Јас гелот за туширање го начекав да го купам некаде на почетокот на летото и тоа беше последен пат да видам на полиците нешто од оваа колекција Секое влегување во ДМ се надевам дека го донеле спрејот ама јок
Mи останало во сеќавање дека некоја ја имаше користено кремава. Може ли да ми кажете колку навистина го има мат ефектот и дали премногу го затега лицето (не ми треба таква крема)? Во план ми е да ја земам, ама не би да се изластам така па да ми стои за украс.
^^^ јас ја има користено освен што убаво мириса други резултати баш и не видов...и да,бар мене,ми го затегаше лицево и го осекав суво..ние со помрсни кожи бараме вистина матирачки креми ама пак оваа многу ми го сушеше некако,осеќав како никаква хидратација да нема..откако ќе нанесев неможев да се смеам ми се чинеше ќе ми пукне лицево ја искористив ама само заради што убаво мирисаше..на некого можеби му се погодила,мене не
И јас ја имам користено и мене ми беше солидна, мислам за тие пари дури и супер Не е нешто WOW, ама па врши работа за под пудра. Нема хидрирачки способности, наменета е само за матирање и тоа и го прави, сосема солидно. Јас колку што се сеќавам не ми го затегаше лицево, барем не до степен за да осетам и да ми смета, ама нели, секоја кожа е различна. Има и далеку подобри креми на пазарот, ама за парите оваа е ОК. Најмногу заради мирисот ја користев, да бидам искрена
Јас исто така ја имам користено кремава, ама некои особени резултати - немав. Како што девојките погоре кажале, прекрасно мириса, и матира задоволително, ама јас со кремава + мат течна пудра + мат камена светнував за 2-3 часа (немам ужасно мрсна кожа, комбинирана ми е). Матирачка крема со слична цена, но од која јас сум многу позадоволна, е оваа на Alverde: Малку погуста и многу поматирачка од оваа на Balea, исто така убаво мириса. Не ја затегнува кожата и не светнувам со часови. Почнав да пробувам повеќе производи од Alverde во последно време, и мислам дека се многу поквалитетни од Balea
И јас го добив истиот впечаток, зашто многу позадоволна сум од производите (посебно оние за лице) на Алверде него ли оние на Балеа. Ќе ја имам на ум, мене во план ми беа и други две креми, ама најверојатно пак ќе завршам со нешто од тука.
^ Само да го кажам моето искуство со кремава на Алверде. Првиот впечаток кога ја купив ми беше позитивен, некако многу здраво ми изгледаше кожата на лицето и самиот тен. Но, по некое време ми се појавија поткожни бубулици, и при паузирање на неколку дена од кремот се повлекоа. После пак почнав да го ставам и пак истото. Исто така, по извесно време користење кожава ко да не ми ја впиваше кремата веќе, кога ќе го допрев лицево ја чувствував на мене и по некој саат, како маска... И ене ја ми стои сега, шубе ми е да продолжам да ја користам...
Јас да прашам, дали некој го има видено лосионот за тело од чоколадо и смоква во некој ДМ? Дали воопшто го имаат донесено, минатата зима го имаше, сега редовно проверувам и го нема....денес бев во ДМ во центар и таму го нема Доколку некој го види, би била благодарна ако ме извести да си го купам
Мишелке ја би ти ја препорачала кремава на Биотен 24 часа хидрантна крема за нормална/комбинирана кожа. Знам дека имаш мрсна кожа али крема навистина има мат ефект цел божји ден, воопшто не е мрсна и убаво хидратира и одма се упива. На кутивчето пишува дека помага во намалување на лачењето на себум од сјајните делови на лицето, кај мене помага. Содржи 100% природен екстракт од дуња, без парабен, парафин и колоранти. Не ми предизвикала акни, црвенило, алергија...Мислам дека ја земав околу 150/160 денари за 50ml. Јас сум презадоволна.
Да се надоврзам на муабетот од погоре за кремите од ДМ. Имам комбинирана кожа и ги имам користено и двете и ниедна не ми се погоди, така што ти Мишела како што имаш мрсна кожа џабе ќе си ги дадеш парите. Таа зелената од Балеа не е доволно хидратантна, т-зоната ми светнуваше после кратко време, едноставно речено ја дотрошив без кеиф и тоа само затоа што убаво и освежително мирисаше и не ми предизвикуваше некои лоши реакции. Додека другата од Алверде поштено ме прелажа, баш како во случајот со MandyLane. Конечно мислев дека најдов супер крема, ем ефтина, ем поприродна без разно разни додатоци. Мирисот и е сон, толку убаво на чисто мириса, дава некој здрав сјај на кожата, абе милина. Ама после некоја недела кожата толку ми се презасити што почнаа мали поткожни акни да ми се појавуваат какви што сум немала дури ни во пубертет. И многу ми е криво затоа што стварно ветуваше кремата, ама тоа е. Од истата линија aqua сеуште ме немаат разочарано пилингот и гелот за миење лице, нежни се и фино ја отстрануваат нечистотијата и шминката, дури и водоотпорната маскара, без некоја посебна мака. Знам дека и серумот е добар ама не сум го пробала. Инаку убаво звучи оваа од Биотен, би ја пробала.