Постојано користам дезодоранси и антиперспиранти во форма на рол-он и до сега не сум имала проблем како што посочи, а притоа имам променето многу и не сум се задржувала повеќе време на еден вид. Флеките зависат поединечно од секој дезодоранс или антиперспирант. Дури и од ист производител не може да бидат исти во поглед на оставањето на дамки. Башка, рол-онот најчесто се остава да се исуши 30секунди -1 минута па потоа облекуваш кошула, блуза и останато.
До сега немам приметено некои бели флеки по облека од овој рол-он што го збориме, а дури и некогаш кога случајно ќе се исфлекам при несмасно нанесување или облекување на брзинка, одма го бришам и многу лесно се чисти белата трага, за разлика од оние тврдокорните дамки и линии што се прават од класичните дезедоранси и стикови.
Се отвара нов ДМ во Карпош 1!!!! Поконкретно- на Иво Лола Рибар, во близина на Веро 2, на местото каде порано беше Тинекс (до пожарната)!!
Мерак ми се праи кога ќе начекам попусти на напивки во dm! Инаку кај нив само имам видено Balea спреј против миризба во патики и чевли, најефикасен од сите што ги имам пробано.
Леле во кој ДМ маркет ги виде ?! Јас се убив од барање, не можам да ги начекам. Не ги купувајте, ги сакам сите! Се шалам нормално, ама сепак кажете каде ги има да ги земам под итно.
Ги има и во ДМ во Веро,јас ги разгледував баш и јас ги сакам,следни се тие.Многу ми се допадна и бронзерот и хајлајтерот,супер се.
Не е можно, изгледа некоја се усреќила пред мене. И јас бев вчера таму, ама немаше, а убаво видов. Ќе проверам пак.
Знае ли некоја од вас дали во ДМ има од оние лепенките на Балеа.Се ставаат на акните и стојат така од 8 до 10 часа и после се вади лепенката . Ги имав користено ама одамна беше.Еве најдов нешто на интернет за да ви појаснам http://moiconfessions.blogspot.com/2012/06/review-balea-young-soft-clear-anti.html
Mислам дека ги нема, барем јас до сега не сум ги приметила кај нас. Дај кажете дали ми требаат нови очила или уште сум добра со видот ?!
Мишелке не е до тебе Откако видов дека пишале на форумов дека ги има оние на алверде, ти што праша за нив, сите можни дм ги завртов и никаде не ги најдов, не знам од каде девојкиве таа информација дека ги има . А ги нема ни лепенкиве...
@EMoonlight или тоа или лажеме поради допаѓања, очигледно до толку сме ненормални. Во ДМ во Тафталиџе, кога ќе влезете тргнете лево од касата, поминете ги мастиките и корпата со евтини лакчиња и ете ви ги кармините, на најгорната полица (барајте слика на плава девојка каде пишува Енд оф самер), на полицата под нив се креми на Балеа на попуст и купки Балеа, исто на попуст. Полиците гледаат накај излогот. Цената е 139 ден и до пред пола саат ги имаа сите 3 нијанси. Мал совет- нареден пат прашајте ги вработените што каде е, за тоа се таму
Немаше потреба од иронија и сарказам девоји, јас навистина во ДМ во Веро не ги видов овие, а ја прашав и девојката која по обичај ми крена рамена и ми рече „види на штандот“, иако убаво и' нагласив дека не можам да ги најдам. Тафталиџе ми е премногу далеку, ќе се обидам да ги најдам низ маркетите во мојата околина.
Немаше потреба и од тоа дека некој лаже.Јас кажав убаво дека ги видов во Веро во Дм,не стојат каде што стојат производите од Алверде,мислам дека во истиот ред беа само на крајот,ако случајно биле потрошени за тоа никој не е виновен.Проверете повторно девојки
Каде тоа јас кажав дека некој лаже ?! Еве не знам, јас не кажав дека ти или Nausicaa лажете, туку си кажав поштено дека иако се убив од барање, во ДМ во Веро ги немаше и знам дека не сум погрешила затоа што на два пати се враќав. А оние лепенки или што и да се, не ми се потребни, само прокоментирав дека не сум ги забележала и се прашувам дали само јас тоа не сум ги забележала или навистина ги нема. Не би да навлегувам повеќе во муабетов без сол буквално, зашто ете доволно сте си го преиначиле и сами; ниту алудирав на тоа дека некој лаже и сака да собира лајкови, ама тоа е.
@Mishela, не ми беше целта да звучам дрско (коментарот не ми ни беше наменет за тебе) но јас убаво пишав каде ги имам видено и воопшто не ми е пријатно некој да наговестува дека лажам а притоа не отишол да побара таму каде што сум пишала дека ги има! Што се однесува за ДМ во Тафталиџе, можеш да дојдеш со 5ка, ќе те остави веднаш пред него. Ако не можеш да ги најдеш кармините по другите маркети ( со таа цена може брзо да се трошат), пиши ми лп, ќе ти објаснам во детали како да стигнеш до таму.