Јас го зедов, вчера првпат се миев. Го зедов оти немав шампон, а овие шампони на Балеа во туби ептен ми се погодени, барем досега што сум ги користела. Мене ми е тенко влакното, кога се фенирам брзо и лесно ми се деформира, особено сега, кога ми е до рамена. Со овој шампон првпат се миев синоќа, се исфенирав и после два саати си легнав. Сабајлево уште ја имам фризурата од синоќа ќе видам до кога ќе тера. За волумен не е нешто особено, ама не ја фенирав да добијам волумен, само да ми биде права, не прекршена. И мирисот уште трае
Yep... сите тие шампони на Балеа во туба исто мирисаат, барем таков впечаток имам... мене ми се бендисува. Денес уште ми се држи формата, ама мирисот ич. Ми се свиѓа од едно миење, за понатака ќе видиме.
Оној за русокоси, жолтиот, мириса најужасно, а штета бидејќи мене ми е баш супер. Ќе го пробам и овој, дизајнот му е многу летен и весел, не можам да одолеам.
Неам поим како мириса жолтиот, јас сум ги користела кафениот за бринети, лилјаковиот за права коса (само од него не сум задоволна) и тој за фарбана коса. Исто ми мириса како нив. Ама не е јак мирисот.
Јас да се надоврзам за Балеа шампоните, од тие во туба дефинитивно најубаво мириса тој за обнова на косата. Конкретно на овој мислам Задоволна бев и од негата што ја дава, косата прелесно се обликува. Е сега малку ми беше агресивен за скалпот, ама до периодот беше, скалпот ми реагираше на секој шампон. Во секој случај го препорачувам за оние кои сакаат поблаги мириси, мене конкретно ме потсетуваше мирисот на кокос Да го дотрошам шампонот од Нивеа кој го имам моментално, дефинитивно овој ми е нареден на листа за купување
^^ Да и мене не ми се допаѓа воопшто мирисот на жолтиот шампон а воедно го имав ставено во омилени производи на месецот , но потоа по подолга употреба видов дека ептен ми ја сплеснува косата. Сега веќе не го користам зашто црна нели се фарбам
Добар маслен спреј, anyone? Знам дека има еден од Авон, но не сакам да порачувам од каталог, сакам да си купам. Видов дека има два вида масла за тело од Балеа, но со спреј ми е полесно и попрактично. Видов и еден потенцијален спреј од Garnier, но малку чудно ми мирисаше. Имате други предлози, или да го земам последниов?
И јас сакав маслен спреј, а ги избегнував Балеа од истата причина како и ти, поради недостатокот од распрскувач. Знаеш како се снајдов? Си ја претурив течноста од Балеа маслото за тело во празно и добро исчистено шише од потрошен спреј за тело, нема мака, изум на векот.
Девојки дали некој од вас го има пробано овој масажер од Ебелин? Наменет е за подобра циркулација, масажа и борба со целулитот. Може да се користи и при туширање со соодветен гел за туширање, или пак за масажа со антицелулитна крема. Не ми текнува на цената, а не беше скап, би си го земала, ама не е на одмет прво некое мислење да слушнам. Евентуално коментар и за нешто слично со ваква намена од кое сте задоволни.
Земи си го, овие масажери се супер, без разлика кој е производителот. Јас имам вакви од Орифлејм и Дебора, ги користам за разнесување на пилингот по кожата. Не знам зошто, ама ми се уфрлило во глава дека вака на мојата кожа и` е најдобро. Најчесто се користи со оние третманите против целулит, за поттикнеш циркулација и да делува препаратот. Не сум го користела на тој начин, немам проблеми со целулит, ама за масажа кога сум расположена е одличен.
Девојки да не сте ја виделе четкава во некој ДМ? Ја барам одамна ама никако да ја начекам. Ако знае некој нека пише, да не лутам по сите ДМ продавници.