Точно, пишува дека е универзална крема за лице, тело и усни со мирис на роза и лаванда Кутивчето е од 30 мл. и чини околу 70 денари. Имаше и друго со мирис на цреша, но се одлучив за првово Вчера вечерта го употребив како крема за лице, убава текстура има, слично како кремите на Балеа, не остава масен слој, само има за нијанса поголема хидратантност. Не верувам дека редовно ќе го користам како крема за лице, но ете го купив колку да ми помине меракот. Кутивчето е преслатко
@Sexybaby86 јас па мислев којзнае што е ова, а тоа било пил оф маска Не сум којзнае каков фан на ваквите, но и да бидам искрена немам многу испробувано, веројатно рано се откажав. Инаку втората што ја постирав е со ензими од папаја и алое, а тие се меѓу најдокажаните кај ваквите типови на маски, еве баш сега и читав и се просветлив Ќе ја земам јас таа, па ќе видам каков ефект ќе има кај мене.
Девојки, сигурни сте дека се работи за peel-off маска? Мене тоа peeling не ми е баш веродостојно, затоа што означува всушност пилиг, а и самите маски во структурата најверојатно содржат гранули за пилинг и можат да се употребуваат и како маска и како пилинг. Можеби грешам, но сигурна сум дека називот на германски за peel off е друг. Ако веќе пишува на декларацијата на Македонски дека маската се лупи, тогаш е во ред. Но, јас досега не сум сретнала таква што се лупи и која е спакувана во тубичка. Само онаа со мед ја знам, во кесичка. Е таа со сигурност се лупи.
Мишела и јас така мислев, ама еве не било така. Пилинг се подразбира во смисла дека тие ензими продираат и го отстрануваат површинскиот слој од мртви клетки, без никакво триење туку само со одлепување. Релативно е понежен овој тип на пилинг, но сепак со претерана употреба може да доведе исто така до сушење на кожата. Не ја прочитав баш највнимателно декларацијата, но сигурна сум дека нема гранули внатре.
Пил оф маските се препорачуваат кај лицаат со осетлива кожа. Доколку некој има отворена рана на лицето, во облик на акни, или раздразнета кожа подобро е да се одбегне пилингот. Пилингот содржи гранули или честички кои преку киселините кои ги ослободуваат ја отстрануваат мртвата кожа. Со нанесувањето нежно се масира на навлажнета кожа а потоа се плакне. Пил офф е гел кој рамномерно се нанесува на лицето и се остава да се исуши. После 10-15 минути се лупи од кожата, а остатокот можеме нежно со млака вода да го отстраниме. При нивно комбинирање се препорачува првен да се употреби пилинг, а потоа пил офф. Не знам дали во ДМ во МАкедонија ги има продуктите на Scaebens и Merz. И они имаат пил офф маски.
Јас ја имам првата и не, не е пил офф маск односно не се лупи. Всушност се работи се хемиски пилинг, се нанесува на лицето како крема и се остава 5-10 минути и потоа се мие (никако да не се остави подолго од препорачаното време!). Мене лично ми се допаѓа производов, но секако треба да се користи внимателно како и сите други производи од овој тип. Најдобро е навечер да се користи маскава бидејќи по нејзино отстранување кожата може да биде црвена. Исто така треба да се користат креми со спф фактор ако веќе се употребуваат хемиски пилинзи бидејќи по нивно користење кожата е почувствителна на сончевите зраци и лесно може да дојде до хиперпигментација.
Сепак мислам дека хемиските пилинзи се доста поагресивни и отстрануваат по неколку слоја клетки од кожата одеднаш и затоа баш се препорачува да се прават исклучиво под надзор на дерматолог Како и да е барем ни ја расчисти дилемата дали е пил оф или не Инаку јас баш вака како што објасни ги замислував, па после видов дека може да бидат и од друг тип. Еве ќе редактирам и ќе оставам еден лик за овие маски, баш тука го пишува тоа што го зборував. http://www.wisegeek.com/what-is-an-enzyme-peel.htm
Јас којзнае што сум видела значи Се извинувам, моја грешка. Или не станува збор за розевата туку за некоја друга, или пак тоа што сум го видела било обичен пилинг, не пил оф. Трето нема Така на брзање ја видов, и баш си помислив еј супер, имало пил оф маска во туба , ама дали грешно сум видела и што сум видела не знам. И најтрагично, сакав да ја купам, ама од брзање изумив Штета или среќа, не знам Ако е некому од помош, станува збор за ДМ во Капитол, на сталажата карши парфемите и Есенс штандот ја видов фамозната маска. Ќе поминам пак деновиве специјално за тоа, па ќе пишам дали сум ја нашла или не
Дали сте го виделе ова во дм? И апел до @dm drogerie markt , ако ништо друго барем носете ги и тука во Македонија оние производи кои ги има во оној ДМ во Белград. Има многу повеќе избор на производи таму не кај нас, зошто не знам. Овие погоре на Балеа сигурна сум дека ги има во српскиот дм, а кај нас ги нема сеуште ( барем јас колку што имам забележано) се надевам дека во набрзо време ќе пристигнат и кај нас, како што беше случајот со бејбилипс на мејбилин. Најмногу ми е за производите на freeman посебно маските кои ем не се скапи ем се преубави, и за сувиве шампони на Батист ( кои исто така ги имате во српскиот дм ).
Јас бев денес и да тие маските што ги спомнавте погоре се пилинг маски, се оставаат на кожата да делуваат 5-10 мин и пота се плакнат, не се пил оф. Точно таа розевата ја имаше, имаше една портокалова и сина ми се чини. Сите беа пилинг маски, имаше и една за ревитализирање на кожата со арганово масло, доста голема туба беше, а цена нешто помалку од 200 денари. Само мислам дека беше за зрела кожа.
Не е тамата за тоа ама морам да прашам, како функционираат овие dry shampoo? Како ги нанесувате и дали сте задоволни. Конкретно од овој бренд Batiste што го спомна @simoncelicius
И на Бит-пазар ги има, овој и уште неколку други нови, преееееееееееекрасно мирисаат. Не ми се верува дека со се' сум во тек, без лижење газови ама прилично сме упатени.
Со предолгите паузи меѓу предавања и секојдневното наминување во најблискиот ДМ после факултет колку „за да си ја издувам нервозата“, нормално дека ќе сме упатени, како мислиш ти. Он топик - да си го земам гелот и јас штом убаво мириса, ќе се најде. Последен го купив тој новиот со ванила и портокал мислам (?), преубав е, мајка ми веднаш си го присвои.
Да бе, лечам склет со странски инвестиции, чисти туго три месеци за после да лечиш нервози на раат е работава..... Дм за психијатар на годината Јас го земав некна на тепка тушот на Алверде, па не стасав да го пробам, вчера во друг филм ми беше шминката Имаше на Мејбилајн или на Максфактор, тушевите им беа на намаление, по 250-60, ама не знаев што ќе испадне, па ај овој... И сепак го купив пак пудрото на Римел, ако прашуев, гледав таму и на Катрис, ама ај си викам, сигурно си е сигурно. Сега викате гелче некое да се подновам, а... или лосионче
Или и двете на крај! И јас треба да си купам пудра, што ти требаше да ми потсетиш, не ми се даваат пари. Туку, се надевав исто на 25% попуст на производите од Буржуа за да се подновам со убави кармини, ама шипак.
До сега оние што сум ги користела не сум била задоволна. ама овој конкретно го гледам по речиси сите странски јутуб туторијали, од девојки кои користат навистина скапи производи. Ако некоја што одвојува огромна сума за диор пудра на пример го користи овој поефтин шампон сигурна сум дека има нешто и го бива штом не посегнала по поскап кој може да си го дозволи Не знам ова си е некоја моја логика, инаку лично не сум го користела, не ми се исплатело до сега да одам до Белград само за козметички производи. Инаку, се става слично како и лак за коса, во форма на спреј е, како бебешка пудра во прав е по структура. се прска на коренот на косата, се масира за да не се гледа правта нели и тоа е тоа. Е сеа тоа што ме привлече највеќе е баш тоа што имаат различни видови за рaзлична коса, т.е. има посебно за русокоси, бринети и т.н. што значи дека сепак помалку би се познавал за разлика од другиве суви шампони. Иако попрво би си ја измила косата, сепак мислам дека ќе ми е од помош затоа што имам некоја чудна коса. Мене веќе после 24 часа косата не дека ми е мрсна ама јас си ја осеќам како нечиста и како со намален волумен, сплескана, не ми е лелеава како кога ќе си ја измијам. На вакво време и некако не ми се мие коса секој ден, и да излегувам така по ова ладново а реално и премногу е секој ден да ја мијам. Шампонов би ми бил совршен ете така за веќе вториот ден, колку само да ми даде волумен и да не ми се приметува косата дека не ми е баш свежо измиена, секако пак би си ја миела како и сега секој втор ден
И не можам да си го редактирам постот ама покасно ве видов дека сте дискутирале за маските... Јас маскава уште пред повеќе од година дена ја видов ако предлог кај Зорана ( знам дека е лигава девојкава и на повеќето ви оди на нерви ама е единствена што прави вакви видеа со производи кои ни се поблики на нас, т.е. достапни на наш пазар ). Знам дека се залетав да ја купам и беше доста ефтина околу 70-80 денари. Ама дераматологов ми рече ниакви маски да не ставам, посебно не онакви што се лупат и баталив, ја заборавив се до сега додека не ги видов сликиве Убаво пишале погоре, како крема е, и иако пишува ензимски ( не хемиски ) пилинг сепак нема никави зрнца во неа, напротив е мека и кремава и мислам дека воопшто не се стврднува. За таква маска што се лупи до сега само оваа ја имам сретнато Јас оваа ја земав многу одамна, околу 55 денари ако добро се сеќавам ама одеа две помали пакетчиња, кои сепак беа многу за да се нанесат само на два пати. Па така едно пактече го имав за две нанесувања, што значи за 55 денари излегуваат четери нанесувања, затоа што ако ставам подебел слој тешко се суши и не се одлепува. Не е некоја хидрантна што мислам дека сепак е нормално, авакви peel-off има на Нивеа нешто поскапи околу 85 денари во кесички и на евелин околу 33-35 денари во Тинкес мислам. Како што пишав погоре мене ми забрани дерматологот да користам вакво нешто а другарка ми има забележано дека буквално влакненца од лицето и ги корне ваков вид на маска, како да си го депилира лицето. Како и да е погледнете ги рецензииве на блогов можеби ќе бидат некому од помош http://www.everydaycait.com/2013/11/balea-face-mask-part-2-not-final.html http://ramblings.workadayreads.com/2014/06/balea-face-mask-round-up-and-reflection.html Инаку јас ве настрвив со овие на балеа гелчињата а вие мене со таа универзалната крема/балзам, ептен е убаво пакувањето, невообичаено а и оваа другата не е лоша
До сега сигурно го имаш пробано, имаш и резултати, ама ај и моја критика. Го имам користено и овој 8 во 1 и тој другиот три дневен третман Дајмонд, со дијамант беше и на опаковката. Задоволна сум додека ги користам. Го следам упатството и додека го користам се зајакнати, цврсти, не се листаат и сл. Но, после недела дена, повторно почнуваат. Малку ќе порасне и одма ми дели. Повеќе внимание обврнав на исхраната, а лакот ми се најде во улога на безбоен лак.
Дали месец дена го користам, поцврсти ми се ноктите, ама за листањето не сум сигурна колку помогна. Зашто ги исеков кратки па еве сеа ми се до некоја профатлива должина ама не мислам дека има некое подобрување во тоа дека веќе не ми се листаат. Тоа и ми беше проблемот мене, на крајот на ноктот секогаш ми се листаа и морав да ги сечам. Па ете еден нокт долг еден краток, кој како му дошло. САКАМ ДОЛГИ ЦВРСТИ УБАВИ НОКТИ ! Премногу ли барам?