Знам како да стигнам до Тафталиџе, не е тоа проблемот, знам каде се наоѓа и ДМ таму, ама стварно ми е далеку, поготово сега во овој период кога сум ограничена со време. Сакав да ги начекам по можност некаде во околината, и онака имам два ДМ маркети во близина, па да не акам до таму. Ќе се снајдам, ќе ги начекам сигурно во скоро време, не се откажувам толку лесно.
^^ Девојки да ви кажам дека карминиве моливи што ги барате ги има во ДМ во Сити мол,кога ке влезете во дуќанот на средина има наредено Балеа лосиони,гелови за туширање и сл.а над нив ги видов овие,139 денари се.
Препорачајте ми некој пилинг или гел со гранули за миење на лице, имам ситни мозолки по челово и доста ми се мрси во последно време знаедно со носот и образите. По можност на Балеа, Алверде и другиве марки што ги има во ДМ, ај и од нив нешто да пробам.
Ја овој на Балеа го користам година и кусур,скроз ми е погоден.После тоа лицето ми е мазно ко бебешко газе.
Јас го имам овој крем пилинг на Балеа, задоволна сум. Имам комбинирана кожа, ми одговара, иако е малку поагресивен. Го користам еднаш неделно, доволно ми е. Како густ крем е, со многу ситни зрнца, како прашинки се. Мирисот не му е нешто убав, ама се трпи.
Незнам дали сте приметиле во ДМ од козметиката Есенц имате некои асортмани по 85 денари на попуст. Меѓутоа само некои одредени бои. И се е разграбано, отворено ко за беља.
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/link...662/sezonski-katalog-data.pdf?v=1416220637000 Еве го тековниот каталог на ДМ
Aма ти не ме разбра изгледа Мислев да се види кои производи и нијанси се по 85 денраи на есенс. Во овој каталог па и во тој другиот нема ништо, исто како и на страната на есенес. Инаку ова е повеќе како каталог отколку како акција, еве ги сликале девојките што ги избраа преку Фб, се избрукаа со натпреварот...
Се извинувам тогаш, погрешно разбрав Мислев дека ги бараш општо производите кои се на попуст во ДМ. Иако искрено во каталогот нема некој голем попуст, освен сетовите од Балеа и Алверде....
Кога како,во зависност од степенот на мрза што ме држи дента. Некој пат секој ден некој пат преку еден ден. Најчесто пред искачање во град ја оставам како маска да ми постои на лицето да ме освежи за да не плашам народ коа ке излезам од дома ,а преку недела коа се вракам од работа само се мијам со него да ми тргне пудра и остали ствари и да ми го исчисти лицето.
За тргнување на пудрата и целокупната шминка од лицето, јас сум презаоволна од пената на Алверде, со мирис на лимета и јаболко. Како вади пудра - немам зборови, а за мирисот подобро и да не коментирам, фантазија! А од зелената колекција на Балеа преубаво за чистење и благ пилинг на лицето ми е зелениот гел со гранули. Не е многу агресивен, мислам дека би ти се допаднал и тебе Мимс. Не е воопшто скап, вреди барем да се проба. Или види го тоа розевото Балеа со пумпица. И тоа има гранули и фино го освежува лицето.
женски едно прашање дали во дм има силиконски капки за коса и ако има отприлика која цена се треба неделава да идам за ск.
^Јас ги имам истите, многу се добри!! Прекрасно мирисаат и потребно е многу малку да се нанесе од нив а одлично ги прекриваат врвовите. Туку @Elissa, зошто јас мислам дека се поевтини? Се ми се чини дека беа под 200 ден?
А бе ми се мешаат со оној балсамот за сува коса, е сега едното 190 другото 260 така некако беа . битно тука некаде е, не се страшни цените.