Тонираната крема на Мултиактив ја користам скоро 2-3 недели и сум задоволна пред се затоа што дава некој многу пријатен сјај на лицето и делува многу свежо но воопшто не е мрсна,активни компоненти и се јојоба масло,шеа путер и алое вера,најдобро е што има заштитен фактор UVA/UVB 15,во две нијанси е натурал и бронза.Освен во ДМ оваа марка на производи не сум ја сретнала во други продавници. Задоволна сум и од овој продукт на Балеа, добро ја чисти кожата не ја суши,пишува за темелно отстранување на шминката со витамин Ц ,Б5,салицилна киселина,за нормална кожа.
Јас прееска си земав еден шампон на Балеа, и тушов за очи. Од тушот сум презадоволна, го испробав вечерва. 195 денари е.
Купете го и оваа Крема за тело за после сончање, со нежен мирис на кокос, ја разладува кожата и има ефект на сјај. Внимавајте само на облеката.
мал шопинг во дм маркетот кај градски ѕид млекото за сончање со каротен 15 фактор преубаво мириса ќе го пробам па ќе ви кажам 239ден балеа благ гел за миење лице е предобар , преубаво мириса и кожата ја прави мека и миризлива 129ден мал дездоранс chic за во ташна - сладок мирис 50мл-49ден поголемо пакување на балеа 200 мл дездоранс со свеж мирис за 115денари гел за туширање -95 денари со феноменален мирис балеа young стик коректор 95ден алверде мало пакување на гел за лице со кал - ок е ама мене не ми мириса убаво 69ден
Јас повторно навратив овдека и си ги земав овие два дезодоранса. Значи таков најпрекрасен мирис имаат, не ми се испуштаат од рака. Освен мирисот, ми се допаѓа тоа што траат. Првиот, има некој смирен мирис на кокос, додека вториот e мини верзија - има ептен ,,нежен'' мирис, воопшто ненападен. Ме потсеќа на еден омекнувач за алишта. Дефинитивно би ги купила повторно.
Некој го пофали спрејот од кокос (Anabela-a бре , сега видов, ваууу, меморија на златна рипка си имам) и да не останам покуса одма да го пробам. Супер е, пакувањето огромно од 200 мл, има пријатен мирис на кокос, не остава бели траги и веднаш се впива. 145 ден. Спреј за фарбана коса, не ми е додуша фарбана скоро месец, ама во потрага сум по спрејче кое дава убав сјај на косата. Ова е ок, има убав ненападен мирис, без одмивање, убаво пакување, само не прскајте премногу, зашто ќе ја отежни косата. 2-3 пати е доволно (не 12 ко јас на пример ). Дава убав сјај, не некој екстра дијамантски како што јас сум си замислила во фантазијата , ама сепак... подобро од сјајчињата на Глис. И поевтино. 150 мл - 165 ден.
Женски, тоа антицелулитните креми од Балеа вршат работа? Нели има во тегличка една, која цена е? Помага? едит, сеа видов меѓу првите страни пирамид искоментирала, него кои се цените на гелов, пилингов и кремата?
Спрејот од кокос го купив за 1 евро и 20 центи и тоа во туристичко место, каде што цените вриштат, а кај нас дупло поскап. Овие нашиве не се нормални, што прават со цените.
Бев пред неколку дена, се подновив... Пред некоја страна некој имаше напишано дека убаво им ги дефинирал локните и толку ми требаше Досега само еднаш сум ставила и искрено, не видов некоја разлика, но можеби ќе има по неколку пати употреба. Патем не сум фарбана. Мириса нааа...neverending story Уствари мириса на питаја...шо и да е. Мене ми мириса на цимет и кора од лимон. Не е лошо, малку е мрсничко, али ќе помине за 60 денари. Лосионот и гелот за туширање. Преееееубави се. Многу убаво мирисаат, ма ми иде да си се грицнам откако ќе се намачкам Си купив и некои работи од Essence, но тука ќе ги спомнам тие што ги има само во DM маркетите.
Денеска го купив овој гел за туширање, од гуава: Само што се истуширав, и е дефинитивно најпрекрасниот мирис кој го имам осетено, ever!
Љубов е производов, имав можност да го пробам 2 пати и го препорачувам. Едвај чекам да тркнам и да си го купам за себе, зашто "крадев" од друго место. Нема некој посебно специјален мирис, формулата му е бела и густа. Ако го оставите прописно да делува 5 минути, т.е. имате трпение, ќе забележите промена во косата инстантно. Поздрави врвови и мекост на косата, а не ја замрсува дополнително, што е НАЈВАЖНО. Има некој здрав и свиленкаст сјај. Третманов за коса не е оптоварен со силикон или силно парфимиран, навистина добар продукт. :up: :up: едит - гледам дека имаат уште 2 други производи од оваа линија, би ги пробала и нив.
^^Нели е одлична маската? Ама навистина. Јас со оваа маска имам фризура без фенирање, што претходно не беше возможно. А за тоа колку ми е здрава и сјајна, да не правам муабет. Перверзија бре
Јас утре ќе идам да си купам све шо ми треба...Па ќе си купам све шо ми треба... само розевко... И уште нешто што ќе ми се види убаво..Па ќе ви кажам шо сум си купила
Го користел некој кремов? Или било што за лице од оваа колекција? Баш денес бев во ДМ и го видов ова, ми се виде интересно па го земав Ако некој го има истиов крем користено нека ме извести за резултати
Jас денес си ги купив: Kaко ќе ме послужат после одморот ќе ви кажам. A следна ми е маската за коса што е погоре спомната. Hемам бре навика маска за коса да ставам, балсам на врвовите - да, ама маската ене ја пола кило ми стои цела, еднаш искористена. Aко е толку благодетна, ќе си ја земам, и користам оваа почесто.
Обичните моливчиња за очи дали цртаат убаво? Зашто има некои,поефтините,бледи се. Ич не се гледа кога ќе ја исцртам внатрешноста на окото.