Јас користев,неколку недели треба да бидеш упорна и да се држиш строго до упаството напишано на производот.Предобар е навистина,јас ги препородив ноктите
Кои производи се намалени во ДМ во Капитол викендов? Има нешто интересно за да поминам или да си седам дома на топло ?!
Имаат веб страна и на нив имаш каталог на она што е на акција.. http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/
Знам за тој каталог, не мислев на него. Прочитав на фб дека по повод „една година од отварањето на Капитол Мол“ одредени производи се на 50% попуст, па ме интересираше кои. Тоа го нема во тековниот каталог.
Ај препорачајте ми некое убаво млеко за тело така потечно да е и убаво да мириса од ДМ од кое сте задоволни...
Џабе ќе идеш. Јас бев и нема нешто асално. Влажни марамчиња, минијатурни сенки.гел за туширање од Балеа, и Balea men дезодоранс мислам дека беше. Јас не сум задоволна од понудата
Балеа Black secret Новото гелче за тушириње од Балеа со ванила и портокал.Многу пријатен мирис има,баш зимски празничен Инаку гелот си е стандард како и сите останати гелчиња на Балеа,фино си е 100 ден.
Кесичката е мислам околу 60-70 денари, ако во меѓувреме не ја покачиле како што ги покачија шампоните и регенераторите од линијата Professional.
Има во ДМ од оние маските за лице што се во тубичка, да не се поединечни? Било каква, пил оф би било најдобро ако има да ми препорачате. Никаде неможам да најдам вакви маски што се во тубички освен во Орифлејм и Авон, а неам од кај да порачам.
Бев денес во ДМ да купам нешто, кога случајно ми падна кремчево во очи http://www.dm.de/de_homepage/balea_...94/pflegecreme-my-golden-twenties-447989.html Нов производ е...го купив, морав да го земам
Има пил оф маска на Балеа во тубичка, баш ја видов вчера, со цена од околу 150-тина ден. Вака сега на памет не ми текнува баш што боја беше тубичката (така помала беше) и што точно пишуваше за да ти ја објаснам полесно да ја најдеш, ама знам дека ја гледав и сакав да си ја земам, ама на крај заборавив пошто тргнав по други работи Како и да е, за таа цена вреди да се проба, и јас одамна барав и оваа ќе си ја земам обавезно, па ако ја земам денес-утре ќе ставам слика да видиш која е
На некоја од овие да не мислиш? Првата мислам дека е околу 150, а вторава од скоро ја гледам и е 105 денари или така нешто, но во секој случај поевтина. И двеете се ензимски пилинзи, т.е. немаат внтаре гранули. Јас немам досега користено такво нешто и баш сакав да пробам, ама во моментов други работи испробувам на лицево. Инаку Мимс и јас барам такви маски во туби, баш мислев и да прашувам затоа што ми е мака веќе од оние во кесичките, па ако најдеш нешто сподели информација и наваму
@Giovanna, браво, првата ја гледав, таа во розево Втората не ја видов, ама може не сум погледнала подобро. Како и да е, јас обавезно ќе ја земам розевава, па ќе споделам впечатоци Обожавам пил оф маски, првенствено зашто ми се интересни за користење , а и не се на одмет состојките за нега секако. Порано користев една пил оф на Фриман од краставичка, ама веќе со години ги нема во МК, така што Балеава морам да ја земам
@UnordinaryOne, во кој Дм го зема и колку чини? Морам да го купам, ако ништо друго, да ми остане кутивчето ))) @buba4e89, германскиот ми е одамна за`рѓан но ако точно разбрав, ова е крем за нега на лице, усни и тело со мирис на роза и лаванда. Според грамажата, претпоставувам дека е нешто како универзален балзам.