Овој серум е над 200 денари, јас пред некоја недела го гледав и се мислев дали да го земам, ама ете не знам зошто оставив за некој друг пат. Најверојатно затоа што не бев слушнала нечие искуство, за следниот пат ќе знам.
Го има ли уште љиљаковиот серум? Го барам но неможам да го најдам, а ептен е ефикасен, навистина ја штити косата од топлина, ја омекнува и не ја мрси косата.
Си купив прееска ваков вазелин од ДМ за груба и испукана кожа на телото (така пишува на него), но ме интересира дали може да се става и на уста ???
Во потрга сум по квалитетна четка/чешел за коса, затоа што приметив дека косава повеќе ми се оштетува при чешлање отколку при пеглање или виткање со фигро. Прво на ум ми беа оние од природни влакна ама со оглед на цената над 800 денари се предомислив. Одамана го гледам ова во ДМ, Го има ли некоја испробано? Многу ме потсетува на оние на Макадамиа за кои сум сигурна дека се одлични ама во моментов не сум во можност да вршам порачки по нет, па ме интересира за ова конкретно. Некоја да сподели критика, пофалба?
Денес го земав, супер е и се приметува некоја разлика од оној стандарден чешел-четка, помеки се запците и не ја кубе косата, а и ја мазни т.е. не ја разлетува. Не можам да кажам споредба меѓу тој што го спомна од Макадамиа и овој во ДМ, ама како за прв пат купување на ваков чешел е одличен, барем за мене. Сега цената е малку поголема 520 и нешто беше, што досега не сум дала за чешел ама некако се натокмив да го земам зошто одамна ги гледам по интернет. Како и да е не верувам дека ќе најдеш друг од тука освен овој во ДМ, затоа земи си го.
Да ептен личи на макадамија чешлите , јас го имам овој зелениот и супер е , не ја кине косата ја чешла убаво и кога е сува и мокра. Земи си го нема да згрешиш
@simoncelicius, јас мислам дека Macadamia чешелот го има во Alexander cosmetics во Капиштец. Ги имаат Macadamia производите, сигурно го има и чешелот. Еве го српскиот веб-сајт треба да ги има истите производи. Или барем дел. http://www.alexandar-cosmetics.com/
Ми пиша пред некој ден @Lollipop7 , не заеш како се израдував што ги донеле кај нас На стрната на фб имаат и козметика на NYX, ама всушност во продавницата кај нас нема ништо од оваа козметика, баш ми е криво што сеуште немаат дозвола за продажба на нивна козметика овде во Скопје. Ќе отидам деновиве да си ја земам оваа на Макадамиа, затоа што е 500 денари, за разлика од оваа од Дм, која е некоја си без врска марка а е поскапа од оваа на Макадамиа. Има и лакчиња на china glaze, за некои си 250/280 денари. Како и да е фала ви девојки
А каде поточно се наоѓа ова во Капиштец...се работи за продавница, парфимерија, сл....Зошто прв пат слушам од вас ?
@kolovoz, продавничката е на ул. "Васил Ѓоргов", одма спроти влезот на ТЦ Беверли Хилс, ама не тој влез на ул. "Народен Фронт", туку тој позади. До продавничката се наоѓа и Стокомак маркет и Виола аптека. Се надевам помогнав. Пиши ми ЛП, ако не ти е јасно нешто.
@kolovoz , Му доаѓа помеѓу Зебра и Стокомак. Ако одиш со 57 во насока од рекорд накај Зебра, можеш или кај Зебра да се симнеш и да продолжиш во насока на движење на автобусот, пред да стигнеш до стокомак, ќе го видиш како продавничка е од спротивна страна на улицата од зебра, Зебра е на десната страна, ова му доаѓа на левата страна. Или можеш да се симнеш на таа станица одма после Зебра, и да се вратиш наназад, така поблиску ти е. Продавничката е веднаш на улица, не е забуткана, лесно се наоѓа, целата е како стаклен излог ама не е многу голема
А дали во оваа продавница ги има и останатите производи на Макадемија? Маски за коса , шампони , маслата итн? Јас таа маската ја земам 13 евра 100мл а ако ги има таму тогаш да знам да си купам
Има има И масла и не знам уште кои работи ги има. Искрено на брзање поминав, и загледав дека имаше доста работи, имаше нешто околу 350 денари, не сум сигурна што беше, а имаше и малку поскапи околу 1000 и нешто
Прекрасен е!! Преубаво мириса и кожата ја прави мека и нежна Само да знаеш дека е наменет за сува кожа, што значи дека на некој девојки може да им биде премрсен.
Јас сакам кога ги менувам геловите за туширање со различни вкусови. И така ми беше при крај тој со зелено јаболко. Сега се бањаме со овој вкус. Мммм мириса прекрасно, едвај чекам да го пробам.