Да бе, ние 10 страни бош муабети си тераме. Има во ГТЦ едно и уште едно кај Градски ѕид ако не се лажам. И многу добро се снабдени
Денес список во рака и правац ДМ. Добар шопинг си истерав. Млеко-крема за заштита на коса од топлина и надворешни фактори. Спојлер Гелов за туширање мириса најпрекрасно. Сладок ко колаченце. Ма ми доаѓа да се напијам. Спојлер Течност за плакнење уста со вкус на капина. Со 7кратна заштита на забите и устата. 500мл. 115 ден. Спојлер Шампон за суво миење. За итни случаи, кога немам време да мијам и средувам коса. Спојлер Антиперспирантиве. Убаво мирисаат, а и цената им е екстра. Мало не ни знаев дека има, ама видов некоја од вас претодно имаше пишано па и јас си купив. За во ташна е супер. Спојлер Чистач за наслаги на јазик. Спојлер Отстранувач на лак за нокти без ацетон. Дузи имаше постирано, евтин е, а летово лакирам нокти секој втор ден, па се исплати. Спојлер
А некоја девојка да ги пробала пудрите на Алверде или Балеа, и течна и камена? Јас ги погледнав накратко, ама се створи гужва и не можев раат да доразгледам и да ги испробам.
Јас ја пробав алверде минералната течна. Имам суво лице,до пред некое време,цело време ги утнував пудрите,ми ја пресушуваа кожата и сепак ми се создаваа црнки,не сакав да земам некоја за сува, зошто од искуство ми лепеше лицето и јас што никогаш не светам,светев. Арно ама,170 денари за пудра,викам и аргета да е,битно да ја пробам и не се зезнав. Месец ја користам,убаво ми го изедначува тенот,а е лесна и што е најинтересно, од пот не се брише. Супер е за парите! И не ми создава црнки!
Ги зедов следниве млека за тело ,95 ден Првото,од диња е многу поубаво,во однос на мирис и трајност.Инаку не се нешто посебно да хидратираат ,ама летово ќе ми вршат работа Зедов и дездоранс Балеа 115 ден Oвој од десно. Супер е ,држи многу.Вчера на најтоплиот ден во годината го испробав и го препорачувам.Пријатен мирис и ефикасен.
Ова купив од денешниот шопинг во ДМ.Кога ќе влезам таму незнам празна да излезам 1.Овој гел за туширање чик,го земав зашто многу ми се допадна мирисот,а и го имаше тука пофалено Трендафилка мислам.Го испробав и многу сум задоволна.Ми мириса на овошен јогурт убав ми е.Наредно ќе си го земам и спрејчето вакво,малото како за во ташна. 2.Лосионот за тело го земав во мало пакување како за проба.Многу убав чист мирис не е премногу мрсно и има траен мирис.Убаво е за секојдневна употреба. 3.Ова за сончање го земав по препорака на една роднина.Работи во продавница со истиве производи и многу ми ги пофали.Органски и без парабени.Токму затоа го земав ова кремче за сончање за лице со 30 фактор.
Денес бев во ДМ и си ги купив овие за туширање за ,65 центи ... Баш ме интересира колку е цената во Македонија пошто овде ептен ефтинки ми се видоа
Офф топик е малце,ама морам. Исто имате и Леа сан,спф 50 и спф 40, 250 милилитри,230 денари. И ова http://neotrend.net/trgovina.html?page= ... gory_id=79 Не можев да најдам само слика,нејсе 330 денари за 200 милилитри.
Тотално разочарување Остава ненормално многу бело! Мирисот е претежок...два пати ставив и одма после него почнува да ме боли главата.
Пред да си дојдам во Охрид, бев во ДМ, и си купив доста работички, па сега да искоментирам, мислам дека скоро месец дена се доволни за да имам некакви впечатоци за тие производи. Вака, повеќето го имате гелот за туширање од гуава, и јас го имам, мирисот ми е фантастичен, а за тие пари, гел како гел за туширање - екстра ефект нема. Го купив овој шампон и морам да признаам, си ја врши работата, за сува, оштетена и расцветана коса е, ама проблемот е што доста ја мрси. Добро, и лето е, се потиме, тоа придонесува за мрсењето, ама не ми е проблем честото миење. Од шампонот сум ептен задоволна. Си го купив и ова маска за коса која се става после миење и се плакне после неколку минути - дава одличен сјај и ја замазнува косата, а за мирисот да не зборувам. Иако не е траен, штета. Исто си го купив и лосионот за лице со кал во мало пакување, оти сакав само да го пробам и испадна дека е супер за мојата кожа во лето, бидејќи од топлото е малку проблематична, ама поради лосионов годинава немам такви проблеми, и сега ми е криво што не си купив големо пакување. Ај здравје И ова си го купив за цената, врши работа. Добар е за масажа, убаво мириса, кожата е мазна, нерамнините помалку се познаваат. Јас велам ќе да е до масажерот, ама може и до кремот е.
Не,не,затоа пишав оффтопик дека е. По големиве маркети ги има,ги видов. Ма да ова 50ка потешко се наоѓа. И убаво мирисаат,на кокос.
Јас бев неодамна и кој знае што очекував , си зедов еден крем за нозе кој наверојатно е добар ама цените се тука негде ..........ама нешто поголема импресија д а добив не ......можеби затоа што очекував повеќе, инаку во скоро секој подобро опремен маркет се наоѓаат добри работи или пак некоја солидна парефимерија .
Шампонот е одличен, јас ја користам цела линија, и одтогаш ја мијам само 2 пати неделно и постојано ми е убава и мека и убаво ми мириса