Денес бев во ДМ во Капитол по Римел лонг ластинг, ужас! Останати 2-3 темни пудри без тестери и тоа незапакувани, така што сигурно си ги пробувале тие луѓето. Па после уште се чудам зашто брзо ми се троши
Вчера си го купив гелот за туширање кој е на акција сега за 100че.Неможам да ви опишам колку убаво мириса на лубеница, мммммм.Има и со мирис на праска и на портокал ама на лубеница најубаво ми мирисаше.
Леле ова од кога се мислам дали да го купам, дали можеш да ми кажеш за каква коса е? Мојата е сува коса.
^ Јас имам сува коса и го користев овој шампон. Пишав и претходно - иако многу девојки се задоволни, јас воопшто не сум Уште повеќе ми се плеткаше косата, а кај коренот ми се лепеше. Сепак, околу 100 ден.е, нема многу да изгубиш ако го пробаш
ДМ кај Бит Пазар?Не си трошете време да отидете до таму,се што купив од таму ми е полупразно или оптимистички кажано полупуно,а изборот на шминки,воопшто и го немаше.
Во Капитол нема речиси ништо. Од Ластинг Финишот синоќа имаше уште две туби, многу темни нијанси, а од маскарата (онаа новата со искривена четка) немаше ниту една Јас по неа отидов, не ми се пропушташе прилика да ја пробам, ама се вратив со празни раце. Од сите работи на попуст останати се уште по една-две, а од повеќето ниедна. Тестери нема за лек, па ако сте за купување на лепе очи, бујрум. Катастрофа невидена станаа овие ДМ, како опстојуваат побогу? Ќорав тестер немаат од ништо, повеќе од половината од асортиманот на секој бренд го нема, а тоа што го има е отворено/полупразно/оштетено. До негде и разбирливо ми е што им ги отвараат производите, бидејќи немаат тестери, мада мислам дека отварањето/пробувањето производ што не е тестер е прашање на општа култура. А тоа цените набиени, убиј Боже Освен за некое млеко/путер за тело/купка од Балеа или Алверде, не влегувам веќе таму. Ужас
Еве и јас да си кажам за попустот во ДМ. Завчера на првиот ден од попустот бев во Сити мол. Ја земав стеј мат на Римел пудрата иако имаше само две нијанси и три тубичиња, ми се погоди, тру беж ја земав. Инаку маскара немаше никаква намалена а ниту другата пудра во црното кутивче што ја има во каталогот не беше намалена. Ама затоа имаше шампони на Глис 400 мл за 125 ден ( бел, розев, црвен и плаво-зелен прозирен) и спрејовите им беа намалени по 155 ден (жолт, портокалоов и тој со светки плаво-зелен). За тие што користат на Глис шампони и спрејови проверете можеби уште има.
Мислам дека ја нема истата, туку има варијација на оваа со кајсија и цитрон. Преубав е регенераторот, ако одиш натаму ти го препорачувам.
Може ли некој да ми каже каков е тој лак за поттикнување на растот на ноктите, во оваа продавница го имало ?
Ниту еден лак не може да поттикне раст на ноктите. Тоа можеш да го постигнеш само со внесување разновидна храна. Одозгора намачкан лак никако не може да прави ноктите да растат,ама може да ги подзацврсти за да не се кршат. Такви во Дм се Евелин лаковите. Еве овие на сликата.