Имаш голем избор на фарби , на Лореал , Гарниер колор натуралс и колор сензејшн , на Субрина , Палете , Аура , во повеќето ДМ ги има фарбите и на Кене и Еволушн.. јас досега сум најзадоволна од Гарниер колор сензејшн и Кене , зависи колку пари ќе сакаш да дадеш
За Лореал не сум сигурна за цената но под 400 денари не верувам дека е , за Кене јас ја имав земено 320 ден,а Еволушн е околу 240
Луѓе,ја купив маскарава,прекрасна е,ама немам збор! Лепеза трепки,не се рони,стои цел ден..што друго да кажам,ќе згрешам.Баш е lash sensational!
Здраво девојки, периодов користев повеќе производи од DM па да споделам мислење Гел за туширање и лосион (од истава колекција), убав мирис на мед и млеко, пакувањето е доста големо и практично (200/300ml) ако не се лажам. Кај гелот за туширање ми пречи што мирисот не е долготраен но за тие парички врши работа и повеќе од доволно. Лосионот за тело има подолготраен мирис и мала количина е доволна за поголем дел од телото. Цената мислам дека им е околу 100 или 110 ден секое. Бидејќи времето е такво какво е а јас и без него имам премногу сува кожа, ми требаше нешто со појак ефект за усни. Мало слатко пакување, балсамов дава некој сјај, не остава боја и се задржува подолго време на усните. Мирисот на прво отварање можеби нема да ве воодушеви но потоа мене ми стана доста симпатичен За цената на сум сигурна но јас мислам дека го земав околу 120 ден. После толку фалење на Балеа аква серумот, морав да го имам бидејќи прочитав дека го користите и како подлога за пудра, а такво нешто и ми требаше. Цената беше 245 ден. Но тек откако дојдов дома прочитав на него дека има anti-age ефект, а бидејќи јас сеуште немам потреба од тоа и го дадов на мајка ми да го користи. Е сега дилемата ми е, дали има и друг вид на серум кој е без овој anti-age момент или сепак овој е тој? Бидејќи кога бев во ДМ само овој беше а јас бев во брзање и не успеав ни да погледнам на него, но секако нема да остане неискористен Балзам за исправување на коса, на пакувањето пишува дека уште по првото миење со него, ќе немате потреба да ја пеглате. За ова не е точно, бидејќи не само што ќе морате да ја пеглате повторно косата, туку и тој процес подолго ќе трае Тоа и не ми беше некој проблем бидејќи веќе подолг период косата ја средувам со пегла после миење (имам прекршена густа коса, не виткана!) но ми се појави проблем, балзамов ми создава чешање на главата. Пробав да го ставам во многу помала количина, само од половина коса кон врвовите, едноставно не идеше и сега ќе си стои така. Му дадов повеќе шанси но изгледа ќе се разделиме на подолг рок
ilovecupcake сигурно е од балсамот? Бидејќи ако го нанесуваш по должината на косата (што значи дека нема никаков контакт со скалпот) не би требало да ти создава чешање. Инаку, бидејќи спомена дека сакаш права коса, ако до сега не си го пробала, обиди се со овој регенератор (Balea Professional Repair Spülung). Можеби немаш којзнае колку оштетена коса, но со користењето на пегла секако се „квалификуваш“ за обид
Јас имам користено производи од ДМ поточно од Балеа и моите искуства се 50/50, поточно го користев шампонот и регенераторот за плава коса од регенераторот без задовлона од шампонот не, потоа го имав купено и спрејот кој е за одмастување на коса-тој океј беше не е лош , е сеа презадоволна сум од кремот за подочњаци, ке го прикачам подолу, значи кремчето е закон , мојата рабоата е пред компјутер по 8 часа на ден и вака навечер ке поминам некое време пред ком. и лесно ми се ствараат подочнаци ама тоа малото чудо стварно помага, ...овие s-hi нзнам дали се на ДМ козметика мислам карминичиња и такви стварчици незнам дали се нивни ама само тому ги имам видено, од нив имам земано карминчиња , сјајчинја и слични работи и океј се онака просек ко за цената се океј.поздрав се надевам дека помогнав некому
Ти благодарам на предлогот, иначе и мене ми немаше логика тоа, ама стандардната комбинација на препарати што ги користам за средување коса ми е испробана и дава супер ефект, ова го земав само како додаток бидејќи мислев дека ќе ми помогне во смисла на колку-толку исправување пред користење на пегла. Овој регенератор не ми е испробан до сега, така што следен е на листа
Дали во маркетот има некој производ за отстранување на жолтеникави дамки од нокти и некоја крема за зацврстување на нокти ?
Итно ми е потребно и мене, старото веќе воопшто не ми изгледа добро за користење, а никаде го нема во сите ДМ низ Скопје го барав. Тоа на Аура не ми одговара има некој лош мирис (и покрај миење со сапун, шампон) и ми предизвикува бубулици. Ако некоја го види молам да пише