Jas go zemav ednas samo, poodamna, na popust nekoj bese, 129den. A vistinskata cena ne znam kolku e tocno sega, no mislam okolu 200,220.Neka kaze nekoj posigurno sto znae. Ubavo mirisa mnogu da, poradi mirisot i jas go kupiv. No kosata mi ja pravese mrsna nekako i zatoa ne posegnav povtorno da go kupam.
Ја прави мрсна,но доколку ставиш помалце таман е. И јас по мирисот го купив, по малце ставам и не ми е мрсна. имам ставено и јас повеќе,демек поубаво ќе е,ама затоа морав пак да ја измијам
Некој спреј или силиконски капки за повеќе сјај на косата? Ми изгледа како безживотна. И цена ако знаете.
Аргановото масло на Балеа, мислам дека е околу 250 мкд. Одамна го користам пред секое миење како замена за регенератор и маска, косата не ми била посјајна и поздрава ... не памтам од кога. Го употребувам и како замена за силиконски капки, кога се фенирам или пеглам. Сосема мала количина ми врши работа. Мене ми е прекрасно, мислам дека ќе го купувам се` додека го има во продажба.
@honey95, @mirandaa а како сте задоволни од делотворноста на кремата, приметивте некое подобрување кај косата? Макар што, да бидам искрена, јас и само поради мирисот би ја земала
Па да ти кажам добра е,ги омекнува врвовите, ми ги правеше свиленкасти. Но некој драстични промени не ни можев да забележам, бидејќи косата не ми е оштетена, само помалку сува во некои периоди. Во секој случај добра е,само не ми се допадна тоа што ми ја мрстеше косата дополнително, иако не ставав количински по многу. А мирисот е одличен.
daj kazete sto da i stavam na kosava posle mienje uzasss e cela razletena i mnogu e hemiski tretirana i ostetena. dajte care nekoe
Дезодорансите од Алверде, сите освен тој со црешов цвет и машкиот се полн погодок. Мирисаш на природа и свежо, порите се отворени, си се потиш најнормално што полесно телото ги исфрла токсините и не се задржуваат во него, што е одлично. Интересен е фактот колку помалку токсини имаш толку помалку мириса потта, додека со обичните антиперспиранти ситуацијата од тие причини се влошува. Имав интересна догодовштина со ова баш вчера, па денес затоа се инспирирав да напишам рецензија. Отидов на вежбање, ама заборавив да си ставам дезодоранс, а веќе стигнав, се истуфкав што да ви кажам, како да е најужасната работа на светов (добро, за мене е), имам аверзија од луѓе што смрдат и не можам да си замислам да се случи тоа. И таква потиштена, уште повеќе се потам, шта да ви причам. Ви се верува дека после вежбањето буквално не мирисав на ништо, освен на омекнувачот од алиштата на мене? Како да сум се испрскала со вода буквално. Исто така забележав дека маиците и блузите од пазуви веќе не ми ја менуваат бојата. Е сега негативна критика за спрејот на Балеа за осветлување. Осветлив што осветлив, ставив 4 пати... ама косата ми стана слама, тоа е чист хидроген, го фрлив. Не знам и што повеќе и очекував?!
Па искрено има подобрување,онака не којзнае колкаво ама ја прави мека и убава. иии мирисот не го губи одма јас пошто сум презадоволна,уште пред да го дотрошам,ќе си купам исто такво
@Annath Еве еден, да не ги редам сите. Има со лимента, нане и црешов цвет кои се женски и еден машки део, тој не знам со што е (ама па и најпогоден ми е да сум искрена, не дека другите нечинат, туку мирисот ме бендисува најмногу). Многу се добри. Го немам она чувство на лепливо испотена во текот на денот, па менува мирис антиперспирантот во зависност од стресот и активностите. Се што барав најдов. Ем се потиш ко човек, ен не смрдиш, туку мирисаш бре на ливада баш. Ептен, ептен, ептеееен препорачувам. Особено па за жените и ризикот од ракови, ептен предобро нешто. На почетокот комбинирав со кристален камен, демек нели за сигурно, после ми се истроши каменот и сега терам и само со нив, воопшто нема потреба од било што друго. И на некого може му е гад, ама јас посреќна не сум била што прв пат се потам како човек и не задржувам гадости во себе. Во рексона сум се крстела, башка кристалниот камен (кој исто така е добар), сега рексона не можам ни да замислам како сум користела толку време. Од друга страна, па ако сакате на оптимум да сте, порано не можев да замислам чај да пијам, а уште помалку чај во лето. Е годинава и тоа го правам, спонтано, кај целулит снемува,па и ми ја нормализира терморегулацијата. Не лепиш бре, не знам како да кажам... се чисти телово.
Ти благодарам. Ги ѕирнав јас на официјалната страна, ама сепак ќе одам во ДМ да видам што имаат. Лично од ролоните сум презадоволна, потиш, ама не мирисаш, што особено го приметувам во периодот пред добивање. Тогаш имам некој карактеристичен мирис на потта, и класичните дезодоранси не ми помагаа, ама овие на Алверде се топ. И нема флеки. И за чајот си во право, во лето ептен е добар, особено зелениот чај. И сега не се чудам што стариве наши во лето пиеја чај, знаеле што е добро.
Јас зелен не смеам да пијам, ама оној на алкалоид за дитокс (за алкохоличари во опоравак бил , мислам мене ми има смисла више...), нане, коприва, магданос и се што е зелено и може да биде чај... Ептен ми е спас летово, по литро, па и повеќе на ден, топол. Во термос до мене и растурам, сите ми се смеат, ама ич не ми е гајле. Не е за на темава, ама што има везе и онака од алверде мирисаш на чај, па тука некаде е.
Дали се добри овие шампони и кој ое за сува и оштетна коса, зашто косата ми е сува барут од пеглања https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.ne...=5a602c5e786dccaff6997487e6312388&oe=5626204D