За очи некој третман, краставици било што има ли во ДМ? Морам да ги третирам малку повеќе, уморни се до неба.
Има некој што го користел лосионов? Колку е трајна миризбата? Преубаво мириса, не знам што ѓавол ме натера пред да стигнам до каса да го вратам назад.. Ах, limited edition, што ми правиш!
Јас го имам користено, имам пишувано за него во темава. Доволно хидрира ( ако имаш нормална кожа), за разлика од другите лосиони на Балеа кои не се баш трајни, овој поради појакиот мирис се задржува на кожата. Јас не купив пак, баш пошто е лимитирано издание и кога тогаш ќе го снема, не е фер
какви се тие тупфери со улје на балеа за вадење шминка од очи слика не успеав да најдам и која цена се ?
Цена не се сеќавам, мислам околу 60 ден беа Го има ова кај нас? ми го донесоа еднаш, презадоволна бев
Препорачајте ми некој крем за лице за комбинирана кожа со т зона,со пристапна цена Искрено некој што има искуство со Балеа или некој друг како подлога за пудра,таков ми треба ни премногу масен ни ептен брзо да упива казете убав крем
Го има средството,го видов пред некој ден и баш се помислив дали да го купам(еве сега ти ме разубеди )
некое средство или марамчиња за остранување шминка на балеа за сува-осетлива кожа да ми кажите и цени
Од ДМ маркетиве имам користено само млеко за тело, тоа од чоколадо и смоква што беше. Многу убаво мириса, и миризбата трае долго, ја хидрира кожата. Пофални зборови само.
Од оние шампоните на Балеа, како во тубичка што се, има некој за права коса, или за полесно исправување?
Има во љиљаково паковање од тие во туба, има шампон, регенератор, серум и спреј мислам ама за него не сум сигурна. Го имам серумот за мазна и права коса, јас сум задоволна лесно се фенира косата, а и ја омекнува. Се нанесува на цела коса само да не се допре до темето и не е мрсен ко другите серуми туку е онака потечен баш таман доволно да ја омекне, а да е ја измрси косата.
http://www.dm.de/linkableblob/de_homepa ... 7803889000 Девојки ме интересира дали некој го има сретнато шампонов низ ДМ маркетите кај нас, мислам дека го нема А штета, го имам користено гелот за туширање со алое вера за чувствителна кожа и прекрасен е, мислам дека и шампонот би ми се погодил....благодарам однапред
Девојки сакам да прашам дали ја има некој пробано кремата за поттикнување на локни на KEUNE, ја видов во ДМ вчера?
Мислам дека беше околу 500 ден.. ако ја има некој пробано нека каже дали има ефект, да не лупнам за џабе пари
https://www.google.com/search?q=dip...wczy-Your-Nutrition-Profi-600-ml.html;556;605Јас го користам шампонов веќе долго време и ептен ми е добар, косата ми ја прави како свила, ако имате крута коса ви го препорачувам, а и повеќе денови ми стои таква косата, башка сега и на попуст е мислам дека околу 170 денари е а беше 230, со него ви го препорачувам и регенераторот. Јас имам малце проблематична коса ама овој шампонов ми ја среди