Да да, маски се. Тоа конкретно што те интересира, пишува дека е строго за фарбана или бланширана коса, дека не е за природни плавуши и дека ја изедначува бојата, отстранува жолти остатоци и дава сјај... Инаку Мишелке фала, мене ми беше страв да не ми се смени бојата на потемно,да добие жолта нијанса, ама чим ја осветлува дополнително не е страшно. Кога ќе ги испробам сите ќе пишам импресии...
Девојки не знам дали сте биле во брзо време во ДМ... Има нов штанд со шминка од фирмата Catrice и мноооoогу добри ствари има! Осеќам дека многу пари ќе трошиме таму! http://www.catrice.eu/products.html
Не се прескапи баш се изненадив, руменилата се преубави докај 300 денари беа мислам знам у тоа се загледав. Мислам дека се квалитетни и има многу добри ствари поготово палетите со сенки со 5-6 нијанси беа 300 и нешто денари, има и прајмери и бронзери и се изгледа примамливо...
Женски,од геловиве за туширање дали негде сте виделе низ дм , бев во трговски и имаше за лосион за тело Ако занете каде можам да ги најдам баш пишете
^^Во Дм во Сити Мол баш денес видов дека имаат од оваа колекција, и тоа на попуст се, но дали го имаше токму овој не паметам.
сакам да прашам дали некој го има кортистено шампонот или регенераторот за исправување на коса и кажете ми дали делува и дали е ефикасен пошо имам брановидна густа коса и сакам да ми се справи -споделете искуство и дали ми препорачувате да купам еден од овие ?? фала
Дечки има попусти на балеа во ДМ тој во ГТЦ? конкретно на лосион за тело и спрејчиња, утре ќе одам во Ск па да си се подновам Спојлер а да, има ДМ маркет во Веро-Џамбо кај што е
Има попусти некои. А има дм маркет во Веро Џамбо, на спратот горе. Јас го имав и без презадоволна, но само за секојдневно користење.
Денес бев и си купив антибактиериска ноќна крема против акни и гел (ќе пишам за недела дена во делот Лице за импресии). Имаше на попуст некои препарати за коса. Инаку, ЕДЕН ТЕСТЕР НЕМААТ ОСТАВЕНО за пудрите, срамота!
Девојки убави вести Во ДМ имаат добиенo Maybeline производи од линиите FitMe и Better skin, конечно. Едвај чекам да си набавам по нешто .
Го има ли ова масло и колку чини ? Се изначитав пофалби, па би сакала и да го купам. Па и не се сомневам во квалитетот на Alverde, нивните производи за коса секогаш ми се покажале поквалитетни од оние на Balea.
Го има За цената не сум сигурна бидејќи одамна го имам купено моето, но ако не се лажам беше некаде околу 220 денари. Како и да е, не е повеќе од 250 ден. Мислам дека вреди за тие пари зошто ептен споро се троши. Јас сум доста задоволна од маслово, иако на почетокот ми беше малку тешко да се привикнам на мирисот. Ако не ви се допаѓаат цитрусни мириси, тогаш ова не е продукт за вас бидејќи има доста силен мирис кој не се губи лесно.