Dali imate sretnato od Balea potocno od EBELIN edno rozevo silikonsko cetkice za cistenje lice.Koja mu e cenata
Презадоволна сум од овие освежувачи од ДМ. Првиот зелениот е освежувач на корпа за отпадоци,мириса пријатно на лимон и доста јако,јас не го користам само за во корпа туку и го лепам на плочки во тоалет.Мирисот му е долготраен,пријатен и интензивен.Вториот синиот е освежувач за во плакар,автомобил и тн.а јас го користам како освежувач во шкавче за чевли.Исто ,интензивен и пријатен мирис на чисто,убива секакви непријатни миризби. Цена 45 ден.
http://www.dm.de/linkableblob/de_ho...o-blutorange-moringa-data.png?v=1375257581000 Дали некој го има користено шампонов? Пофалби/критики?
Дали некој што бил скоро во Дм го видел овој серум? Минатиот пат кога го барав го немаше. Или пак, ако некој оди деновиве ве молам проверете. Благодарам однапред.
го користев редовно откако се отвори ДМ кај нас а воедно ова ми беше прв производ.. го снема некаде од април-мај лани. На нивната официјална страна овој производ веќе го нема а наместо него е овој веројатно е истиот само што повторно му е сменета амбалажата а за жал сеуште го нема кај нас.
Два пати со ред одам во ДМ во Капитол со намера да го купам овој гел за миење лице, но таму го немаат. Дали некоја од вас го има забележано во ДМ во ГТЦ или во Веро центар?
Денес бев до Веро центар и за жал го немаше гелов. Бев и до Гтц, ни таму го немаше. Продавачката ми рече дека ќе го добиеле пак. Ако некој го забележи во скоро време нека извести
Колку пари е сунѓерчето во форма на солза од Ебелин? Дали ја има и другата форма Спојлер или ја имаат само солзата? Кога сме веќе кај формите што е толку разликата во нив? Знам дека солзата е подобра за коректор, а ова веројатно за тапкање на пудрата? @Mishela можеби ти можеш да ми одговориш?
Од сунѓерчето како на сликата во спојлер има на штандот од Аура. Јас го имам и сум многу позадоволна отколку од она од Ебелин. Тоа ми е покруто и едноставно не ми лежи колку ова. Не знам колку го купив, имав земено повеќе работи па не ми текнува, ама не е скапо, мислам дека дури беше и нешто поевтино од Ебелин, кое пак е околу 180-190 ден. Разликата во формите освен ергономичноста на ова со вдлабнатина, не знам ниту дали има. И кај двете испакнатиот тесен дел е одличен за коректор и деликатни делови како надусници, нос, деловите околу носот; а поширокиот дел за поголемите површини од лицето. Мене ми нема некоја разлика, освен тоа што ова со вдлабнатината не ми се лизга од прсти и со него работата ми оди побрзо. Тоа од Ебелин или многу ми застаре или навистина не ми е по вкус. Не ги сакам овие бјути блендери воопшто, мене не ми се допаѓаат. За коректор се навистина подобри, како што ми е сув коректорот не ми го впиваат воопшто, ама пудрата ми ја „јадат“ и тоа како. Четка си е четка, со душа ја чекам да ми стигне онаа од РТ па да видам што е раат.
Јас се мислев да пробам, гледам блогерките ги фалат и демек штом е натопено со вода не ја впивало пудрата, еве ти велиш дека кај тебе е спротивно. Мене повеќе ми фаќа око ова што го ставив во спојлер, гледам повремено го има во каталозита од Орифлејм, таму е 100тина денари, можеби е подобро од таму да си земам чисто да го осетам ефектот. Кога спомна Аура, да не си била неодамна во Дм да знаеш дали има некаков попуст на хајлајтерите или таа им е цената околу 200ден? Деновиве планирам да си купам, се мислам меѓу Аура и Есенс, не можам уште да се одлучам кој да го купам, ама повеќе ме влечат тие на Аура.
Тоа како солза на штандот на Аура е околу 210 денари. А тоа другото е околу 180. Каде да најдам рамна четка за пудра на Ебелин што сите сте ја пофалиле? Бев денес во ДМ и немаше таква. Има ли на друго место? И јас се мислев дали да ја земам четката или ова сунѓерчево и ја немаше четката па ништо не земав.
Во ДМ на Даме Груев ја има таа четка што ја бараш, околу 290 денари мислам дека беше, денес баш ја гледав имаше доста количини. Стои на почетокот на закачалките на ѕид што им се одма кај што почуваат штендерите со декоративна козметика.