Еве оваа слика е Кога ке не можеш да отвориш слика, само оди на цитирај, копирај го линкот и отвори го на нов таб Инаку го користев шампонов ама мене на почетокот ми беше ок, потоа не ми се допадна баш. Не би го купила пак
Мене ми се одлични шампоните од линијата на Balea - Professional, посебно оној More Blond кој косата ми ја прави неверојатна. За сто денари никогаш не сум имала таков добар шампон. Го користам од јули некаде, па се' до сега и наизменично купувам од едниот па од другиот. Не го користев толку често, сега целосно се префрлив на него и не планирам повеќе да експериментирам. Не ми го суши и перути скалпот, косата ми мириса убаво и не ми се електризира. Лесно се фенира и лелеава е и мазна. Да живее ДМ!
Девојки,дали има во ДМ маркет четки за триење тело со долга рачка и доколку има која е цената? Ми треба нешто вака
Има повеќе видови, најубаво да одиш сама да видиш затоа што варираат цените зависно од големината и материјалот на влакното, но во секој случај не се скапи.
A-j-a само убави работи да ти се случуваат во животот, затоа што ми ги реши сите проблеми со скротувањето на косичката после миење. Од овој серумот ми е мека ко свила, секое влакненце си е на своето место, и не се мрси воопшто, ама баш никаква разлика нема во мрсењето... Јас како нова во светот на правите коси - го препорачувам, ма глава сечам за него Кога го дотрошам ќе го пробам и heat protector-от, оној со расорскувачот, што личи на некое средство за прскање ако не грешам го има кај нас... Па ќе си користам кое повеќе ми одговара од двете Не би сакала и двете истовремено, да не ми ја мрсат косата
Денес бев во ДМ и да ви кажам има доста попусти, еве линк од флаерот: http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homep ... .hpworker2
Девојки да ве прашам дали некоја го има користено тоникот од Алверде со роза, дали е добар за сува кожа?
Девојчиња, некое искуство со тие млеката за тела што се за под туш? Ми изгледаат некако густи и тешки и се мислам дали да ги купам. Гледам дека не се многу скапи, а некогаш стваааарно многу ме мрзи да се шлакам накнадно. И мој совет, од Балеа шампонот во црвена тубичка, тој за фарбана коса - никогаш повеќе. Не знам што да му правам, дали и за перење ќе го биде е прашање. Двапати се измив, и двапати косата ми беше полумиена, со тесто отпозади, ужасен. Не ми одговараат такви ,,меки,, шампони, очигледно. Во пакет со Глис спрејовите (малце офтопик, да си изразам фрустрација ) за во ѓубре само. Два различни купив и двата за ништо не ги бива, ни за расчешлување, ни за мирис, ни да намалува електрицитет, ни за бутур.
Doozy ако мислиш на млеката на Нивеа што се користат уз туширање како замена за стандардно млеко после туширање, јас го пробав од неколку тестерчиња тоа што е за сува кожа и сум баш задоволна. Кожата навистина ја прави мека и нема потреба после туширање да се мачкаш со лусион, млеко...што и да користиш, а мирисот се задржува некое време на кожата ама не многу, мириса типично на Нивеа али кај мене на кожата ми мириса многу убаво нежно и женствено. Иако тестерите што ги имав се за сува кожа одлично ми пријаа на мојата нормална кожа. Иначе има и варијанта за нормална кожа е тоа незнам какво е немав тестери од тоа. Сума сумарум јас би го купила не дека заштедува време исто ми се фаќа дали ќе се мачкам додека се туширам или после туку мене повеќе ми се допаѓа ефектот кој го добивам со вакво средство, кожата ми е убава и мека, а не е леплива, мрсна и горчлива за љубо.
Дузи, јас на Балеа го имам она In-Shower и за 150-тина денари е одлично. На исто ниво ми се со Нивеата, која патем е дупло поскапа од Балеата, а и искрено преценета ми е како бренд. Исти се и двете во однос на задржување на мирисот на кожата после бањање, не се задржува нешто екстра долго ни со двете, така што би те советувала да си го земеш Балеата, ем поевтино, ем мене лично поубаво ми мириса од Нивеата. На чисто мириса, на бебе Исти се со Нивеата и во однос на мекоста на кожата, и двете ја омекнуваат и даваат влажност Инаку, вака делува густо Балеата, ама бидејќи се става на влажна кожа, многу фино и брзо се размачкува, така што густината нека не те загрижува. Мене млеково ми е идеално решение кога ме мрзи после бањање да се шлакам со млека и чуда
Јас ваква од Џамбо си купив.Има пластични и дрвени.Мојата е пластична и кошташе околу 120 ден а дрвените беа нешто поскапи околу 180-190 ден.
Морам да се надоврзам на муабетов за шамопонот - јас го купив кафениот за кафеава коса и многу се разочарав, затоа што тука прочитав многу позитивни критики. Искрено, нити ми траеше долго - помалку од месец, а косата ми ја лепеше, посебно кај коренот. Така да, ништо посебно и би го сместила во производи што никад не би ги купила пак
Девојки, препорачајте ми крема за околу очи, небитно дали ќе биде Алверде или Балеа. Ми треба највеќе за хидратација и освежување на делот каде што се формираат темните кругови, без антиејџ и слични карактеристики.
Оваа од Балеа баш е наменета за тоа - против подочници и уморен изглед, а не е анти ејџ. Баш ме потсети утре да си ја купам. Инаку ја немам користено но една другарка многу ја фали, со континуирано користење се приметува разлика после одреден период. Цена нешто околу 200, ама не е скапа како и да е.
Дузи, јас на Балеа го имам она In-Shower и за 150-тина денари е одлично. На исто ниво ми се со Нивеата, која патем е дупло поскапа од Балеата, а и искрено преценета ми е како бренд. Исти се и двете во однос на задржување на мирисот на кожата после бањање, не се задржува нешто екстра долго ни со двете, така што би те советувала да си го земеш Балеата, ем поевтино, ем мене лично поубаво ми мириса од Нивеата. На чисто мириса, на бебе Исти се со Нивеата и во однос на мекоста на кожата, и двете ја омекнуваат и даваат влажност Инаку, вака делува густо Балеата, ама бидејќи се става на влажна кожа, многу фино и брзо се размачкува, така што густината нека не те загрижува. Мене млеково ми е идеално решение кога ме мрзи после бањање да се шлакам со млека и чуда [/q Колку милилитри е тоа на балеа од 150 денари?
400ml тука така беше околу 150/180 ден Јас сум задоволна, со масло од макадамија е ја хидратира солидно кожата Па за ниевеа за 200мл не ми се даваат 250 ден
Како сте задоволнии од ова млеко/крема за коса? Ја негува ли косата, и ја штити ли од толина како што пишува на налепницата или си го измислиле нашиве тоа, зошто на самото шишенце нема слика со фен, пегла за коса или сл. И како сте задоволни од тие спрејчиња и слични работи за заштита на косата од топлина. Го имам пробано тоа љиљаковиот серум, задоволна сум, но сакам некое друго да пробам. Препорајте ми некое што ставрно си ја врши работата, а да не допринесува за нејзино уништување.
Јас го користев и убаво беше, ама мислам дека само ја омекнува косата и е полесна за расчешлување, не дека нешто посебно ја штити...
Кога почнала акцијата на некои производи на Есенс што се 85 ден.? Јас денев бев и имаше останато една сенка и пар лакови. Ненаситните вработени 100% ги испограбале, а нијансата на пудрата веќе еден месец ми ја нема ни во Гтц ни во Веро. Ниту тестери ниту производи има, полупразни рафтови зјаат. Тотално незаинтересирани.