Маските на Генера се супер, а и цената им е топ, околу 100 ден за 500 мл Јас ја имам маската со масло од кокос што е, таа со поморанџестото капаче што е, многу сум задоволна.
Јас ја имам оваа за (ова е шампонот неможев слика од маската да најдам исто вакво паковање) Многу е добра има за сите типови коса
Да има од Балеа, јас пред некое време си земав беа околку 129/139 денари незнам точно, 20 има внатре, јас сум задоволна супер вадат.
Абе јас го зермав овој Ама за деца да не е? Пооо, убаво мириса ама многу ко за девојчиња бре Ама како и да е, младолика ќе ме праи де
Ако некој го користи нека пише накратко како е задоволен, во однос на покривност пред се. Дали е добар во споредба со другите нискобуџетни како на пример Есенс коректорите. Ми треба за братучетка ми која е тинејџерка, ете решив да и направам пакетче наместо со храна, со козметика за млада кожа. Иако не верувам многу во Балеа, сепак да си прашам мислење.
^Пак јас. Имам и претходно пишувано мислам,но еве пак. Значи,јас сум презадоволна,по незнамкој пат го купувам.Искрено,за покривање бубулички ми е мнооогу подобар од Есенс и по траен.Не само што ги покрива,туку и доста ги суши бубуличките бидејќи содржи салицилна киселина,па заздравуваат. За покривност е одличен,кажав и тоа,а добар нискобуџетен коректор е и оној на Аура што е во стик
немој некој да се излаже да го купи ! Лепо мирише арно ама само тоа и му е позитивното , друго ништо ! Воопшто не држи бре исто ко да не сум ни ставила дезодоранс на мене , и малку да се испотам + чудово од погоре една лоша миризба ствара да му се слоши на човек
Здраво Феминки Би ве замолила за помош,во последниов период од стрес ми се појавуваат како мали црвенила и акни на лицето па незнам која маска за лице да ја одберам за да ја средам малку кожата Иначе бел тен имам,мнооогу бел па црвенилото ептен ми штрчи. Некоја препорака за добра маска,лосион,нешто било што....испробано?! Поздравчиња
Ок, незнам дали сум ќора или што е работа ама бев во дм во гтц и цити мол и ова не го најдов. КАде стои во кој дел? Обично во сите дм се слични рафтовите и распоредот.
^ Го имам забележано таму каде што стојат камените пудри, ББ-кремите и остатокот од декораивната козметика на Балеа. Побарај го во тие делови, ќе го најдеш.
http://www.dm.de/linkableblob/de_homepa ... 6062673000 Прашање, да не го користел некој шампонов и како е задоволен? Го имам регенераторот задоволна сум и преубаво мириса, па се мислам и за шампонов. Искуства од некој што го користел би ми биле добредојдени