Супер! Јас обожавам цитрусни мириси, го имам регенераторот со кајсија и цитрус и тој има баш некој таков мирис и си ја обожавам косата. Патем, е најдоброто нешто што им се случило на моиве врвови склони кон пукање и не се сомневам и во маслово.
Го користел некој спрејов,за заштита од пегла и фен,неколку пати бев во дм и се мислев дали да го земам ...Имал ли некој искуство,добар ли е?
Barca-Gril го имав одамна користено, ужас беше! Косата ми беше како тесто и не верувам дека нешто заштитуваше. Сега користам https://encrypted-tbn1.gstatic.com/...3ibMWNHlodT7CtnwWjWA_3MZvH9gGvzatiz_SXVKFvehO и сум многу позадоволна, сега гледам и спрејови донеле, ќе ги испробам со сигурност
Да знаеш дека и спрејовите за заштита од топлина на Balea не се нешто подобро од овој Тафт. Ефектот е речиси ист, само мирисот кај Balea-та е малку подобар. Инаку, стигнаа ли во ДМ новите Garnier крем-антиперспиранти ? Не најдов многу пофалби, но идеални се за во ташна за во текот на денот кога ќе притреба нешто вакво.
Мишела јас колку што загледав во некое списание не ме факај за збор кое ама мислам Убавина и здравје, стигнати се, цената им е околу 230 денари. Е сеа не е тоа толку проблем, колку кометнарите дека кремава мн брзо се троши. А за тоа дека се добри добри се, барем јас уште пред неколку месеци гледав доста препораки за нив, ама под секој пост за нив имаше коментар дека брзо се трошат и од таа гледна точка дека се скапи во споредба со стиковите или антиперспирантите. Инаку најфалени им беа тое првото розевото и тоа праскестото додека едно имаш без никаков мирс за чувствителна кожа
Итно ми е не сум во Мк а сакам да се снабдам со средствово за дезинфекција кое се става при перење на алишта во машина. Еве сликче ако може некој деновиве ако оди до Дм да праша и да пише,тенкју
Џенски малку касно враќам, не сум видела а и од брзање сум заборавила да пишам дека ме интересира дали го има средството. Зошто знам дека има доста производи што ги нема кај нас.
Ги земав ептен случајно, беа на некоја акција 105 денари ( инаку цела цена е 139) и викам ај да пробам.. Луѓе феноменални се. Потопени се со алое, од едната страна мазни од другата како пилинг, незнам што да кажам, ама мислам дека подобро нешто не сум видела. Така добро чисти, смирува, незнам.. Ама знам дека без ова нема да живеам веќе. А да, има 30 туфери внатре
Си купив денес од Балеа бб крема, абе катастрофа! Многу водеста структура и ептен ништо не покрива. Не дека очекував како пудра да биде, но сепак... плус мава на порокалово.
Го има ли Poren-verfeinerndes серумот од Balea? Јас не го загледав денеска, или не сум видела добро или навистина го немало во моментот. Го зедов флуидот за лице од истата линија, но овој серум не го видов. Нека ми каже некоја ако го види во било кој ДМ-маркет, да знам каде да се упатам.
Мислам дека го нема, барем го немаше пред неколку месеци кога сакав да го купам и интензивно го барав по сите Дм подолго време но не успеав да го најдам. По некое време се откажав од барање, па сега искрено не знам дали го донеле, не сум проверила. Ако случајно го најдеш, извести не
И конечно...денеска се што требаше си земав, ...дали некој од вас ги има користено овие производи на Balea и Eveline ??
Црното го имам пробано и воопшто не ми се допаѓа. Не ни го користев, после неколку пробувања го остаив да стои така на страна, пред некое време викам да му дадам пак шанса, ама ништо пак никаков ефект и го фрлив така скоро полно шишенце. На косата и даваше ефект како да е мрсна/мокра, секако не ставав на скалпот, туку само на врвовите и никако не се сушеше, плус ми ја сплескуваше и на крај кога поминував со пегла (после долго време чекање да се исуши) сепак ми ја гореше. Не знам дали другите го имале ова лошо искуство или само кај мене се случило. За првото белото не знам да ти кажам какво е, не би го пробувала ни тоа, иако би требало нели да се различни.
Јас eveline истиот лак го користам веќе 1 месец и супер се покажа. Ноктите ми се многу цврсти. Не се покајав што го купив.