Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Има ли во ДМ козметика на Cera di cupra? Ме води патот натаму,сакам да си земам некои производи ,па ако има и од Cera di cupra да тркнам само до таму ,да не се мкнам на сто места по топлово.
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ете, грешка направив во изборот.
    Денеска бев во ДМ, и си викам ај и така сум тука да го земам тоа Трендафилка и Анат што го имаат користено за коса. И јас цело време си мислев на Балеа дека е, тоа на Алверде да ти било. Земав едно друго, цело време мислејќи дека тоа е тоа што го барам :D, еве го: Знам јас нешто портокалово имаше на него :emo:
    [​IMG]
    Во секој случај ќе користи, и така е за виткана и брановита коса како мојава.

    Шампонов го видов 100 денари беше, го мириснав и морав да го земам. :D Таков најнајнајрекрасен опивачки мирис на папаја, смоква и ананас има. :inlove:
    [​IMG]

    Исто го земав и млеково за самопотемнување, баш ќе видам колку ќе е корисен..
    [​IMG]
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Има. Барем мислам дека видов, скоро 95% сум сигурна.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми добра пудра од дм маркет.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    140.115
    Го користел ли некој ова за отстранување шминка?


    Некако чудно ми е, не пишува дека треба да се измие, а лепливо е и малку како пена да има. Плус не отстранува шминка баш како што треба, особено околу очите, и плус пече. Можеби не треба да го користам за очи. Од друга страна, многу ми е убава кожата по користењето.

    До сега користев Нивеа за отстранување шминка, па можеби во прашање е навика, но сепак не сум најсигурна дека нештово го користам како што треба. Ни тоа од нивеа не беше посебно за околу очи, па супер ја вадеше шминката.
     

    Прикачени фајлови:

  6. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Си купив дезодоранс со мирис на кокос и ванила,преубаво мириса,ама тој мирис трае 10-15 мин,а цената му е 145денари :!:
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    колку е пудрата на балеа?
     
  8. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Kaжете ми која течна и камена пудра е најефтина во дм маркет и колку пари е затоа што на лицево имам само 1 акна не ми се даваат пари за премногу скапи пудри.
     
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Вчера прв пат бев во ДМ маркет (срам да ми е :$ ), и ги купив следниве три производи, од кои првите два ги пробав денес, ептен бев нестрплива :D :

    После одличните препораки во темава, ја земав фамозната маска (пакување) за коса на Alverde [​IMG] и воопшто не се покајав. Одлична е! Ја прави косата мека, свиленкаста, сјајна и лесна за расчешлување. Ќе продолжам да ја користам, ептен ми е погодена :)

    Следно, го земав шампонов на Balea за плава коса пошто сум плавушка :D и прекрасен е [​IMG] Мириса убаво, и косата ја прави неверојатно убава и сјајна дури и без употреба на регенератор. Дефинитивно ќе го купам пак :up:

    И последно, земав крема за стапала исто од Balea со 10% уреа за екстремно сува кожа на стапалата [​IMG]Уште не сум ја пробала, планирам вечер пред спиење да си ги намачкам ноџињата и да си облечам чорапчиња, па утре сабајле да го видам резултатот. Не се сомневам дека ќе биде одличен, кремава ми ја препорачаа, така да... :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Има ли онлине каталог на производите од ДМ?
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.599
    jaс со мало каснење.
    не е наменет за чистење на шмикната околу очите, затоа и чуствуваш печење.
    најчесто се препорачува за оние кои користат лесна шминка и имаат прилично сува кожа, но не е многу практичен бидејќи после неговата употреба треба лицето повторно да се измие со некој гел за целосен ефект.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Мајка ми е презадоволна од овој шампон
    [​IMG]
    А јас од овој
    [​IMG]
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Kaжете ми која течна и камена пудра е најефтина во дм маркет и колку пари е затоа што на лицево имам само 1 акна не ми се даваат пари за премногу скапи пудри.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас денес бев прв пат во ДМ маркет и колку што можев да приметам на брзинка нема некоја поголема разлика во цените од другите маркети.
    А воедно кажете ми како сте задоволни од овој гел? Го имате користено? Денес го купив...па ќе видиме
    [​IMG]
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А зашто би имало....сите купуваат од ист увозник.
    Предноста за ДМ маркетот е во производите на Балеа и Алведере, тие си ги прават и тие се дистрибутери па затоа си имаат квалитетни и ефтини производи. Со останатите прозизводи немаат никаква врска, си ги зимаат како и другите маркети, само си зголемуваат асортиман во маркетите нивни.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    по зборењата на мои другарки кои биле во ДМ во загреб,задар.....се било поефтини од другите маркети. и дека ДМ бил со таа намена, и прочуен по тоа дека е поевтин од другите.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    8.647
    Последните фаворити од ДМ, лосионот за тело од Балеа и гелот за туширање од грејпфрут. Освежителни и трајни, лосионот е прекрасно хидратантен и со мирис што трае. И некако сладникав вкус :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ми треба препорака за некоја фина крема за омекнување на стапала од Дм ,Балеа или Алверде.

    И ја има ли некој пробано Aлверде пудрата во прав?Какви нијанси има?
     

    Прикачени фајлови:

    • default.jpeg
      default.jpeg
      Големина на фајлот:
      7,5 KB
      Прегледи:
      356
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Јас ја имам пудрава во прав и има 2 нијанси само, толку видов јас.Јас ја земав двојката и ми се погоди :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    24.076
    Пол:
    Женски
    До колку работи ДМ ?