^ Од кич ствари сакам неколку работи, меѓу кои се и светлуцави млека за тело. Ај ем а џиписи енд ај кент хелп мајселф. Екшли, ај донт уант ту хелп мајслеф. Одам после да си го земам!
Се сложувам. Не ни помислувам да отидам во ДМ во ГТЦ или Бит Пазар, каша попара е се таму, во Веро Центар оти е релативно ново и брзо отворено можам да кажам дека се наоѓа по некое тестерче , и продавачкиве се насмевнуваат барем и викаат имајте убав ден ( ) чудно да ти дојде од вакви, банални и секојдневни работи што некаде се сосема нормални и не ни треба да се посочуваат како предност.
Ја прегледав цела темаи тоа неколку пати ќе одам за Ск па сакав да сии ја надополнам колекцијата со дел од овие производи,на повеќето во темата им ги имаше напишано и цените,но на овие продукти нема никој напишено за цена,а се доста фалени .Па ве молам да ми пишете за цените да знам од прилика за колку ќе си го олеснам џебот ?
Кремата за нозе знам дека е 125 ден., ја видов пред некој ден а другите незнам, но не би требало да се скапи не верувам дека има нешто од нив над 200 ден.
Јас вчера купував во ДМ и не ми дадоа никаков купон. До пред година дена често имаа такви акции ама во последно време немам сретнато да даваат купони за попуст.
Јас незнам што е со Дм во Мк. Во србија и Хрватска имаат од отварање картички за попуст а тука абер немаат. Еднаш пуштија некој попуст пред година дена и толку. Да не зборам колку само има дефицит на производи. Зошто е тоа така баш ме итересира,досега секое идење ги прашувам а на каса ме гледаат ко да сум паднала од марс
Да се надоврзам на муабетов, покрај картички за попусти, во други земји ги имаат и оние членски картички на ДМ, со кои собираш поени на секое купување, кои ги чекам кај нас откако го отворија ДМ. Јас сè помалку и помалку купувам во ДМ, освен кога се работи за нивни производи (Балеа, Алведере и компанија) кои сè уште држат евтини цени. Другите производи имаат драстични разлики во цени - пр.влошки Always во ДМ 188 ден.во КАМ маркет 158 ден. И оние Сајос шампоните се 20-тина денари поевтини во обични локални маркети
Ме интересира дали ги има производите на Бебе млеко за тело и гел за туширање во македонскиот ДМ Поточно оваа колекција
Денес ја земав пудрава, и во тој ДМ на Битпазар беше некако полупразно, јас ја земав soft beige 200 нијансата, последна беше, другите што беа останати беа се потемни Би било добро да даваат вака попусти почесто