме фаќај за збор.
Јас ја користев долго време тру ајвори, 2 потрошив и перфектно ми пасуваше, никако не планирам да ја мењам. Софт беж мене ми е темна, ми довои, не ептен ама двои. Ја има и на асос, некогаш знае со некој код или попусти нивни да дојде и до 500 денари, барем јас ја имам начекано а 7фунти. Инаку да, не била толку поскапа во Дм него од Асос, на асос е толку 600тини денари, се мислев дека ја видов како поскапа ама сум згрешила.
Да , да тие се. И јас ги земав белите и мене ми се погодија али некако ми солзат очите мн дека се мрсни. И лицето го поминувам со нив и ептен сум задоволна
Јас денес си зедов Балеа лабелце она,чоколадното,последно го уловив. Е сега,не приметив дали го има и гелов и млеково, исто чоколадни,дека на брзање бев.Зборам за ДМ на Бит Пазар. Знае некој??