Прекрасен тоник за лице на Балеа со лотусов цвет. За нормална и комбинирана кожа е. Воопшто не ми го суши лицето туку баш напротив некако како да ми го хидратира, не ја осеќам кожата сува и затегната туку мазна. Мириса многу убаво, нежно, го обожавам мирисот на лотус. Не ми текнува колку точно беше цената мислам дека негде околу 125 ден ако не се лажам. На шишето не пишува но мислам дека на рафтот пишуваше дека е лимитирано издание, за жал мора ли се што е добро да е лимитирано?!
Здраво Сакам да прашам дали можеби некој ја има користено кремава за лице од колекцијата Baby Love на Балеа, пишува дека има лесна структура, шампонот од истата колекција е многу нежен и преубаво мириса па се мислам дали ќе биде добра и кремава. Доколку некој има искуство би го замолила да сподели http://3.bp.blogspot.com/-gfOxJYUSmmc/U ... G_2606.JPG
Немам зборови за ДМ, вчера си купив дездоранс на Балеа и е најубав дездоранс што сум имала за 120 денари и тоа. Исто така конечно си најдов водоотпорен туш за очи откако никаде не можев да го најдам тој на Misslyn, и тоа два пати поевтин од него, 155 денари.
Lovely93 Кој туш? Бидејќи само што се покачија температурите почна да ме разочарува мојот catherine arley dipliner
Од She водоотпорниот. Долго време чекав да го начекам, многу им се троши во ДМ и останува само оној со светки што е. Ееее, нормално декa Catherine Arley ќе те разочара, мене и Golden Rose ми се размачкуваат.
Пресовршено нешто! Преубаво мириса и е долготраен и го спречува потењето под пазувите иако нема алуминиумски соли и не испушта бело, што најмногу ме нервира кај антиперспирантите.
Дали сте пробале некој од овие шампони за сува коса? Дали ги има кај нас? Дали се добри? Кој е подобар? Импресии?
Јас ги имам пробано двата. Првиот е подобар,далеку подобар. Вториот ќе ти ја направи косата како тесто,врска нема,не се лажи да го земеш. А,првиот постиран,оној со зеленото капаче,порано имаше многу добра формула,само сега кога ќе шприцнам од него се задушувам,не знам зошто е толку јак. Во секој случај е подобар,само прскај го додека устата и носот ти се покриени со пешкирче и чекај да помине облакот спреј.
Во мојот град нема ваков маркет, но имам одено во Скопје во ДМ и купувано производи од овде. Ми се допаѓа многу маркетов.
Денес бев во ДМ и случајно во делот со продукти против целулитот видов некои креми за поткревање на задникот и градите,беа околу 300 и нешто денари,но за жал не се сеќавам точно на која фирма. Дали некоја од вас ги има користено,помагаат ли ?
Ги видов и јас вчера тие, али искрено не верувам дека помагаат. Реално, зашто некој би плаќал толку скапи третмани и би правел операции, ако може со неколку креми од 300 денари да забележи разлика.
Мислите на Eveline? Имаат околу 10тина различни антицелулитни креми така? Розеви, црвени, златни во тие бои мислам дека имаа ако збориме за истите, кремите се одлични иако вака се многу ефтини. Таа пуш ап за задник што е предобра, јас ја употребував и стварно дава резултати, во план сум да ги пробам и другите.
Знам, има и пилинзи за туширање и пуш ап за гради, другите не сум ги проучила, знам нешто 3д,4д пишуваше на нив. Има посебно за целулит, посебно за намалување обем... Треба сите да се пробаат
Девојки а некој предлог за лосион за зацврстување на кожата на телото? Разгледував по ДМ на Балеа, Нивеа и на Евелин мислам дека видов но не сум сигурна.И на крај не се одлучив за ништо.Секако и било која друга фирма е добродојдена .